Бандера од ЕВН на сред влез во двор и нејзина дислокација

Член од
16 декември 2012
Мислења
2.743
Поени од реакции
7.257
Знам дека човек ги оспори бидејќи далноводот беше трасиран баш над негова викендица. Ги натера (уште во време на изградба) да го повлечат 20-30 метри подалеку.
Сега знаеш уште еден. И мене ми успеа тоа
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.743
Ако се брзаат нема натегање. Ти издаваат решение на кое имаш право на жалба, но жалбата не го запира извршувањето. Можеш потоа да се натегаш околу обештетувањето.
Знам, од лично искуство. Еднаш се жалиш, они си работаат.
Ораници што мора да ангажираш приватно багер да ти ја донесе парцелата у првобитна состојба. И тоа ти плаќаат оштета за земјиштето под далноводот, колку беше околу 20м2 кои ти ги купуваат и демек за користење 2 метра широк пат за да минуваат машини. Нема веза што тој пат ти минува низ средина на парцелата и година дена не можеш да ја користиш.
Автоматски споено мислење:

Само кај нас далновод минува над дом. Тоа е небезбедно и опасно по здравје. Дали можеби ЕВН тоа и во Австрија го прави? Некој, во претходните коментари праша дали е опасно да имаш трафостаница во дворот. Секако, има опасност од пожар, од зрачење, влијае на нервниот систем со бучењето.
Да се вратиме на темата, да сте вие, ако не сте дале согласност да ви проаѓа струја над глава, дали би се помириле со вишите интереси и цели на ЕВН?
Слабо си се испазарил, припадник на одредена група на граѓани од Џепчиште жиците од далноводот му се на метар и пол над кровот и он се договорил за тоа што ги пуштил да не плаќа струја никад.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.743
Поени од реакции
7.257
Знам, од лично искуство. Еднаш се жалиш, они си работаат.
Ораници што мора да ангажираш приватно багер да ти ја донесе парцелата у првобитна состојба. И тоа ти плаќаат оштета за земјиштето под далноводот, колку беше околу 20м2 кои ти ги купуваат и демек за користење 2 метра широк пат за да минуваат машини. Нема веза што тој пат ти минува низ средина на парцелата и година дена не можеш да ја користиш.
Автоматски споено мислење:


Слабо си се испазарил, припадник на одредена група на граѓани од Џепчиште жиците од далноводот му се на метар и пол над кровот и он се договорил за тоа што ги пуштил да не плаќа струја никад.
Најверојатно сум згрешил
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.327
Поени од реакции
16.490
Слабо си се испазарил, припадник на одредена група на граѓани од Џепчиште жиците од далноводот му се на метар и пол над кровот и он се договорил за тоа што ги пуштил да не плаќа струја никад.
не му дале ништо посебно, ако се толку блиску жиците тој може и бежично да добива струја, уште Тесла праеше експерименти за бежичен пренос на енергија :cool:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Слабо си се испазарил, припадник на одредена група на граѓани од Џепчиште жиците од далноводот му се на метар и пол над кровот и он се договорил за тоа што ги пуштил да не плаќа струја никад.
Кај и да и шампон за коса ќе заштеди.. Ќе му падне кај и да е...
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.177
Поени од реакции
3.426
Има право како да не.

Тој судија кој дава такво решение, треба да се затвори под итно. Курот мој ќе дал такво решение ако се работело за свој имот.

Во Кина го нема ова, нема врска дали се работи за 50к жители или милион, приватен имот е приватен имот и тоа не се дискутира понатака, тоа е свето нешто.

ЕВН е ПРИВАТНА ФИРМА, и нема тука повисоко добро, бидејќи ако одиме по оваа логика, јас можам како приватна фирма, да одам и да барам од судот да ми даде решение со која би градел ЈАВНА КУЈНА на туѓ приватен имот, сигурно и ова може многу лесно да се протолкува како "повисоко добро" од правници.

пс. Со ЕВН правно неможете да терате бидејќи тоа е мафија, ги имаат сите под контрола, од судии па до медиумии.
Законот вика се што е јавен интерес мора да се даде да помине низ твој имот, вода, струја, канализација, гасовод, пат... сакал некел ќе поминува низ твој имот, ако така зацртале во проектот.

