Секој чекор напред е добродојден. Убаво е и тоа што ќе бидеме и 6 месеци поблиску до истекот на договорот на самс така да купување време на еден начин ни иде исто во прилог. Сепак треба да се најде решение.
Колку е целата ситуација калакурница... Што уствари се случило и се решило од ова што пишувате овде, јас вака го читам сето ова уствари:
1. Главниот акционер (ГРАД СКОПЈЕ 51%) плаќа 100К евра (градски, наши пари) на вториот акционер (ПУИК 49% сопственост) за долг за играње на ФК ВАРДАР (нивниот клуб) на стадион изграден за потребите на ФК ВАРДАР. Ај тоа, ама истиот тој стадион беше уствари ГРАДСКИ во сопстевеност на главниот акционер па премина во сопственост на ПУИК бог знае како... Со други зборови овде нема ни трансфер на пари, трансакција на хартија е ова, каде на крај ПУИК ке испрати налог да се одблокира сметката. Нормално ова можеше многу порано ама не, мора малку драма и публицитет...
2.ПУИК ќе простел 60К евра КАМАТА на „долгот“ на ФК Вардар за играње на ФК Вардар на стадионот изграден за потребите на ФК Вардар... Истиот долг кој е стекнат затоа што ПУИК по промена на власт реши да му наплати на Вардар 45К евра од меч (сите други плаќаа 3 пати помалце за користење на истиот стадион - слога, шкенди, работнички, македонија, ренова, силекс, академија пандев). Нема да ни го намалат долгот односно главницата каде пак пута 3 ни ја сметаат и уште им ја „должиме“ на нашите соственици за користење на нашиот стадион. Од она што ве читам ваљда ќе биде одбиена од ваучерот кој го издава ВЛАДАТА, значи државни пари кој ќе заврши во ДРЖАВНА ФИРМА.... Значи уште еден фиктивен трансфер на хартија... Е сега дур беласица на пример си го користи стадионот во струмица за некој 200-300е од натпревар (мислам дека 10К евра годишно плаќаа закуп ние за еден меч во ЛЕ плаќаме колку они за 4 год) и користи ваучер за да се засили ние парите ги враќаме на државата и треба да сме благодарни (да не ме сфатите грешно, сум благодарен за се што „направија“ пошто и тоа не мораше и дури чудно ми е што се „помачиле“ да помогнат). Колку да ви е јасно во секоја држава клубовите кој играат во европа и кој го промиваат градот/државата носат „туристи“, полнат хотели итн добиваат бенефиции од државата/градот... Нормално нас кој не ебе, ние пута 3 си плаќаме за користење на стадионот.
3. Панчев ќе го простел долгот. Фала курцу и легендава да направи нешто човечки за Вардар (го едитирав постот легенда беше у наводници, сепак после ова може да му го вратам статутот, ова е сепак позитивен потез од него). Дали ги заслижил или не тие пари не е битно му се должеле, али еве ова му е прав потез, ни требаше помош ваљда ќе си стои на збор и ќе помогне.
4. Самс ќе дал 100К е за плати... Ова дур не го видам не е е за верување. Дај боже да е, збор да нема дека ги има ама до сега се изнаслушавме глупости и ветувања од него. Со оглед на тоа дека доста работи што му ги начукаа како точка еден и два се одбиваат на магичен начин ајде да се надеваме дека ќе стои на збор и дека ќе помогне.
5. Голема бладгодарност до КОМИТИ за се што направија до сега. Браво момци, и обавезно најдете начин како и ние од странство да може да си купиме карти/тоест блокови. Ако сакаме Вардар да застане на нозе ќе треба сите да помогнеме и тоа е тоа.
6. Катарци/аеродроми и остали приказни се смешни и веќе кажав за тоа. И тоа дај боже да е точно али мислам боље ќе им беше да не лажеа со приказната за извори на нафта у овче поле, фамозниот алшар, рудници за ураниум па дури за извори за вода... Мене тоа ми е толку неверојатна приказна да повеќе шанси давам Гоце Делчев од гроб да стане него некој катараци да го тргнат ТАВ од МКД... ТАВ има 18 аеродроми, преговата со уште 5-6 низ светот, со 20К вработени и 370 милки профит во лоша година за индустријата... Едина катарска фирма што се занимава со аеродромски бизнис е владина компанија... Нема логика, не дека немаат пари катарците али не гледам никаква бизнис логика на оваа зделка а од друга страна 1мил патници годишно ТАВ превезува преку истанбул така да и те како гледам стратешки битна цел за ТАВ да остане овде... Али со среќа нека тераат, битно тргнува работата.
7. Драган факин Томовски.... Овој заслижува посебна точка. Коњаникот објасни малку кој е, треба да се додаде и дека беше бивш претседател на Вардар и дека е поврзан со некоја холандска агенција за играчи. Он беше умешан со трансферот на Васовски во ГЕР на времето и мислам дека Вардар и Васовски извисија за некој 200К марки (не сум сигурен али се нешто такво ми се врти у главата). Дека треба на клоци да се избрка од МАК фудбалот треба. Дека во моментот е право решение за Вардар хммм, овојпат мислам да али краткорочно. Колку и да звучи чудно ова, во моментот во ситуацијата во која сме подобро краткорочно да влезе ваков лик него некој аматер што нема допирна точка со фудбалот и ќе учи на нас како Самоил на пример. Нас ни треба екипа сега а тоа значи 2-3 фудбалери кој ваљда овој ги има на лагер плус 2-3 што тренерите треба да ги донесат/имаат. Долгорчно овој може и да ја сјебе работата и да направи нешто. Сепак мислам дека е јасно дека слога ќе мора да освои титула следнава год така да ако овој остане најверојатно ќе не претвори во погон за шиткање играчи и повторно перење пари преку трансфери. Управа ако сакаме асална само странци како што направи Самс во ракометот иначе тешко нас со вакви ликови а реално други и немаме, среќа Џаро што не го убација у некоја комбинација пошто само уште он фали у сапуницата.