Подобра игра каде-каде, ама за кратко и оваа ја фрлија во вода а можеа да ја добијат. Сакав да ги треснеме тракторџииве зашто ептен ми се антипатични (па поготово кога ги гледам во Мешков). Ама па ако тепавме, ќе беше како се да сме поправиле и нема нешто да мрднеме од оваа точка. Од тој аспект добро е што изгубија. РФМ нека го уклучи алармот сега.
Му требаше на Брестовац 6 утакмици за да проба со Лазаров на среден и Серафимов на десен бек. Таа идеја требаше и бајаги порано со оглед дека немаме некој солиден среден бек моментално. Кире ем е стабилен на таа позиција и секако асистира и ги разигрува, ама барем Кузмановски не мораше да игра на централна бековска позиција. Таа е некоја позитива од утакмицава и подобрата одбрана и поголема борба денес.
Брестовац - го подржував како селектор и како што некој напиша добро што се решил на таков рез и промени, ама па мислам дека се изгуби. Квалификациите прошлите и овие сега ги тера без пораз (а со Данска ќе играме во март) да, но подобро е да се бара некоја друга алтернатива. Не е лошо да се проба со скандинавски тренер.
Организацијава на СП - Крш!! И мачки си се шетаа на терен. Никаква изолација за играчиве. Буквално Мустафа си го купи првенствово за да направат успех (се надевам денес Словенија ќе тепа со Египет). Последно СП во Египет се надевам.
Тале е апла паднат. Си викам па зошто ако Манасков не е во форма да не биде повикан, а Тале кога е комплетно изгубен е на СП. Или ќе се опраи или нема да го бидне и нека игра ракомет на плажа. Мислам дека со Манасков подобро ќе биде на квалификациите во Март.
Одбраната мора да се среди! Најмалку гола примивме од Чиле - 29, па Белорусија - 30!! Со јака одбрана многу подруго ќе биде. Фали жар во играта. Талески и Марковски, па и Мишевски до негде како да галат мачиња и зајчиња, а не да прават фаули и да задржат некого.
Пандемија, не пандемија, да земат физички да ојачаат (богами и мотиватор им фали.. со оглед дека ни Столе ни Кире не ги фермаат што им кажуваат). Мора да се трча и да се издржи јако темпо.