Кои последици на долг рок? Не ме разбирај погрешно, нема таква сила која би ме боцнала против Ковид, само мислам дека често се навлегува во теориите на заговор кои немаат допирна точка со реалноста.
Прашај ги медицинските лица.
И ти не ме сфаќај погрешно како голем дел од тука што заговараат вакцинација, но зошто еве во линкот на Игор во германија германски доктори и сестри (заради последици на подолг рок) изразуваат загриженост?
Исто, нешто што тој не спомнува, е тоа дека на тие медицински лица кои што имаат антитела во време на анкетите кои му ги спроведоа на работните места им беше кажано дека нема потреба да се вакцинираат ни сега, ниту во иднина. Но тој податок или не му одговара да го спомени во целата дискусија или го нема, сеедно.
Генерално, муабетот е, ставаш во себе нешто што може да ти влијае и не е испитано до крај (вакцина добивме за 6 месеци т.е. не беше вакцина туку беше
трка кој прв ќе објави дека има вакцина, а потоа се тркаа чија нуди поголем процент на заштита) и треба да им верувам дека БАШ ја испитаа и тестираа? Било која, нека не е таа Фајзеровата или таа на Модерна - оти пак ќе се збори за теории на заговор.
Кога сите релеватни од оваа наука (медицината) ќе ти кажат дека тоа е прекраток рок за вакцина против било што да се пронајди, тестира и да се согледаат ефектите тогаш не знам како можи ние да тврдиме спротивно.
Ама не, Игор живее германија, Диме тука е начитан, образован и му се шета па ајде сите на вакцинација.
Иако е форум ова, сепак секој со своето мислење дава допринос во ширење на една масовна хистерија дека ако не се вакцинираме никогаш веќе ништо нема да биде исто и „нема животот да се врати во нормала“, дрн дрн...
Не бе дечки, нема да испоцркаме колективно.
Повеќе штета во банана држави како нашата имаше што луѓето не одеа на лекар и не ги лечеа хроничните болести него седењето дома. Повеќе штета имаше и врз други пореметувања кои им се јавија од седење дома како анксиозност и депресија но никој не говори за тоа.
Прво заговараа седење дома по секоја цена, како да ова магично ќе помине.
Сега заговараат вакцинирање по секоја цена, како да ПОВТОРНО ова сето магично ќе помине.
Нема.
Пак ќе има маски и дистанци.
Пак ќе има самоизолација.
Пак ќе има мерки и рестрикции.
Кој е луд нека верува дека има магично апче (ете вакцина) која ќе го направи сето ова да го снема така лесно и тоа е здрав разум и логика, а не теорија на заговор.
Треба да се вакцинира старо население, можеби дел од хронични болни кои имаат такви болести кои во комбинација со вирусот би ги довело до смрт, сите останати треба да излезат малку надвор и да уживаат наместо да се напињаат како да е крај на свет.
п.с. дали е точно дека те тераат да потпишеш документ во кој производителот на вакцината не сноси правни последици заради твоето здравје ако толку многу им е тестирана?
Разбирам се штитат од тужби бидејќи сечиј организам не е ист и може да добие анафилактички шок, ама нели добија еден куп луѓе во Калифорнија анафилактички шок па никому ништо? Или и тоа не важи, важи само кога производителот ќе ти го фали производот, а кога треба да му кажиш дека еј овај документот што ми го даваш да го потпишам не е во ред тогаш ти вели не си играме така.
Смрди работава, само кој како сака да гледа на нештото.
330.000 дози беа повлечени, рачунај 330.000 народ да се вакцинираше со нив.
An abnormally high number of people experienced anaphylactic shock, a severe allergic reaction that requires immediate medical attention, after receiving a shot of the Moderna vaccine at one San Di…
www.mercurynews.com
Инаку, еве и друг линк доколку некој сака да следи вакцинација во Германија, со реални и секојдневни бројќи и статистики - на цела популација.
Beim Digitalen Impfquotenmonitoring (DIM) handelt es sich um ein eigenes Meldesystem zur Erfassung der COVID-19-Impfungen und -Impfquoten in Deutschland. Für Informationen zur Funktionsweise des Meldesystems, zu den verschiedenen Meldeportalen und Impfquoten allgemein siehe bitte die FAQ des RKI...
www.rki.de
Досега се вакцинирале 1.600.000 од кои околу 300.000 по втор пат (комплетна имунизација) на 80 и кусур милиони народ.
Така да, ПРЕрано е за било какви прогнози околу вакцините.