треба да му дадат повисока понуда а не да се вадат за некакво општо добро.
Не знам кој врши процена, но не може некој да бара нереална цена.
Процена за експропријација се врши вака (имав прилика во скоро време да видам како и што е затоа знам),
Тој што сака да прави нешто од јавен интерес, поднесува предлог за експропријација до УИПР, дури и 1цм да ти зима мора да поднесе предлог, потоа таму има дадено понуда сметајки од просечната цена на продадени недвижнини во последната година,
пример се продале 3 ниви, една 20 денари за квадрат, друга 30 денари, трета 40 денари, просекот е 30 денри и тоа ќе ти биде цената која ќе ти ја предложат, ако не се скогласуваш, можеш да се жалиш, ама тоа нема да ја сопре експропријацијата, ако случајно по неколку години судење извадиш нешто повеќе ќе ти доплатат, ако не ќе ти остане тоа што е,
и уште нешто, ако случајно во тоа село не се продало ништо претходната година, се зима просекот од соседното место каде се продало нешто,
на катастарот имате мапа на продажби, првенствено беше наменето за купувачите да ја знаат реалната цена на недвижностите во некој регион, ама со тоа што продавачите/купувачите сакаат да платат помал данок (а сега и плус трошоци за вредност над 5000е), обично пишуваат помала вредност од таа што ја плакаат и со тоа просекот обично е помал.

Делот од патот што ќе минува низ моја парцела, останува да биде мој. Рекоа дека само ак осе асфалтира некогаш, тогаш ќе прават експропријација. Јас можам да поставам огради, на пример (пасиште се води делот до шумата каде ќе е патот). Општината ќе помине со механизација да го израмни, ќе ги исече дрвцата што израснале на тој дел каде ќе е пат, ама тие (дрвцата) остануваат во моја сопственост да си ги земам. :)
Оваа ти е пат на црно, градоначалниот ќе се фали еве направивме пат, доколку се прави легално чини многу, треба проект, потоа да обезбеди стедства за проектот,
колку пати имам видено како додека прават некој поголем локален или регионален пат, изгребаниот асвалт да го однесат на некој мали локални улички,
така е и кај тебе, брзо, лесно, бесплатно (иако е платено на друго место) и што е најважно носи гласови.
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.440
Поени од реакции
3.698
Законот вика се што е јавен интерес мора да се даде да помине низ твој имот, вода, струја, канализација, гасовод, пат... сакал некел ќе поминува низ твој имот, ако така зацртале во проектот.
Каков народ, такви закони.

Член 30, од устав е најконтракдиторен според мое мислење.

"Се гарантира правото на сопственост и правото на наследување. Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата. Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон. Во случај на експропријација на сопственоста или во случај на ограничување на сопственоста се гарантира праведен надомест кој не може да биде понизок од пазарната вредност. "

Прво пишува, никому не можат да му бидат одземени правата на сопственост бла бла, за да одма после тоа да има едно големо ОСВЕН.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Прво пишува, никому не можат да му бидат одземени правата на сопственост бла бла, за да одма после тоа да има едно големо ОСВЕН.
Па нема да го личи поинаку да пишат, на пример прво да стои: кога се работи за јавен интерес, твојот имот не е твој, ама ако не се работи за јавен интерес ... :)
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Каков народ, такви закони.

Член 30, од устав е најконтракдиторен според мое мислење.

"Се гарантира правото на сопственост и правото на наследување. Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата. Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон. Во случај на експропријација на сопственоста или во случај на ограничување на сопственоста се гарантира праведен надомест кој не може да биде понизок од пазарната вредност. "

