Дијанетика и Скиентологија

  • Креатор на темата Креатор на темата Limonida
  • Време на започнување Време на започнување
ima edna stvar u skientologija/daenetika toa reaktiven um se misli na opsta volja a stoperi se misli na reakciite na reaktivniot um sto kaj Krouli e ona sto ne e tvoja volja a kaj Sopenhauer ona sto e opsta volja, znaci isti kurac praxa e bitna bez praxa nisto!!!!!
 
ima edna stvar u skientologija/daenetika toa reaktiven um se misli na opsta volja a stoperi se misli na reakciite na reaktivniot um sto kaj Krouli e ona sto ne e tvoja volja a kaj Sopenhauer ona sto e opsta volja, znaci isti kurac praxa e bitna bez praxa nisto!!!!!
Такви апофении може од се' да се извлечат. Јин е спротивно на Јанг, кога е Јанг не е Јин, за Фројд тоа е потсвеста за христијанството Сатаната итн.... Конкретно концептот за реактивниот ум е најблизок до концептот за потсвест на Фројд, со малце механизирање на истата во одредени принципи на кои се покорува. Тоа не е ни малку чудно со оглед на тоа дека Хабард го имал Фројд како учител според некои извори на информација.
 
Колку што сум информиран црквата одбива било каква поврзаност на Хабард со ОТО.
Знам дека имал контакт со нив и го проучувал нивното верување, но колку како и дали практикувал нивни ритуали останува анегдотално. Скиентологијата нема некои ритуали кои се карактеристични за ОТО колку што сум информиран, ако имаш конкретни примери за практикување на секс магика во Скиентологијата, пиши...

http://en.wikipedia.org/wiki/Babalon_Working
Овде специфично не бил вмешан во ритуалите.
 
Верувам дека повеќето од вас имаат слушнато за скиентологијата и за нејзиниот подем . Дали некој знае да има некои предавања за скиентологијата во Македонија и дали ја има воопшто
 
Според ова, кај нас нема регистрирано такво нешто. Ама не верувам да нема приврзаници, зашто во Македонија вирее сешто.
 
Постои Хабардов центар за Дијанетика и Скиентологија во Скопје и во Битола каде се одржуваат курсеви и предавања за Скиентологијата .
 
Ја прочитав цела тема очите ми паднаа. Tonchie; ти немаш фаца за ова :)
Секта која функционира како пирамида. Браво за сите кои пишувале на темава, вреди да се прочита.
 
Eдино добро у ова срањево наречено сциентологија е музиката која иде у нивните рекламни видеа.
 
Скиентологијата не е лоша наука, и не е направено за лошото на луѓето, баш напротив.
У принцип се што кажуваат таму се сведува на едното исто а тоа е ВИСТИНАТА, исто како што говорат религиите итн.
Само тука заебанцијата е што има многу терминолошки манипулации, ако можам така да се изразам...
Играта на еволуцијата на Скиентологијата е играта на зборовите, затоа веќе и се класифицира како СЕКТА..
Затоа секој нормален човек, со нормални проблеми кои му ги носи животот не би требало да ја проучува оваа наука, затоа што од старт ќе отиде у курац.
Тие термини кој што ги употребуваат, мора кристално јасно да бидат јасно за да може подоцна да бидат споменати во практика.
Јас имам читано само вовед во Скиентологија и тоа неколку пати, плус и некои други работи .. и го сфатив ова што сега го пишувам.
Апсурдно е да човекот го сфати УМОТ , и како тоа постојат три ВИДА НА УМ, а тоа се: Аналитичен, Соматичен и Реактивен. ; Тие '' умови '' постојат, но во други сегменти на други науки имаат други терминологии и дефиниции, така да се поклопува таа теорија во однос на умот и на многу други работи, но сепак сметам дека би било погрешно некој кој што живее просечен живот да си дозволи да навлезе во ова многу и да има амбиции да стане / КЛИЕР / , ако така се викаше тоа. ( иако не постои нешто како грешка )
Тие процеси кои што би можеле да се процесираат да се унапредите 100% , т.е да бидете 15 степен на тетан, или еднакво со 8 динамик или Господ.
За сите тие ствари се потребни мислам околу 500.000 евра... Не сум сигурен колку пари што како само знам дека има ебено многу работи во оваа област, и интересно е да се проучи делумно, но не и да се навлезе потполно затоа што нема некоја посебна полза.. доволно е да правиш добро во опшеството и да ја знаеш вистината, ама исто така е многу добро да си сочуваш просечно интелектуално ниво за да можеш да се разбереш со обичните смртници... иако интелектуалното ниво би ти било многу пати поголемо од останатите луѓе, важно е да бидеш на слична фрекфренција со соговорникот за да може да има простор за интеракција. Адиос! :)
 
Еве ја најновота серија за Скиентологијата хоститрана од Лија Ремни. Ги изгледав првите три епизоди и дефинитивно скиентологијата е заебан култ. Велам култ затоа го има истиот принцип на работа. Интересно за разлика од други култови стратегијата да вовлечат славни личности во скиентологоијата им пукна во лице сега. За 30 000 тина членови се прават серии за тоа колку е лош овај култ и имаат голема популарност, заради тоа што на славните личности им станало доста.

Скиентологиајата е Култ во изумирање и набрзо ќе имплодира. Се надевам дека и тие 30 тина илјади ќе бидат ослободени од овој уништувачки култ.

Кој сака да гледа бујрум.

http://putlockers.ch/watch-leah-rem...e-aftermath-tvshow-online-free-putlocker.html
 
Случајно сега пред спиење го начекав Жарко Костиќ на 24 и ми текна да пишам.

Дајте да направиме список/листа на секташиве и организациите кои се под нивна закрила, како еден вид на blacklist. Иако, ваљда се во слободен пад кај нас последниве години , можда ќе спаси листата некого.
 
Ако ги анализираш луѓето кои навлегле во светот на скиентологијата ќе сватиш една многу основна работа на која се темели овој ментален пристап. Истакнување на "Активниот ум" и поттиснување/занемарување на "реактивниот ум". Само погледнете во што се претвара еден ум со користење на оваа ментална гимнастика. "Летање во облаци" или нашки кажано забегување. Меѓутоа огромна грешка е да се занемари "реактивниот ум" затоа што тој не штити во огромен број ситуации иако знае да ни стои некогаш на патот да се реализираме себеси и да направиме некаков прогрес во животот.
Генерално би можеле да ја опишеме скиентологијата со следнава техника: ако ти текне на нешто што ти буди лоши чуства и немир, штипни се секојпат за раката. После некое време мозокот нема да сака да ги допира тие мисли затоа што ќе знае дека следува болка. После некое време ќе го "испереш" мозокот и ќе живееш во "розевиот" свет потиснувајќи го стравот и негативните чуства кои доаѓаат од "реактивниот ум".

Ако претераш со сето ова можеби ќе се движиш накај отворен прозор некогаш без да ти текне дека можеш да паднеш и да се утепаш (употреба на реактивниот ум).

За мене исто така типичен пример за човек кој ги применува овие техники се денешниве политичари кои секогаш кога зборуваат кажуваат како се цути се е розево, дека се победници (занемарувајќи ги фактите)..едноставно живеат во некој розев свет кој не е реален, исто игнорирајќи ја публиката на која зборуваат.

На сите што сакаат да почнат со курсеви по скиентологија им препорачувам да си ги чуваат парите. Да започнат со медитација, која многу повеќе ќе им помогне за менталното здравје. Поздрав.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom