Општи дискусии за ТВ серии

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Иначе пред некое време коа прашав за ситкоми, не ви одговорив ништо освен со по 1 лајк на предлозите. Фала ви, ќе ги имам и останатите во предвид дефинитивно.

Дури пред некој ден се одлучив и ја симнав Its always sunny in Philadelphia. Прво би ја казнил заради огромното име.

Обично коа почнувам да глеам серии, на почетокот иам проблеми доека се адаптирам па најчесто ме нервираат првите неколку епизоди. Ама оваа е топ, уште од прва епизода е смешна.
Ја изгледав првата сезона, 7 епизоди, врв. Чарли најсмешен.

Сеа ваљда треба да се појави големиот Дени Де Вито и да врие од хумор уште толку.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067

Snosti ja izgledav 14ta sezona, tret pat ja gledam cela serija i se gazam, se gubam. Likovite se nezamenlivi. Charlie u combo so devito partali.
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.713
Поени од реакции
11.549
Иначе пред некое време коа прашав за ситкоми, не ви одговорив ништо освен со по 1 лајк на предлозите. Фала ви, ќе ги имам и останатите во предвид дефинитивно.

Дури пред некој ден се одлучив и ја симнав Its always sunny in Philadelphia. Прво би ја казнил заради огромното име.

Обично коа почнувам да глеам серии, на почетокот иам проблеми доека се адаптирам па најчесто ме нервираат првите неколку епизоди. Ама оваа е топ, уште од прва епизода е смешна.
Ја изгледав првата сезона, 7 епизоди, врв. Чарли најсмешен.

Сеа ваљда треба да се појави големиот Дени Де Вито и да врие од хумор уште толку.
Го има попот Крикет во прва сезона?
Прати ја неговата транзиција низ сезоните, мене ми е најсмешен :pos:
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.795
Поени од реакции
11.744
На оваа сцена црева ми се превртувале. :pos:

@Джонтра Вохохолта јадење и пиење додека ја гледаш серијава не е препорачливо. Постои голема опасност од засркнување и давење. Од искуство ова. :D
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.872
Поени од реакции
23.391
Жалам што Extras и The Office UK ги гледав после изборот на Кајгана за најдобри ситкоми. Дефинитивно ќе идеа во топ 3 и двете серии. Рики е мојот човек кога се работи за комедија. Сцената во Extras кога се дави во супата е врвот. Пет пати ја гледав таа сцена, и пет пати на глас се смеев.
 
Последно уредено:

Коа беше германец, коа свитка зглоб на тоа ивичњакот. :pos: :pos: :pos:

И она кога прифати да иде на дејт со таа што имаше сестра со парализа, се облече у одело и отиде на религиозен состанок. :vozbud:
Има една избришана сцена, не знам дали ја имаш гледано, јас на таа плачев од смеење.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.872
Поени од реакции
23.391
Коа беше германец, коа свитка зглоб на тоа ивичњакот. :pos: :pos: :pos:

И она кога прифати да иде на дејт со таа што имаше сестра со парализа, се облече у одело и отиде на религиозен состанок. :vozbud:
Има една избришана сцена, не знам дали ја имаш гледано, јас на таа плачев од смеење.
И вика на бабата, сакам да изгледам добро кога идам на религиозни состаноци. :D
Јако беше и кога плати 60 фунти (првин се спогодија за 50 ама немаше ситно) да седи во ВИП а овој менаџеров негов си седна одма до него без да плати и му вика, требаше мене да ме остаиш да се нагодувам.
А и на просјакот, му дава 20 фунти и му вика имаш кусур? :D:D:D

BTW, која избришана сцена, од која епизода?
 
Драми е Рики. И Life`s too short е добра, ама таа е повеќе со тоа џуџето и неговиот обид за кариера. Рики и Стив Мерчант му се менаџери.
Derek е океј серија истотака. Мада оваа е малце повеќе на драма.

Е оваа избришана сцена, коа го тераат да пее некој псалм.
Глеј го на крај.

морав да симнувам торент за да ја најдам :pos:

ама избив се од мене прв пат коа ја видов оригиналната сцена, ги даваат тие еден по еден и на крај Рики облечен у одело со мртва фаца. :vozbud:
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.872
Поени од реакции
23.391
Драми е Рики. И Life`s too short е добра, ама таа е повеќе со тоа џуџето и неговиот обид за кариера. Рики и Стив Мерчант му се менаџери.
Derek е океј серија истотака. Мада оваа е малце повеќе на драма.

Е оваа избришана сцена, коа го тераат да пее некој псалм.
Глеј го на крај.

морав да симнувам торент за да ја најдам :pos:

ама избив се од мене прв пат коа ја видов оригиналната сцена, ги даваат тие еден по еден и на крај Рики облечен у одело со мртва фаца. :vozbud:
Ја нема оваа сцена. Пресечена е во моментот кога си ја ''чисти'' раката после аплаузот. :)

Long time ago in Bethlehem.. :D :LOL: и после Brown girl in the ring :pos:

Леле какви легенди...
 
И и се чуди на бабата како не ја знае браун грл ин д ринг :pos: :pos: :pos: :pos:

Види му фаца.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Мислење за The Night Menager со Hugh Laurie?

Ја пишував рецензијава за Pickbox, еве ја ако ти врши работа. :D

(Рецензија) Ноќниот менаџер – нов шармантен џентлмен кој го „украде“ оделото на Џејмс Бонд

Н
ајскапата драмска мини-серија во историјата на BBC, спакувана во само 6 епизоди на љубителите на бондовската шпионажа им донесе нова димензија. Ноќен менаџер (рецепционер) или британски шпион во мисија да го уништи најбогатиот, најбескрупулозниот, најбруталниот и најзлобниот човек на светот. Иако оваа тема е лизгав терен кога вака ќе се постави, изгледа дека конечниот продукт е вистинско освежување.

