Psyside
Nocturnal
- Член од
- 30 јануари 2009
- Мислења
- 18.720
- Поени од реакции
- 18.472
Пак истите работи? па нели пред 2-3 страни ова го адресиравме? кога не знаеш што е вистина, се раководиш по наука, а кај неа кога се работи за конзензус работите се прилично јасни. Јади доволно, вежбај правилно, околу 100-150г протеин, (како за тебе) правилен одмор како што кажа @Gjoroski и тоа е тоа. ПОЧНИ да вежбаш и со тек на време ќе научиш одредни трикови кои ќе ти помогнат да постигнеш подобар резултат. На пример. Од мое искуство, многу подобро се вежба ако на сред вежбање земеш мала ужина, пример 2-3 урми, или смокви, враќаат одма и можеш подолго и поинтензивно да вежбаш, ова случајно го приметив пред 4-5 години и од тогаш секогаш сум го практикувал. Се преферираат урми или смокви затоа што профилот на сооднос помеѓу глукоза и фруктоза им е доста сличен, додека другото овошје е повеќе на фруктоза, глукозата е поефикасно искористлива од телото, кога ќе размислам подобро и варен компир би бил одличен (сем ако не си џим бро па да си на кето lmao)Неконструктивни дискусии низ неколку страни.
.....
Нели реков „ослонување врз ничија теорија„ - тестирај, следи и имплементирај самиот што тебе ти одовара најмногу, кој начин ти носи најдобри резултати, кој те стагнира а кој девалвира.
Отпосле следеа коментари од типот „нема да следиш теории, ќе следиш факти„.
Па тука сте тројца и сите тројца со различни ставови и факти, а јас (или било кој друг) како нова риба во водиве, во кој правец? Чии теории и факти?
Значи буквално секаде е истото, сите приложуваат некакви „факти„ и стражувања кои покажуваат кон некаков „факт„ кој докажува нешто спротивно од некој друг факт.
Пр - неодамна гледав двајца професори кои и двајцата со нивни засебни „факти„ зборуваа за консумирањето на јајца. Едниот тврдеше дека се штетни, со некои негови истражувања, а другиот па сосем спротивното.
Сеа стек, брокула или комбинирано?
Колку оброци на ден, 3, 6 или само еден?
Колку дена во неделата одмор (за маса)?
Кои групи на мускули е најдобро да се комбинираат?
Нема едноставен straightforward одговор, нели?
Што се однесува да следење на сопствено искуство, да секако, но тоа треба да биде во рамки на општо прифатени научно докажани методолгии претежно, затоа што ако не може некој со посебни потреби да дојде и да тврди дека xx работи за него, и ти ќе треба да му веруваш без разлика што тоа се коси со секоја логика, знаејќи дека е битно да си логички конзистентен, во таков случај ќе треба да признаеш дека неговиот метод работи иако би се работело за тотална глупост. Затоа помалце драми, и глумење дека ова е квантна физика, а повеќе потење, тоа е тоа.
На времето имаше еден билдер од кај мене од населба, беше грамада левел на мрсен профи билдер, секој ден јадеше леб и ајвар, месо не пробал, нити јајца, нити млеко....1 у месец имаа асален оброк како за вежбање, а беше монструм, затоа помалце фокус на таканаречен ОПТИМАЛЕН внес на протеин, и макронутриенти, а попаметно и поефикасно вежбање и одмор.
Последно уредено: