Светско првенство [мажи] - Египет 2021 [13-31 јануари]

Кој ќе биде нов светски првак?


  • Вкупно гласачи
    70
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Побарај тајмаут здивниги бе воздух да земат малце, одвај седат на терен.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.122
Поени од реакции
28.870
Секоја одбрана на нашиот голман си ја фатија они.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.443
Добро е барем пристојно ќе ја загубиме последнава утакмица. Единствени позитивни нешта од ова СП се голманите, Костески и дресовите, ништо повеќе.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.741
Поени од реакции
2.665
Cvetan Kuzmanoski e solidno krilo, zosto duri sega mu dava sansa?
Aj tolku bese, ne spasija od nervozi.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Брестовац да си поднесе оставка и уште утре да конкурира у некоја фирма за мешање малтер, наместо да грицка соленки и чоколатце и да прчи уста ко тинејџерка за Инстаграм.

Талат бој или Таљо психо ас ју префр, или да си најде психолог или да се откаже од спортов. Второво звучи подобро, а со него да си го земе и Велковски.

Кузмановски да си најде тренер за игра еден на еден, не може да си бек а да промашуваш 300 шутеви од 5 метри.

Марковски, Георгиевски, Мишевски да им се даде шут карта
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Прати движење на Серафимов и споредиго со Талески.
Се гледат дека разбира ракомет Серафимов за разлика од оркава, статичен ко со играч помалце да играш.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.741
Поени од реакции
2.665
Прати движење на Серафимов и споредиго со Талески.
Се гледат дека разбира ракомет Серафимов за разлика од оркава, статичен ко со играч помалце да играш.
Taleski ne e bek koj sto moze sam da si otvori prostor, a za dvizenja e beter od Misevski, ovoj vtoriot upati barem nekolku smesni udari.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.852
Поени од реакции
3.320
Подобра игра каде-каде, ама за кратко и оваа ја фрлија во вода а можеа да ја добијат. Сакав да ги треснеме тракторџииве зашто ептен ми се антипатични (па поготово кога ги гледам во Мешков). Ама па ако тепавме, ќе беше како се да сме поправиле и нема нешто да мрднеме од оваа точка. Од тој аспект добро е што изгубија. РФМ нека го уклучи алармот сега.
Му требаше на Брестовац 6 утакмици за да проба со Лазаров на среден и Серафимов на десен бек. Таа идеја требаше и бајаги порано со оглед дека немаме некој солиден среден бек моментално. Кире ем е стабилен на таа позиција и секако асистира и ги разигрува, ама барем Кузмановски не мораше да игра на централна бековска позиција. Таа е некоја позитива од утакмицава и подобрата одбрана и поголема борба денес.
Брестовац - го подржував како селектор и како што некој напиша добро што се решил на таков рез и промени, ама па мислам дека се изгуби. Квалификациите прошлите и овие сега ги тера без пораз (а со Данска ќе играме во март) да, но подобро е да се бара некоја друга алтернатива. Не е лошо да се проба со скандинавски тренер.
Организацијава на СП - Крш!! И мачки си се шетаа на терен. Никаква изолација за играчиве. Буквално Мустафа си го купи првенствово за да направат успех (се надевам денес Словенија ќе тепа со Египет). Последно СП во Египет се надевам.
Тале е апла паднат. Си викам па зошто ако Манасков не е во форма да не биде повикан, а Тале кога е комплетно изгубен е на СП. Или ќе се опраи или нема да го бидне и нека игра ракомет на плажа. Мислам дека со Манасков подобро ќе биде на квалификациите во Март.
Одбраната мора да се среди! Најмалку гола примивме од Чиле - 29, па Белорусија - 30!! Со јака одбрана многу подруго ќе биде. Фали жар во играта. Талески и Марковски, па и Мишевски до негде како да галат мачиња и зајчиња, а не да прават фаули и да задржат некого.
Пандемија, не пандемија, да земат физички да ојачаат (богами и мотиватор им фали.. со оглед дека ни Столе ни Кире не ги фермаат што им кажуваат). Мора да се трча и да се издржи јако темпо.
 

madrock

Bogey
Член од
23 април 2014
Мислења
590
Поени од реакции
1.926
Египќаниве се тотално немоќни против Словенците и тоа на нивна почва.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Не го отпишувајте пред време Парондо, кога со двајца без тројца освои ЛШ, зошто да не може и Египет да ја победи Словенија?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Каква аматерска завршница на Египетќаниве. Имаа напад, утнаа зицер, дозволија да примат гол и 12 секунди не успеаа да изведат. И вака одат во четврт финале, ама со победа ќе го резервираа првото место.
Вака се отвора простор за Шведска да заврши прва со победа над Русија. На Русите им треба победа за четврт финале, а Словенците се најголемо разочарување за мене. На крај може и како четврти да завршат во групава, ако тепаат Русите.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.701
Поени од реакции
5.620
Топ утакмица,дефинитивно најдобар натпревар на ова првенство,секоја чест за двете екипи изгинаа на терен.

Според мене натпреварот го доби Египет поради Парондо,какво тренериште човече,со ваква екипа ќе влезе во борба за медалите.
Од друга страна Врањеш ја прокоцка предноста со играта без голман,плус малку погреши со ротациите.
Криво ми е за Словенија што не поминаа,стварно играа машки цел натпревар,сепак поразот од Русија ги кошташе четвртфинале.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom