Почитувани, би ве замолил за помош околу решение за избор на клими за овој мој стан (спрат)
Имено се работи за спрат (втори) од стара кука. Од долу на први спрат се грее само третина од мојата дневна соба и кујната повремено. Над мене има плоча и има подкровје кое е затворено но не е изолирано.
Ставена е ПВС столарија, нема надворешна изолација, сите зидови и надворешни и носечки се од старата проста (полна) тула (25-30 цм). Висината на спратот е 265 цм, а димензиите на собите се дадени на сликата.
Четири члено семејство треба да се грее на спратот, дневната и детската цел ден, спалната само за спиење.
Према распоредот на просториите, мое мислење (а и дилема ми е ) е дека со било каква клима во дневната соба (заради ходникот помегу детската, спалната и WC-то), не би можел адекватно да ги греам ниту детската соба а спалната - па скоро никако .... па најверојатно би морал да одам со 3 клими, во секоја соба по една.
Бидејки се работи за стара кука (патем се работи за Струмица - релативно потопло поднебје) - како што ви ја опишав, сакам да прашам - прво - дали е воопшто возможно да се греам на клими без да догревам, второ дали за детската и спалната кои се по 13-14 квадрати ке мора да се оди со 12-ки клими или 9-ки би биле доволни и трето - избор на клима за дневната - дали треба да се оди со 18-ка клима или 12-ка би била доволна ???
Ова сакав да го решавам на почеток на зимата, па прашувајки разни идеи и решенија, од мулти сплит со 3 единици (прескапо), до мокна 24-ка која ке го греела цел спрат и сл. повеке конфузија ми створија, па го одложив решението за оваа година. Затоа со внимание би ги сослушал вашите идеи и сугестии пред да донесам било каква одлука... На крај околу буџетот - јасно ми е дека секое решение мора да има и своја цена, не би ставил Daikin, ако и пример Gree, Haier или слично го решава проблемот ....