Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Dear K,

Помина успшено damage control-ата, продужуваме даље.
Под "ние" мислам јас и инр ми. И сите демончиња меѓу мене и неа.

Имаме фокус "Факс"(х2), "Работа", "Соушалс", "Здраво тело...", "Јазик за повторување/потсетување", "Јазик за доучување", "Јазик + за учење" итн.
Уз милион пропратни хирови за шетање, надоградување и пробување нови ствари.

Нешто налик моите нотеси. Плановите се само за неколку дена и после само празни страници, јер "Лајф хепанс." А тие се превише одеднаш.
Страшен пример за контрол фрик вон пропорции.

"Денес се' што треба да направам кога станам е да се облечам и да излезам да трчам."
 
Колку ми се повраќа што повторно сме најмизерија од народ, насекаде протести само кај нас нема ништо, се казнува се што мрда, најлоша влада и владеење во универзумот и никој не реагира а као никогаш млади луѓе надвор по улиците последниве денови. Само да не станам еден ден како останата маса, па дури не би жалел и животот да ми заврши одма во истиот момент. Во сето ова срање околу нас, само една добра работа ми се случи/случува но далеку е од готова, ништо повеќе не сакам во животот само ова да заврши како што почнало. Толку ми е страв дека нема на крај да излезе ништо, што ми е страв и да напишам за ова нешто повеќе.
 
Unpopular opinion - доколку праќаш nudes на рандом/полурандом типци, голема шанса е да некој од тие не ја почитува приватноста. Со испраќање nudes го преземаш ризикот дека таа слика може да биде злоупотребена. Машките праќаат непосакувани дикпикс, ама, веројатно се толку грди што не можат да бидат искористени против нив. А, знам дека девојки праќаат такви слики и на нетолку блиски особи.
 
Убавините кои ги има Македонија, немаат крај!
Водопадиве ги открија другари пред година време, а јас денес бев прв пат.
Влегов и во вода, ама само до колена, не носев крпа и други алишта, здравје нареден пат комплет :icon_lol:
IMG_20210204_172841_982.jpg
 
Драга

Девојчево на кое сум и симпатија, ми праќа слика од 22 книги за матура и ми се жали дека читала 2-3, а тоа ти се класици на светската книжевност и нешто што треба секој да ги знае што се случува. ШТо да кажеме ние што читавме по 500 страни, за на крај еден глуп расказ да ти даде оценка повеќе.

Него кога ке се сетам по македонскиот ми предаваше една професорка што ме мразеше и првите две години ми беше класна. Од тројка повеќе никогаш ми нема дадено, а редовно и ги читав книгите, маме ли и...
 
Денеска интересен ден.......станав сабајле, отидов на работа....работев богами добро....истовремено исповртев некои телефони во Србија....добив позитивни информации од таму.
Ми заврши работното време, го дополнив резерварот, дојдов дома да си го земам пасошот, во кола и правац за Врање.....еве го кај е 100км во правец.
......Врање....прв пат одам таму, не сум имал потреба до сега.
Кога сопствената држава не се грижи за здравјето на своите граѓани.....чарето мора да го бараме надвор.
Сега само што легнав во кревет, пред два саати се вратив во Скопје.
Купив Српски при-пејд броеви за мене и тие што ми се под кров.....се видов со човекот од центарот за имунизација (пријател на мој колега).....вели се ќе биде во ред, не си ни прв ни последен од Македонија....поднеси барање за вакцинација....ќе изгураме работа.
Што беше најинтересно.....без да бара/очекува било каков возврат....му велам ќе те почастам кога ќе бидне работата.....категорично ми вели не доаѓа у предвид.....ми смо наши!

Инаку во Врање народот е кул (опуштен)....голем број се веќе вакцинирани и се опуштени, слободни, маски носат ептен-ептен ретко, во затворен простор само ради закон и тоа спуштени на пола уста.....дури и чудно ми беше. Се чуствував како да сум во паралелен свет.
Српските граничари не носат маски повеќе.....вработените на патарини во Србија исто не носат маски.....колку убаво за очи.
Животот им се враќа во нормала.....се гледа и се чуствува тоа.
Јбг....се вратив назад во Македонија, ги наредив СИМ картиците во телефони.....утре да пуштам пријавите и нека биде се како што треба....успешно до крај....дај боже.
 
Драга,
У име на ТБТ, на времето домашен телефон и сите позиви поминуваа преку татко ми, човекот на сите муабет им правеше, имав другарче студираше во Германија, он го испрашал се додека јас сум била у продавница, уште матичен број да му земел.. арно ама па не ги пцуеше културен беше, уште си е таков мирен човек, ми фали 7 години го немам гушнато, човекот кој му сум слаба точка, гордост најголема.

п.с. Имаше еден нон стоп ми звонеше и ми ја пушташе песнава подолу, незнам зошто..:toe:
 
Кога комшивката сака да збори со дечко и, а да не ја разбуди ќерка и, збори кај мене пред врата. Петокот го започна со карање во 7 сабајле

Добро утро и на вас :mad:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom