Ме запре еден ваков во центар на Минхен. Јас таков туристички настроен па му заправ, и накратко разговоров беше вака:
С=секташ
К=Клинтон
С: знаеш ли кој е овој? Покажува слика од Алберт Анштајн
К: Да бе го знам
С: Епа он изјавил дека користиме само 3% од нашиот мозок
К: и тоа знам, а која струка ја има типот знаеш?
С: научник математичар и физичар
К: Епа не бил невропсихијатар, значи не е компетентен да би изјавил такво нешто. Зошто да му верувам?
С: оти бил исклучително паметен и ги разбирал работите.
К: Ти кола возиш?
С: да
К:А кога возиш кола по автопат ја користиш 100%?
С: хммм, Да
К: епа не. Ако ја возиш колата, не ги отвораш вратите во иато време или не даваш гас и кочница во исто време. Значи не ја користиш 100% туку само она што ти треба. Така и со мозокот, не можеш да пееш, сметаш математика и да решаваш загатки во исто време, значи не го користиш 100%,само она што ти треба.
С: ПРОПАГАНДИСТ
К: НАИВНА ОВЦА
После разговорот многу поубав ми беше денот. Знам дека случкава е прдеж во ветер, ама се чувствував како да сум победил караница на форум со ФМИ, и ми признал дека Гоце не е бугар