Имам слушано дека дијазепамот го земаат за дрога, хаха.
Инаку, бидејќи еден од родителите го пие, можам да дадам одредени карактеристики за истиот. Со терапевски дози има мн силно седативско дејство,го препишуваат и невролози и психијатри за краткорочни третмани на анксиозност,несоница, може да го препишат и за одредени видови на епилепсија,хирушка интервенција,напади,големи грчеви,и сл. Немојте да го земате на своја рака - можат да се јават одредени контраиндикации,интеракции,различни несакани дејствија, затоа дозирањето е индивидуално( кај секој различно) зависи од возраста на човекот и потребите,а треба да се почне од најмалата доза ( имате различни mg).
Во зависност од работата која ја обавува човекот, не смеете да го земете доколку возите (може да ве зашемети, а притоа и немате доволна концентрација во сообраќајот).
* Има смирувачко дејство,ги блокира реакциите од емоционалната сфера на мозокот, го намалува чувството на страв и напнатост, доведува до релаксација на мускулите, опуштен си и те тера на спиење .
Ако сакаш да го земеш за на пат во авион, немаш гајле, но гледај да не претераш со дозата, да не се деси да не можат да те разбудат после
Затоа, една консултација со матичниот доктор