Си купив книга

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Не пишав ништо, зашто во меѓувреме, откако ги купив книгите имав инцидент со лаптопот, а ме мрзеше да пишувам од телефон - поминав во сите тие куќичките покрај кеј, кои продаваат книги на старо. Од таму ја зедов Тело. 200 денари. Да, знам, многу е и тоа, но морав да излезам со барем нешто од таму. Типот од кај што ја купив не да ја претера... Ја имаше Игра со стаклени монистра, го прашувам колку е, ми вика 600, таа на Табернакул е, тие држат цена, сепак не постојат веќе. Викам како 600 кога во Табернакул беше 550? Вика, а, добро тогаш, 500! Ццццц. После Блага била скапа! Нормално, не го зедов Хесе, ни ништо друго од кај него, иако одбрав 5-6 книги, зашто навистина ме изнервира. И никогаш веќе нема да стапнам кај нив, па нека им е со среќа (не)продавањето!

А, да, Одисеја од Магор, со меки корици, што во Магор е 300, он ја продава 800! :facepalm:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Бабичката од ракав става цени, прошли пат од 350 ми ги даде за 200 затоа што сум и бил редовен! Проблемот е во тоа што не се грижи за книгите и речиси сите и се во лоша состојба, за разлика од кај дечкото кој ги чува речиси како нови! Плус може и да си нарачаш книга, она ми најде неколку и ми ги даде за 200-300! :D

Исто и на плоштад се изгор скапи книгите.

Во Охрид имаше еден дечко што продаваше книги за мали пари на плажа. It си ја земав за 250-300 како нова! И таму тезгите се соленки.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.354
Поени од реакции
4.857
Истава едиција се продава во Академска книга по 170 денари редовна цена, без разлика дали е книга од 200 страници или 800. :D
Book Depository не ми се веќе број еден моментално. 8 евра мислам дека ме кошташе.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Прегледај го приврзокот 284061
Book Depository ми се број еден моментално. 8 евра мислам дека ме кошташе.
Истава едиција се продава во Академска книга по 170 денари редовна цена, без разлика дали е книга од 200 страници или 800. :D
Точно. На Саем дури и поевтини се, 120 денари, било која!
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
На Саем ќе фатам корона.
Саемот е на отворено.

Едицијата на Академска е 169 ден (истата од која си ја купил книгата), плус едно време даваа и картичка со 20% попуст и картичка за гратис кафе при наредно пазарење. Во таа едиција имаш и две книги во една (Дојл, Керол, Лондон или Верн). Разгледај.

Колинс класиците од Икона се 199 ден, црно-белите. Поубаво изгледаат, ама фондот е ситен.

За новиве 6 книги од Агата. Ако треба ќе ги чекам неколку години, не им давам 3.800 за сите (10 се најавени дека ќе излезат). 380 ден е премногу за веќе преведени книги, книги кои ги има на српски за 1/3 од таа цена и книги кои ги има на нет џабе! 200-250 макс треба да се тие книги.
За наш стандард тоа е премногу! Ама убаво изгледаат! :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom