... секогаш се потенцира активната супстанца како кривец, погледнете што друго содржи во тој суплимент како попратна супстанца, витамини се продаваат и во маркети и на безиски станици, така што тука не доаѓа во израз препорака и грижа на лекарот кога ќе си го купи човекот витаминот додека полни бензин,
...суплиментите не го имаат патот на регистрација како лековите, тие едноставно преку ноќ добиват пас за продажба со одобрение на Агенција за храна и ветерина како „додатоци на исхрана“ при што се нема никакви клинички студии освен кога веќе се на пазарот од тогаш се собираат „искуствата“ со тие суплименти при што ќе се одржат на пазарот или ќе се остранат како „штетни“ поради интеракции или други споредни ефекти,
Прегледај го приврзокот 277942 Прегледај го приврзокот 277945
актуелниов витамин „Д“ сега кој се консумира од разни произведувачи со различен дозажен состав на активна супстанца, еве да речеме овој бренд онака по случајност земен за пример укажува колку има холекалциферол и се сложуваме дека е ОК и го пиеме секој ден подолг период,
Прегледај го приврзокот 277949
но дали сме прочитале во упатството, таму некаде што друго содржи овој препарат?
- средство за зголемување на волумен како изомалат, микрокристална целулоза,
- згуснувачи како хидроксипропилцелулоза,
- средство против стврднување како талк, магнезиум-стеарат, триглицериди со среден ланец,
- боја како титан диоксид,
еве све ова внесуваме секој ден во име на „Вит Д“,
ај уште еден пример за уште еден актуелен форсиран витамин во ова време , Вит „Ц“
Прегледај го приврзокот 277962 Прегледај го приврзокот 277963
- како боја се применува „ титаниум диоксидот“ одобрен од ФДА - но само во многу мали количини (помалку од 1%), но„ го обвинуваат“ за несакани ефекти како што се алергии, карцином на желудник, автоимуно нарушување и токсичност на органите,
- талк во моментов не се смета за храна од страна на ФДА и е познато дека предизвикува компликации со белите дробови и стомачни болести,
- стеаринска киселина од другата страна на нејзин бенифит, со долгорочен внес во организамот може да го потисне имунитетот, да ја успори дигестијата... итн,