На почетокот на идната недела ќе споделам еден дигитален ресурс, во форма на Инвестициски речник, и едукативни текстови за инвестициските класи каде пробавме на наједноставно можен начин да разјасниме одередени термини, сметководствени ставки, инвестициски инструменти и слично и за почетни и за поискусни инвеститори.Дали некој од вас има онлајн или дигитален ресурс(текст, книга итн.) каде се објаснати сите ставки во еден Биланс на Успех и Состојба? Најдобро би било да е на македонски бидејќи англиските се базирани на нивните практики, и исто така ако е фокусирано на банкарскиот сектор е најоптимално. Има многу ставки кои не се разбирливи, што значат и како се пополнуваат, за некој што воопшто нема учено економија(книговодство) и финансии.
Грими е една од причините што овој форум е мртов. Наместо во некоја подлабинска анализа на некоја акција, тој се впушти во лов на вештерки и регионални инвестициски заговори на маркет мејкери, брокери, регулатори и обвинители...п.с.
Да не е Грими овој форум ќе биде мртов, но порано многу покорисни работи постираше...