Скиентологијата, не е ни еквивалент на џедизмот. Надвор од матните води на мочуриштето, нејзните најекспонирани членови, не само што ги игнорираат прашањата поврзани со црквата, макар и најпростите како “Дали има Бог во скиентологијата?“, туку кога ќе одговорат на некое прашање одма влегуваат во некоја недоумица, некоја контрадикција, дури и говорот на тело не им зрачи со самоувереност. Ако си вистински и посветен верник, словото ќе го шириш при секоја можна и дадена шанса. Започнувајќи од Кирсти Али, кон Том Круз, па и нивниот врховен лидер Дејвид Мискавиџ кој последното телевизиско интервју, односно последен пат кога седнал да одговара на новинарски прашања, се случило пред повеќе од 30 години каде доживеа тотален дебакл. Не и ни чудно тоа што оттогаш ги игнорира новинарските прашања кои можат да го поткопаат неговиот статус.
Се загледав во ова делуминчо (ја има само половина од епизодата) новинарско истражување за исчезнувањето на неговата сопруга, Шели Мискавиџ, која се води како исчезната од 2007 година и каде и неговиот татко, Рон Мискавиџ, го обвинува за суровост, тортура, како физичка така и психичка, а на површина испливува и дел од калта, како нивните затвори за преобразба и нивното империјалистичко богатство, кое го таложат затоа што се регистириани како регилија, кое денес се вреднува меѓу 1,5 и 2 милијарди долари. Оваа црква, меѓу другото, е регистирирана и кај нас.
Дури и кога ќе ја напуштиш неговата црква, не излегуваш од сенката на Дејвид, соочен си со критики, навреди, деградирање, клевети, закани и тужби.