Но весникот Фокус на 03.02.2020 со наслов на текст:
“Рауфи до Заев: Дали се сеќаваш дека ни кажа дека Синиша Алексовски е автор на “Монструм”? Открива дека Заев сепак спомнувал имиња кои немале никаква врска со Монструм пред повеќе луѓе.
Дел од тие луѓе се поврзани со осудените во Монструм а дел се роднините на убиените деца и рибарот.
“Денеска во Кривичниот суд, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го испрашуваше и адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на дел од обвинетите во “Монструм” .
Тој го праша Заев дали се сеќавал на еден состанок, на кој имало и претставници од меѓународната заедница.
-Дали се среќавате на една средба, бевме 12-мина, имаше и претставници од меѓународната заедница, кога разговаравме за “Монструм”, праша адвокатот Рауфи, а Заев истакна дека сега се потсетил.
Тогаш адвокатот додаде:
“А дали се сеќавате дека рековте дека автор на предметот, на “Монструм” е Синиша Алексовски”, прашал тогаш според Фокус адвокатот Рауфи.
Според текстот на неделникот тогаш Заев одговорил дека не се сеќава на такво нешто но не исклучил дека сепак имало такви информации.
“Не се сеќавам да сум спомнал такво нешто. Може сум прочитал нешто, сум слушнал нешто, и затоа пак ќе кажам дека случајот треба да се истражи до крај”, истакнал според Фокус тогаш лидерот на СДСМ.
На оваа тема на 3 февруари минатата година пишува и порталот мкд.мк кој објавил дека имињата на Трајко Вељаноски и на Синиша Алексовски се споменувале на судењето за случајот „Монструм“.
“Поранешниот собраниски спикер и некогашниот советник за безбедност на бившиот претседател Ѓорге Иванов најдоа место во дел од прашањата на Горан Наќевски, татко на убиениот Александар. Тој пред судот го потсети поранешниот премиер Зоран Заев дека кога мајките на убиените деца по свое барање биле кај него, тој им кажал дека на Смилковско Езеро има паднат мобилен телефон што му припаѓал на Алексовски, како и дека во овој случај е вмешан и Вељаноски.