Dar_Mak
ексцентрик
https://observer.com/2017/06/when-we-make-money-in-the-stock-market-must-someone-else-lose-money/
Малку посликовито и помодифицирано објаснето за наш амбиент
Трпе имал компанија (TRK) чиј профит не растел, но бил стабилен, да речеме 10 мил. евра. Од друга страна Цобе имал месен конзорциум (PKB), кој правел рекордни профити секоја година, последната 40 мил. евра. Арно ама, акцијата на TRK била доста атрактивна за инвеститорите, а и носела добри добивки, додека ПКБ стагнирала, додуше со месеци воопшто не била тргувана. Прашањето е зошто? Една од причината е бидејќи Трпе секогаш го реинвестирал профитот во развој на нови технологии, човекови ресурси, проширување на капацитетите, докупувал акции итн. што им давало слика на инвеститорите дека тоа е фирма која е тука за долг рок, која се грижи за вработените, има општествена одговорност и со право нејзината акција расте. Од друга страна, иако Цобе води поголема фирма со поголем потенцијал, тој себеси се гледа како деспот кој сака само да земе, а не да даде, па затоа и угледот на неговото име, акција и фирма се лоши.