Постои еден едноставен начин да се заштитите од тоа вашите фотографии да бидат злоупотребени. Не правете такви фотографии, а ако веќе направите не ги испраќајте никому. Толку е просто. Демек ќе ви страда сексуалниот живот ако не испратите такви фотографии? Да се чуди човек како луѓето воопшто имале секс пред мобилните телефони, и како врстата преживеала.
Исто и за фотографиите по бикини од плажа. Ајде чисто да размислиме, која е потребата од ставање такви фотографии на социјалните мрежи? Сакате луѓето да размислуваат за вас како за парче месо, како материјал за мастурбација? Ако не сакате, не ставајте такви фотографии, ако да, не знам за што се буните.
Јасно беше и пред интернетот дека 95% од луѓето се стока за приплод, на која единствена опсесија и амбиција им е да најдат дупка или нешто за ставање во дупката, ама сепак е фасцинантно кога сето тоа излезе на виделина.