Она што уште на самиот почеток го исполнува „гладното“ око на гледачот со истенчен вкус е најавната шпица. Оружјето се трансформира во кристални чаши како симбол на отменоста, а дијамантскиот накит пак во злокобни мали летачки објекти кои имаат само една цел – деструкција. Кога веќе сте инволвирани во ваквиот визуелен перфекционизам, спектарот од егзотични дестинации, луксузни хотели и казина само ја надополнува целата шарена естетика. Колоритноста и визуелноста веројатно се најсилниот адут на оваа мини-серија.

Ќе ве шармира и извонредната актерска екипа предводена од фантастичниот Том Хиделстон (Џонатан Пајн). Тука е и Хју Лори (Ричард Рупер) целосно демаскиран од улогата на доктор Хаус по која го препознава целиот свет. Секако, харизматичната Оливија Колман (Анџела Бур) е светлата точка во серијата, ликот што се бори да го донесе лицето на правдата.

Елегантно и интелигентно сте вплеткани во високите структури на британската полиција, животот на корумпираните богаташи и задоволствата што тие можат да си ги дозволат.

Но, тука се и моралните дилеми и семејните проблеми што покрај динамичноста и возбудата го тераат гледачот да подзастане и да се замисли, дали еден озогласен криминалец притоа може да биде и најдобриот татко на светот? Има ли цена хедонизмот кој е овозможен само преку сплетки и постапки од кои страдаат и најневините? Како совршениот татко за своето дете станува монструм за туѓите?

Можноста да се размислува за овие прашања ѝ дава тежина и комплексност на серијата од која сте очекувале дека ќе гледате само матни зделки, динамика и акција. Иако тоа е одличен спој во функција на забавата, на оваа серија не ѝ е дозволено разводенето и развлечено дејствие поради малиот број епизоди. И секако, тоа е огромен плус.

Египет и Лондон како да се соединуваат парадоксално во својата опозитност. Луксузниот хотел наспроти полициската канцеларија, лицето на неправдата наспроти оние што сакаат да ја разоткријат. Локациите толку лесно се менуваат и се претопуваат една во друга, иако секоја карактеристична на свој начин, го исполнуваат со значење главниот негативец – Ричард Рупер. Имено, неговата приспособливост еден дел од денот да се наоѓа на Мајорка, во друг правејќи зделки во Турција, за на крај да ужива во хотелските соби во најлуксузниот хотел во Каиро многу зборува за неговата моќ и авторитетот што го ужива. Неговата љубезност, друштвеност и слаткоречивост му пречат на гледачот веднаш да навива против него. Па дури и лековерноста и наивноста ќе го направат симпатичен и целосно ќе ја сруши сликата што ја имате за – најзлокобниот човек на светот.

Не можеме да ги занемариме и дупките во сценариото кои рака на срце во оваа серија ги има доста. Со оглед на тоа што станува збор за екранизација на истоимениот роман од Дејвид Корнвел познат под псевдонимот Џон ле Кар, а сценариото исто така доаѓа од неговото перо, забелешките за овој дел одат на негова адреса. Иако и самиот во 50-тите и 60-тите години работел во британската шпионажа постојат моменти кои во серијата и не делуваат така реалистично. На моменти тоа е засладена лимонада која ве тера да се запрашате кој е нејзиниот вистински вкус.

Апетитите и нетрпеливоста на гледачот постојано се одржуваат. Тензијата е присутна, не до степен да гризете нокти во исчекување или да не си дозволувате да трепнете, но љубопитноста за настаните што следат ве држи концентрирани сѐ до расплетот.

Џонатан Пајн е совршениот Џејмс Бонд на 21-от век кој како да му го украл оделото на Бонд, а со него и сите џентлменски манири. Женскиот дел од публиката несомнено е благодарен за неговата шармантната насмевка по која се лепат убавите жени за чие присуство во серијата пак е благодарно машкото око. Мелодраматичните , љубовни моменти ризикуваат да се трансформираат во сапуница, но умешно се повлекуваат на границата, токму пред да добиеме чувство на претераност.

Енергично, но ни најмалку импулсивно, полека, смислено и постепено се одмотува и се заокружува целата приказна. Нема недореченост, сѐ добива своја целина и смисла.

Резултатот е дека серијава апсолутно вреди да се погледне, нема да понуди нешто досега невидено, ниту пак некаква катарза. Вреди да се погледне без големи очекувања и да се ужива во речиси 6 часовното „возење“. Предвидливоста и зашеќереноста не ја расипуваат генералната слика, напротив го вметнуваат гледачот во некој нов свет и плејада од ликови кои заслужуваат да им се посвети внимание.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
The young pope.

Не ми се погодува со сериите во последно време, се што почнувам да гледам ми е мех. Од ова очекував повеќе, можеа да произлезат profound, deep, филозофски прашања, кои за жал, во 3,5 епизоди што ги изгледав, пред да се изнервирам и да делитнам цела сезона, ги немаше. Мислам дека ќе изгасев и порано, да не беше Џад папата. Единствена сатисфакција беше тоа уствари, он е преубав, другото беше ко да јадеш салата за појадок, ручек и вечера.
Визуелно одлично, друг плус, али тоа е ко да замаскира дека серијава нема фокус и да изгледа фенси.
Не знам само зошто просечни серии имаат толкав рејтинг.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom