@Almeida
Ова најверојатно беше твоја реплика за мене, но си ја вметнал кај Кано:
„Мислев како колектив.
Не сум го гласал
Многу погрешна перцепција е ако се каже дека само гласачите на одредена партија се криви за лошите политики на тој што го гласале, кој и да е. Во моментите кога се прават тие одвратни работи, истите проаѓаат како топол нож низ путер, нема никаква реакција. Од кога памтам за себе во македонската политика имаше два протести кои го одржаа нивото на реакција, по масовност и по начин на протест, а тоа се првиот на работниците на скопска Железара (без поволен исход по нив, но навремен и масовен) и дента кога американски автобуси ги извадија најголемите пички во историјата на војувањето - војниците на учк од Арачиново во 2001ва. Дури имаше и барикади на патот на автобусите и имаше можност уште повеќе да ескалира. Сите други реакции или биле со малубројност, или доцна, или организирани од друга партија.“
-----------------------------------------------------------------------------------------------------
Вака сега, да расчистиме една работа. После ебење нема каење.
Исто така, не можеш да изјавиш дека ако врне, а ти си без чадор, нема да накиснеш.
Така ти е и со тие кои го гласале муртинското копиле. НЕМА изговор дека не знаеле, не биле упатени, очекувале друг расплет и слично. Не брате. Го гласаа пошто 10+ години не им врвеа тендери, вработувања, ургенции и слино (барем не како што врват денес, иако тогаш пола вмро УДБАШКО беше), не беа на позиција да одлучуваат и да имаат директори, министри, државен апарат под своја контрола.
Многу добро знаеа што прават, особено откако својата партија ја исчистија од се' што беше способно како кадар па ја оставија на Рада, Макрадули, Зајакот, Оливер и Шилегов. Кој од кој понеспособен.
Така да, кога го гледаш сето ова, не можеш брате да кажеш дека одиш да гласаш само затоа што менуваш едно зло за на власт да донесеш златни деца кои ќе ги направат работите далеку подобри. КОЈ кадар? Овај од погоре?
Очекуваш некој да ти верува дека причините ти се алтруистички? - Не.
Знаеш кога падна Заев?
1. Падна кога го седна Груевски во авион и го прати будимпешта / наместо да го суди.
2. Падна кога се договори со Сашо за позајмување на пратеници / наместо да го суди.
3. Падна кога го создаде или учествуваше во Рекет и го уништи СЈО / наместо да им даде одврзани раце да расчистат со лица како Орце и слични (ги има еден куп).
Останатите глупости како давање власт на албанци преку Тиранска и сега преку пописот. Промена на име и договор со грците, а после локалните кај нас и договор со бугарите е САМО мал дел на глупостите што мораше да ги направи - и ги прави. Веќе трасиран пат на „државата“ од кој нема назад.
Кога ова го расчистивме, сега ќе ти кажам што конкретно пречи кај шарените гомна, бидејќи Груевизмот падна како резултат на „револуцијата“, а не како резултат на гласачите на СДСМ - сдсм ги изгуби тие избори, а на власт дојде со повик до Ахмети (the rest is history).
ПРЕЧИ тоа што во време на бегалска криза, кога долу на граница државата имаше распоредено свои сили, тие се одлучија да го блокираат пола Скопје со протести, за тие протести да резултираат со палење на канцеларија на Претседател, ред други глупости како фрлање на кондоми со боја низ центар и на крај НАПАД врз полиција.
ЕЈ, сопствената полиција, сопствените сили кои ги бранеа 2001 за овие да спијат мирно. Каков моронизам!!!
Дали беа свесни што ќе им се случеше на таа скупштина на наркомани (во први редови), луѓе од невладини и останата багра ако специјалец кој е во полн тренажен процес и професионално се определил за одреден повик добие наредба да делува?
Ќе ги направеа салата. Еве ти кажувам.
И потоа што? Нов Мајден? Граѓанска војна?
Тоа го сакаа шарените? Така симнуваа режим? Против своите?
Против оние кои се тука за да те чуваат?
Ете тоа пречи.
Каде беа тие исти испрдоци од општеството да реагираат на тој начин кога Заев ги пушти по вода?
Каде беа кога го пушти Груевски?
Кога го сруши СЈО за да не настрадаат Сашо и олигарсијата?
Кога се случуваат наоколу криминали потешки од било кога порано?
Зошто не се на улица? Зошто пола Ск не е под блокада?
Апсолутно ништо не се промени со промената на власта.
Каде беа да рушат сега режим? Макар и со пенкало.
Не пријателе.
Тоа го правеа од личен интерес.
Зинат газ за пари.
Ги боли нив за државата, исто колку што го боли Заев патлакот за било што друго освен гола власт.
Тоа е суштината на таа шарена револуција, а сите кои учествуваа во неа и кои ја поддржуваа јавно или притаено (одеа по протести или пишуваа по социјални мрежи), немаат изговор дека не знаеа што ќе дојде, дека не беа информирани, биле заведени и слично. Не пријател. Не.
Сосема добро знаеа,
само не се офајдија толку колку што и очекуваа.
Сите тие НВО гомна и остала шаренолика багра се она што ова општество го прави труло.
Во однос на другиот дел и двата протести кои ги потенцира - морам да се согласам со тебе, особено за тој „арачиновскиот“. Но не сакаш да знаеш што можеше да се случи тогаш и до кое ниво на терен беше наелектризирана состојбата.
Тоа се немили настани. Никогаш да не се повторат.