Фан Клуб: Челзи

Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Од пресот засега:

- Канте се вратил на тренинг

- господинот Лампард му испратил утрово порака на Тухел и му честитал за новото работно место

- Челзи = резултати и титули. ДНК е победување и освојување. Оваа сезона реални цели се ФА Куп и ЛШ

- луѓето треба да бидат возбудени кога ќе доаѓаат на ,,Стемфорд"

- обожава да работи со играчите од академијата

- бантер на Тотенхем, вели дека Тотенхем Хотспур звучи како голема авантура, не ни знаел до скоро дека е клуб од Лондон :pos:

- Били му оставил добар впечаток, многу ја разбирал играга и паметно се позиционирал. Не би сакал да го пушти зимава

- го испофали Маунт (АмА каКо СегА зАмина ЛаМпаРд и ВедНаш Маунт нА КлУпА)

- не го поздрави фанклубот, не ни заслужил
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Од пресот засега:

- Канте се вратил на тренинг

- господинот Лампард му испратил утрово порака на Тухел и му честитал за новото работно место

- Челзи = резултати и титули. ДНК е победување и освојување. Оваа сезона реални цели се ФА Куп и ЛШ

- луѓето треба да бидат возбудени кога ќе доаѓаат на ,,Стемфорд"

- обожава да работи со играчите од академијата

- бантер на Тотенхем, вели дека Тотенхем Хотспур звучи како голема авантура, не ни знаел до скоро дека е клуб од Лондон :pos:

- не го поздрави фанклубот, не ни заслужил
ЛШ како натпреварување и бркање на титула/резултати или ЛШ како пласман таму следната сезона?
Ако е првово...па добро, ми се свиѓа, треба таков менталитет
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
ЛШ како натпреварување и бркање на титула/резултати или ЛШ како пласман таму следната сезона?
Ако е првово...па добро, ми се свиѓа, треба таков менталитет
Титула. Тоа се два отворени фронта. За ПЛ е реален, возот одамна избега.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Па ретко кој пред сезонава..а и особено во моментов би рекол дека Челзи може реално да атакува на ЛШ, така да..ми се свиѓа ова (y)

ОДИМЕ НА ЛШ!
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Трансфер банот, трансферот на Хазард и назначувањето на Лампард ми претставуваа совршен момент за клубов да сврти еден нов лист и целосно да го промени начинот на работење. Да жртвува неколку сезони со цел да се изгради нешто повеќе, нешто што ќе донесе долгорочен успех. Ама очигледно не биле спремни на тоа и повторно ќе маваат ресет на секое. Само што сега не гледам како со такво работење би успеале да повторат бар пола од успехот кој го имаа претходно.

За мене Лампард претставуваше некој со кој можеше да се помине тешкиот процес и да се стане вистински, сериозен гигант кој ќе реди константни успеси со изграден идентитет, без разлика кој седи на местото на тренер. Но тоа не се постигнува за сезона или две. Од се што дознавме после отказот, мене ми остана следнава слика. Со Сари ситуацијата на стадион беше ептен токсична и клубот мораше да превземе нешто за да се извади. Трансфер банот уште толку ги дотолчи и немаа никаква шанса да назначат сериозен тренер. Кое е идеалното решение? Земи неискусен тренер, клубска легенда што нема да може да ја одбие работата, искористи го за фан базата да ја вратиш на своја страна, искористи го дур трае трансфер банот, и после шутни го. Па мислам и дека добар дел ќе го прифатеше овој план доколку беше искрено пренесен. Наместо тоа, сите индикации беа дека стварно со Лампард сакаат да работат на долгорочен план за повторно да го вратат клубот на врвот. Не знам зошто си дозволив целосно да поверувам во тоа. Кога го назначија Лампард, точно знаеа што добиваат. Тренер со само една година искуство кој уште е во најмала рака само просечен тренер кој ќе мора да учи додека работи во Челзи, ќе мора да се подобрува заедно со клубот, тренер кој сигурно ќе наиде на проблеми и ќе има лоши периоди во кои клубот ќе треба цврсто да застане зад него доколку сака после неколку години да профитира и да има изградено ептен цврста основа за константен успех.

