ЛШ како натпреварување и бркање на титула/резултати или ЛШ како пласман таму следната сезона?Од пресот засега:
- Канте се вратил на тренинг
- господинот Лампард му испратил утрово порака на Тухел и му честитал за новото работно место
- Челзи = резултати и титули. ДНК е победување и освојување. Оваа сезона реални цели се ФА Куп и ЛШ
- луѓето треба да бидат возбудени кога ќе доаѓаат на ,,Стемфорд"
- обожава да работи со играчите од академијата
- бантер на Тотенхем, вели дека Тотенхем Хотспур звучи како голема авантура, не ни знаел до скоро дека е клуб од Лондон
- не го поздрави фанклубот, не ни заслужил
Титула. Тоа се два отворени фронта. За ПЛ е реален, возот одамна избега.ЛШ како натпреварување и бркање на титула/резултати или ЛШ како пласман таму следната сезона?
Ако е првово...па добро, ми се свиѓа, треба таков менталитет
(ова без злобен контекст, стварно ме интересира)Трансфер банот, трансферот на Хазард и назначувањето на Лампард ми претставуваа совршен момент за клубов да сврти еден нов лист и целосно да го промени начинот на работење. Да жртвува неколку сезони со цел да се изгради нешто повеќе, нешто што ќе донесе долгорочен успех. Ама очигледно не биле спремни на тоа и повторно ќе маваат ресет на секое. Само што сега не гледам како со такво работење би успеале да повторат бар пола од успехот кој го имаа претходно.
За мене Лампард претставуваше некој со кој можеше да се помине тешкиот процес и да се стане вистински, сериозен гигант кој ќе реди константни успеси со изграден идентитет, без разлика кој седи на местото на тренер. Но тоа не се постигнува за сезона или две. Од се што дознавме после отказот, мене ми остана следнава слика. Со Сари ситуацијата на стадион беше ептен токсична и клубот мораше да превземе нешто за да се извади. Трансфер банот уште толку ги дотолчи и немаа никаква шанса да назначат сериозен тренер. Кое е идеалното решение? Земи неискусен тренер, клубска легенда што нема да може да ја одбие работата, искористи го за фан базата да ја вратиш на своја страна, искористи го дур трае трансфер банот, и после шутни го. Па мислам и дека добар дел ќе го прифатеше овој план доколку беше искрено пренесен. Наместо тоа, сите индикации беа дека стварно со Лампард сакаат да работат на долгорочен план за повторно да го вратат клубот на врвот. Не знам зошто си дозволив целосно да поверувам во тоа. Кога го назначија Лампард, точно знаеа што добиваат. Тренер со само една година искуство кој уште е во најмала рака само просечен тренер кој ќе мора да учи додека работи во Челзи, ќе мора да се подобрува заедно со клубот, тренер кој сигурно ќе наиде на проблеми и ќе има лоши периоди во кои клубот ќе треба цврсто да застане зад него доколку сака после неколку години да профитира и да има изградено ептен цврста основа за константен успех.
Со отказот, ама уште повеќе и со информациите кои излегоа после тоа, мене ми докажаа дека тоа никогаш не бил планот и дека како што кажав само го искористија Лампард кога немаа други опции. Во видеово има доста интересни информации кои вреди да се знаат, а до сега Атлетик не ми дале никаква причина да се сомневам во нивната релевантност. На кратко, тензиите започнале уште претходниот јануари. Ако пратите пресови, може да се навратите и ќе ви текне дека стварно Лампард последните недели од јануари делуваше доста исфрустрирано поради неактивноста на трансфер пазарот, како и сите нас уствари. Летото веќе била сериозна работата иако од надвор сите се возбудувавме и се изгледаше совршено. Лампард самиот ќе си одел доколку не работеше за Челзи туку за рандом клуб. Уште летото новинари добиле информации дека при првиот лош период ќе го избркаат. Следново мислам никој го нема кажано, ама моја претпоставка е дека ги заеба со тоа што ги надмина очекувањата минатата сезона и не можеа да го избркаат затоа што ќе имаше премногу негативна реакција од сите. Слично како со Ди Матео. Исто и не му бил договорот на три години, туку на две со опција за трета. Како и да е, не би се задржувал понатаму на тоа што се случуваше затоа што нема никаква поента веќе. Одиме понатаму.
Кај сме сега? Пак на исто место кај што сме биле многу пати претходно. Разликата е што моменталниот тим не е шампионски, не е изграден и не верувам дека било кој тренер во светот би можел да постигне инстантни резултати и да освојува трофеи без доволно време. А ако тоа време и ако таа доверба не му беше дадена на Лампард, и ако дури и со него имало проблеми и се заостриле односите, стварно не гледам како некој друг би успеал во тоа. Се надевам дека грешам.
Околу Тухел, немам некое посебно мислење за него. Не ми беше баш по мерак, очигледно не беше ни за клубот прв избор он, туку Нагелсман, штом пробале и Рагник да го договорат за до крај на сезона. Исто и договорот од 18 месеци дава таква слика. Со самиот потпис нормално дека ја добива целата поддршка и ептен е глупо што има доста луѓе кои на некој начин гневот за отказот на Лампард сакаат да го истурат на него, иако за ништо не е он крив. Ако му ја видиме историјата, неизбежна е расправија со управата и отказ за година до две. Пак ќе кажам, се надевам дека грешам. Да сум паметен, нема да си дозволам пак да засакувам тренер и да се приврзувам, ама Тухел за два дена ме импресионираше со интервјуто за Челзи, со интервјуата пред и по натпреварот вчера, и со пресот кој оди во моментов. Има некоја харизма, некоја енергија во начинот на кој збори, делува искрено и прави да сакаш да веруваш во него. Долг е патот сепак, тек за месец-два мислам дека ќе може да имаме некое поизградено мислење и очекувања.
Мислам дека немаше доволно време за да може да одлучиме. Секако не мораше Лампард да стои и на финиш линијата. Зборев за создавање некаков идентитет, затоа што идеално Челзи не треба да зависи од тренерот, туку секој тренер кој ќе дојде само да продолжува да работи во склоп на тоа што веќе го има создадено клубот. Наместо да пробува да мења се, да му носат играчи скроз различни од тие што веќе ги има во клубот, и така во круг. За да создадеш нешто такво е потребно многу повеќе време, веројатно и неколку сезони неуспех. Јас кога го назначија Лампард бев спремен и на 3-4 такви сезони во кои клубот ќе расте свои играчи, ќе гради идентитет, ќе се движи негде околу 6-8 место на табела, и така натаму. После испадна дека имаат многу поамбициозен три годишен план кој се покажа како нереален дури и со ненормално инвестирање.(ова без злобен контекст, стварно ме интересира)
Зошто мислиш дека Лампард од се до сега докажаното ќе успееше да исполни некаков проект за неколку години од сега?
Јас во оваа година дена многу повеќе видов дека не е човекот што би го донел тимот до некој си врв за неколку години од сега
Автоматски споено мислење:
Ама генерално се сфаќаме.
Ама од друга страна па...тоа е. Не успеа ова со Лампард нити верувам дека ќе успееше со него, дури почнавме наназад да одиме во споредба со минатата сезона.
Да, те сфаќам, малце сме на иста точка пак...ама...тоа е.
Лампард помогна Маунт и Џејмс да станат играчи, се надевам ќе продолжат да играат и..тоа е, ќе се надеваме за успех со Тухел, па после 2-3 години ќе навиваме за нов тренер кога овој нема да ја добие поддршката исто како Конте