Прво пишува, никому не можат да му бидат одземени правата на сопственост бла бла, за да одма после тоа да има едно големо ОСВЕН.
Нема тука ништо контрадикторно. Чист и потполно јасно прецизиран член од уставот. Имотот е твој освен кога се работи за јавен интерес. Во законот прецизно е наведено што претставува јавен интерес.
Не може некој да го стопира далноводот, па да се бара друга траса. Далноводот ќе се изведува по најкратката (и најефтина) траса. Патот ќе се гради по најдобрата траса (во планинските предели најчесто покрај реките). Фабрика може да се изгради 10, 100, 1000 метри подалеку, не мора да е баш на таа локација. Тука можам да стопирам, да легнувам пред машини, подоцна да ги натерам да ја срушат (во Македонија не важи ова).
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
882
Поени од реакции
923
Има некој правилник на колку метри мора да биде одалечена трафостаница од местото на живеење? До мојата викендица се градат неколку викендици и гледам дека направиле платформа за трафо буквално на 5м од мојата куќа.
Ние летно време престојуваме во таа куќа.
 
Член од
9 февруари 2023
Мислења
2
Поени од реакции
1
Во пракса, така лесно и брзо не доаѓаат. Одолговлекуваат. Имаат повеќе правни служби и не им е проблем да ги праќаат, за да закочат.
Има нешто друго, пред човек да се одлучи на судење. Да се поднесе барање во Министерството за економија, откако ЕВН ќе одбие да ја дислоцира бандерата. Тие се должни во кус рок да одговорат и, ако е сѐ во ред, да им наложат. Така барем, беше порано.
Меѓутоа, ако бандерата сама падне, никој не може на сила повторно да ја постави на мој имот
Ve zamoluvam da mi objasnite podetalno nie go imame istit problem, voedno bez baranje na faktura Evn izgotvile plus i faktura od 560e vo rok od 30dena ako ne sme platele kje se smetalo kako ponisteno baranje za dislokacija voedno se drzat i do nekoj zakoni iritiracki, bez dozvola pred 10g si vlegle vo dvor i pokraj postoeckata bandera postavile potporna zatoa sto bila zakosena 2016g imav zalba ne odbija, sega pak so niviot iritiracki zakon za prenos na elek. energ. a banderite vo dvor kaj nas, povtorno reagiravme za dislokacija no sega vo plikoto i faktura ni stavile ve molam za sovet, prilozuvam i slika,
Sto da navedam vo baranjeto Miniterstvo za ekonomija. Nie sme od Veles dali kje mora vo Skopje ili moze vo podracnata kancelarija vo maticniot grad
 

Attachments

Член од
12 март 2009
Мислења
20.327
Поени од реакции
16.490
ако се дрвени тие бандери, само да се донесат Термити :icon_mrgr: од Занзибар и решен проблем
Шега на страна, имавме на место од 1800м2 во Истра не бандера туку високонапонски столб.... го продадовме земјиштето пред 24години релативно ефтино, а по 5-6 години самата дистрибуција ја смени трасата...
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Ve zamoluvam da mi objasnite podetalno nie go imame istit problem, voedno bez baranje na faktura Evn izgotvile plus i faktura od 560e vo rok od 30dena ako ne sme platele kje se smetalo kako ponisteno baranje za dislokacija voedno se drzat i do nekoj zakoni iritiracki, bez dozvola pred 10g si vlegle vo dvor i pokraj postoeckata bandera postavile potporna zatoa sto bila zakosena 2016g imav zalba ne odbija, sega pak so niviot iritiracki zakon za prenos na elek. energ. a banderite vo dvor kaj nas, povtorno reagiravme za dislokacija no sega vo plikoto i faktura ni stavile ve molam za sovet, prilozuvam i slika,
Sto da navedam vo baranjeto Miniterstvo za ekonomija. Nie sme od Veles dali kje mora vo Skopje ili moze vo podracnata kancelarija vo maticniot grad
Јас колку што читам во делот што си го заокружил се вели дека барањето ти е застарено. Значи те одбиваат. Велат ако најдеш друга локација за бандерата, ќе дојдат екипи на увид, и ако е во ред новата локација ќе ја преместат бандерата, а ти да си го платиш трошокот за преместување на постоечката. Не знам што не е јасно?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.285
Поени од реакции
15.426
So ubeduvanje i po sudovi nemožiš da izdejstvuvaš pomestuvanje na bandera....

...mnogu teško odi toa
 

Kajgana Shop

На врв Bottom