Предлог sci-fi серии од мене:
1.
The Mandalorian - совршенство. Нема да трошам многу зборови за да го фалам пошто верувам мои зборови не му се потребни на шоуво за да останатите ја видат големината. Серијава сериозно ја прави нејасна границата помеѓу филм и тв серија. Се ми се свиѓаше, буквално се. Да почнеме од production design, костими, глума, кинематографија, cgi, приказни, музика, видео едитинг, стрип аутрото беше перверзии, па се до Џина Карано. Со проста реченица на шоуво се радував ко дете кое пека по лего коцки и ти му купуваш цела макета со милион куќички, колички и фигурички. Дефинитвно најдобро нешто што имам гледано од Star Wars универзумот. 10 од 10
2.
Snowpiercer - во моментов оди втора сезона, баш вчера се емитуваше втора епизода. Штета што не е на Нетфликс за да може да се бинџа (на ATM е). Моја препорака, глејте го
филмот од 2013 та прво, режисер е Бонг Џун Хо инаку режисерот на Parasite, а во тв шоуво мислам дека е извршен продуцент. И филмот и шоуто се базираат на француски стрип од 1982 год. Le transperceneige
Стрипот го немам читано, но од она што сум читал по рецензии изгледа и шоуто и филмот доста застрануваат од оригиналната приказна, со тоа што шоуто е можеби поблиску до оригиналот. Јас сум голем фан на филмот и првичната реакција ми беше со кој памет серија за ова ќе прават, од кај ќе најдат толку материјал за дејствие кое се случува исклучиво на воз да го претворат во серија. Но очигледно згрешив. Иако и филмот и серијата генерално ги носи истата главна идеја за социјална и класна нееднаквост, би рекол дека доста се различни помеѓу себе. Филмот нуди повеќе ролеркостер вожња, настаните се случуваат брзо, се е доста посурово, покрваво и пошокантно. Исто и целиот продукциски дизајн и дизајнот на сетовите, како и кинматографијата од филмот ми се допаѓаат повеќе. Но серијата си има свои адути, почнува на еден невообичаено познат, но за мене доста интересн начин, што како вовед е супер се додека не навлезеш некаде до средината на прва сезона. Целово шоу како се одвива почнува да отсликува еден вид на социолошки експеримент или инжињеринг и друга серија на која најмногу ме потсеќа е Лост. Не во смисол на мистериите, туку како луѓето почнуваат да се однесуваат помеѓу себе и да градат кланови и заедници за да можат да се борат за превласт, хинт the others од лост. Други адути се Џенифер Конели и Шон Бин. Капа доле за Џенифер Конели, покрај тоа што е една од најубавите жени на свои 50 тина години, со глумата покажува дека е ѕвездата на шоуто. Сцената со Шон Бин, облечен у бунда, со бастун, а надвор само снег и температура од -100 степена неодоливо потсети на сцената со winter is coming од GOT, верувам на тоа и целеле.
Шоуво има зачудувачки низок рејтинг на имдб, околу 6.8, и по сите критериуми е потценето. За ваква серија да дадеш помалку од 7 се иде на лекар за да ти проверат сетила. И верувам дека повеќето од ниските оцени се дадени затоа што шоуво спаѓа или е дел од таканаречената woke култура. Алфа мажјакот не е Капетан Америка, туку е Афроамериканец со големи dreadlocks, кој капак на се се впушта и во сексуални интеркурси со повеќе од една белкиња. Така да верувам на доста луѓе тоа им било доволно за да го серат шоуто, има и лезбејки ко шлаг на торта.
Вреди да му се даде шанса и по мене има голем потенцијал. 8.5 - 9 од 10
3.
Love, Dеath & Robots - опис со еден збор - бизарно. Доста истрипано и артистичко како целина, но вредноста му е визуелна уметност во вистинска смисла на зборот. Нуди доста експлицитни сцени поврзани со голотија и насилство. Дури вториот главен збор кој што би го употребил би бил gory со многу крв и отсекување на делови од тела. Доколку sci-fi жанрот беше порно жанр тогаш шоуво ќе спаѓаше во некој покинки и пофетиш поджанр како на пример бдсм. Шоуто има една сезона и е на нетфликс, мислам дека во март годинава излегува втора сезона. Сезоната се состои од 18 независни анимирани приказни, секоја епизода трае во просек од 10 до 15 минути и како што кажав содржината знае да биде вознемирувачка. Одредени епизоди се вистински кратки sci-fi хорор филмови, други епизоди имаат апсурдни приказни кои се отворени за толкување од гледачот, трети се веќе видени приказни со тоа што анимацијата е главниот херој од целото дело. И кога би го препорачувал на некој би го препорачал пред се на сите љубители на визуелна уметност, анимации, цртање, стрипови итн. Ова на нив би им дошло ко еден вид на перверзија. Топ 3 омилени епизоди од прва сезона:
1. Beyond the Aquila Rift
2. The Witness
3. Ice Age / Zima Blue
7.5 од 10
Овие наредниве две не се за препорака ама пошто се зафатив и со нив ќе ги спомнам
4.
Lost in Space - визуелно изгледа многу добро, концептите на приказната се сосема солидни, но дијалозите помеѓу ликовите се ко да ги пишувал некој полуидиот. Репликите се ала оние од тинејџ шоуа Хана Монтана и слично. Ја прекинав после 4 ри епизоди. 4 од 10
5.
The Expanse - за серијава знам дека прочитав во не мал број на критики дека е едно најдобрите sci-fi искуства кое можете да ги доживеете, има доста висока оцена и постојано фрштат 8 ци, 9 тки и 10 ки на имдб. Ја ко љубител на жанрот кој го конзумира жанрот во било каква форма не видов ништо од тоа, туку мислам дека го имав најдосадното и најспорото филм и тв искуство во мојата скромна гледачка кариера. Ја инаку имам проблем со несоница и шоуво успеа да ме успие на втора епизода и покрај тоа што го гледав со скокање. До таму и останав, односно на 2 епизоди, па ради тоа и 2 од 10.