Со отказот, ама уште повеќе и со информациите кои излегоа после тоа, мене ми докажаа дека тоа никогаш не бил планот и дека како што кажав само го искористија Лампард кога немаа други опции. Во видеово има доста интересни информации кои вреди да се знаат, а до сега Атлетик не ми дале никаква причина да се сомневам во нивната релевантност. На кратко, тензиите започнале уште претходниот јануари. Ако пратите пресови, може да се навратите и ќе ви текне дека стварно Лампард последните недели од јануари делуваше доста исфрустрирано поради неактивноста на трансфер пазарот, како и сите нас уствари. Летото веќе била сериозна работата иако од надвор сите се возбудувавме и се изгледаше совршено. Лампард самиот ќе си одел доколку не работеше за Челзи туку за рандом клуб. Уште летото новинари добиле информации дека при првиот лош период ќе го избркаат. Следново мислам никој го нема кажано, ама моја претпоставка е дека ги заеба со тоа што ги надмина очекувањата минатата сезона и не можеа да го избркаат затоа што ќе имаше премногу негативна реакција од сите. Слично како со Ди Матео. Исто и не му бил договорот на три години, туку на две со опција за трета. Како и да е, не би се задржувал понатаму на тоа што се случуваше затоа што нема никаква поента веќе. Одиме понатаму.

Кај сме сега? Пак на исто место кај што сме биле многу пати претходно. Разликата е што моменталниот тим не е шампионски, не е изграден и не верувам дека било кој тренер во светот би можел да постигне инстантни резултати и да освојува трофеи без доволно време. А ако тоа време и ако таа доверба не му беше дадена на Лампард, и ако дури и со него имало проблеми и се заостриле односите, стварно не гледам како некој друг би успеал во тоа. Се надевам дека грешам.

Околу Тухел, немам некое посебно мислење за него. Не ми беше баш по мерак, очигледно не беше ни за клубот прв избор он, туку Нагелсман, штом пробале и Рагник да го договорат за до крај на сезона. Исто и договорот од 18 месеци дава таква слика. Со самиот потпис нормално дека ја добива целата поддршка и ептен е глупо што има доста луѓе кои на некој начин гневот за отказот на Лампард сакаат да го истурат на него, иако за ништо не е он крив. Ако му ја видиме историјата, неизбежна е расправија со управата и отказ за година до две. Пак ќе кажам, се надевам дека грешам. Да сум паметен, нема да си дозволам пак да засакувам тренер и да се приврзувам, ама Тухел за два дена ме импресионираше со интервјуто за Челзи, со интервјуата пред и по натпреварот вчера, и со пресот кој оди во моментов. Има некоја харизма, некоја енергија во начинот на кој збори, делува искрено и прави да сакаш да веруваш во него. Долг е патот сепак, тек за месец-два мислам дека ќе може да имаме некое поизградено мислење и очекувања.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727

Конечно некој да им каже. Може ќе престанат да замараат со позицијата на Канте.

(ова без злобен контекст, стварно ме интересира)
Зошто мислиш дека Лампард од се до сега докажаното ќе успееше да исполни некаков проект за неколку години од сега?
Јас во оваа година дена многу повеќе видов дека не е човекот што би го донел тимот до некој си врв за неколку години од сега
Автоматски споено мислење:

Ама генерално се сфаќаме.
Ама од друга страна па...тоа е. Не успеа ова со Лампард нити верувам дека ќе успееше со него, дури почнавме наназад да одиме во споредба со минатата сезона.
Да, те сфаќам, малце сме на иста точка пак...ама...тоа е.
Лампард помогна Маунт и Џејмс да станат играчи, се надевам ќе продолжат да играат и..тоа е, ќе се надеваме за успех со Тухел, па после 2-3 години ќе навиваме за нов тренер кога овој нема да ја добие поддршката исто како Конте :D
 
Мислам дека немаше доволно време за да може да одлучиме. Секако не мораше Лампард да стои и на финиш линијата. Зборев за создавање некаков идентитет, затоа што идеално Челзи не треба да зависи од тренерот, туку секој тренер кој ќе дојде само да продолжува да работи во склоп на тоа што веќе го има создадено клубот. Наместо да пробува да мења се, да му носат играчи скроз различни од тие што веќе ги има во клубот, и така во круг. За да создадеш нешто такво е потребно многу повеќе време, веројатно и неколку сезони неуспех. Јас кога го назначија Лампард бев спремен и на 3-4 такви сезони во кои клубот ќе расте свои играчи, ќе гради идентитет, ќе се движи негде околу 6-8 место на табела, и така натаму. После испадна дека имаат многу поамбициозен три годишен план кој се покажа како нереален дури и со ненормално инвестирање.

А за Лампард како тренер, како што реков немаше доволно време. Покажа доста потенцијал првата сезона, покажа и доста неискуство, имаше доста работи за критика. Ама како да заборавија сите дека ова беше очекувано и како да заборавија дека клубот моментално не е на исто ниво како што беше пред 10 години. Посебно глупо беше тоа што се форсираше статистиката за најмалце поени по натпревар. Па кога потпиша Лампард да ми кажеше некој дека по сезона и пол ја има таа статистика, ќе речев очекувано.

Иначе изгледа ќе напушта и Бери, му била понудена тренерска позиција. Штета.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Tuchel’s recent dismissal from Paris Saint-Germain, and indeed the end of his time at Borussia Dortmund, have been put down in large part to disagreements with those clubs’ hierarchies. He says it is an area of his character he is working on, and he is confident the set-up at Chelsea will smoothen the decision-making process.

‘It was pure passion, and also some principles that your word is your word,’ he explains of the PSG discord. ‘I trust the word of a man. I rely on words.

‘What I like now is I am self-aware. This is a thing to improve and to be more relaxed, and maybe not too stubborn in my beliefs. The structure I find here in the club is very clear, very easy to understand. There are not many people who make the decisions.

‘It’s on me now as the head coach to adapt and on the other hand to make my opinion clear, and to give analysis of what I see, what I feel, and where we can still improve.’

Не ми текнува со некој друг вака јавно да збореле на оваа тема.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.080
Поени од реакции
2.026
Се слажам со Донев.

Баш убаво точен збор, пак сме на почеток од нула.
Значи периодот со Сари 1 сезона и сезона ипол со Лампард се тотално промашени, без напредок по клубот.
Ама не е по вина на нив туку по управата што како прво нема трпение, истово големи се шансите и со Тухел или било кој друг менаџер.
Како што Ванијалдум е погоден 100% за системот на Клоп и да беше некој друг тренер он ќе беше само скуад играч.
Да добиеше отказ Клоп после 1.5 сезона, половина од тие играчи ќе се сменеа и пак ќе останеше во транзиција исто и Пеп -Сити релација.

Никој не го стави првиот тренинг на Тухел со Челзи, 5-6 мин видео кое е доволно да се види за каков човек станува збор.
Енергичен, харизматичен имаше моменти каде што и он трчи со играчите, веднаш да ти ја купи симпатијата.
Да бидеме реални дали Конте не беше сличен? И?

Не знаеме што се дешава унутра во клубот ама историјата кажува. Лампард не е првиот менаџер што втората сезона ноември месец има влезено во криза и набрзо има добиено отказ. Точно Лампард нема искуство ама дали истово ќе го кажеме за Анчелоти и Мурињо?
Само во Челзи може една сезона да се земе титула а во втора да си 10 место со тотален колапс на играта. Еве да не сум пристрасен и навивачки настроен со Лампард, го тргаме на страна.
Мурињо, Конте, Анчелоти? Нели беше истото, посебно со Анчелоти каде што шампионската сезона дадовме 103 гола, а вторава неможевме шанса да свржеме? И дебелиот ли ја има изгубено папката со тактики и мотивациони говори по пат до соблекувална?

Бери беше новиот дифенс тренер што стигна летово и ги извади колку толку лузерско бугерски моменти кај дефанзивците, така или грешка сум?
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260

Ама како сега? Нели во Лајпциг играл ЛЕВО крило? :pos:
Дека ЛЕВО беше на теренот, значи имаш нели лево и десно и тој беше ЛЕВО, што му доаѓа лево крило.

Како сега? Каква средина? Што зборува овој Вернер?
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Убаво си кажа тренерот.

Во никој случај не е напаѓач кој може да игра сам напред, централно. А крило никој не рекол дека е.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Буквално ти зборуваше цела полусезона и бараше оправдувања. Остави ме мене со тоа стандардно арачиновско ,,не знам јас, бев во подрум".

,,Помеѓу лево крило и шпиц" е едно и е налик на она од Лајпциг, а ,,крило лево кое се брка со десните бекови на опонентите" е сосема друго и е налик на она што Вернер го играше под Лампард.

Друго, Вернер играл осамен шпиц и за Германија и за Лајпциг. Играл и за Челзи и тогаш бил најефективен. И без тоа, Вернер може да игра и како осамен во врвот на нападот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom