Шарена куртонијада

  • Креатор на темата Креатор на темата karan
  • Време на започнување Време на започнување
Оригиналниот наслов на темата е Шарена куртонијада и се однесува на џанкерски политички перформанс за којшто се карактеристични употребата на разни бои и КУРТОНИ.

Промената во револуција е смешна, затоа замолувам доколку остане така вториот збор да биде ставен во наводници.
Ако сепак на некој од админите му се накривил премногу, може слободно да ја избришете.
 
Како тоа да го продава името кога никогаш немал намера. Патриотите не се способни на такви работи. Тие секогаш работат во име на народот отворено пред jавността.

I sto tolku ima ovde strasno? Se pregovara i se pravat kombinacii za da se predlozi nesto sto nema da e prifatlivo pred se za grcija, toa e politika pred se. Pa kiro kaza firom e privremeno i deka za 2 nedeli ke go resi. Komunjarite go napravija ovoj problem koj morase i se vlecese so godini. Ednostrano da prestanese da se pregovara bez amin od site nacii vo sovetot za bezbednost ke bese se za zhabe posto vo UN ke ne blokiraa. Ne e ova nesto tragicno naprotiv toa sto se sluci.
 
Шарената револуција како идеа е пожелна за секое опшество. И таа не е за еднократна употреба, таа треба цело време да тлее и по потреба да фрла искри.
 
Нити преговарал таjно за такво нешто.
Џабе вртиш на друга страна. Фактите се факти. Грујо изјави дека народот на референдум ќе одлучи за промена на името (ако се постигне договор со Грција). Договор не се постигна, референдум немаше. Дека преговарал не е тајна. Ова им одговара само на оние што сакаат да спинуваат за да ја завлечат дискусијата во погрешна насока.

За разлика од Зајко, Грујо не лажеше (или барем не до толку многу и толку очигледно). Ако имаше договор за промена, ќе имаше и референдум и резултатот ќе се почитува.
 
Шарената револуција како идеа е пожелна за секое опшество. И таа не е за еднократна употреба, таа треба цело време да тлее и по потреба да фрла искри.
Епа јебига, у жална Маќедона беше за еднократна употреба, искористена и фрлена ко куртоните со боја што ги фрлаа.
И нит тлее, нит искри има така да узалуд беше нејзиното постоење.
 
Епа јебига, у жална Маќедона беше за еднократна употреба, искористена и фрлена ко куртоните со боја што ги фрлаа.
И нит тлее, нит искри има така да узалуд беше нејзиното постоење.
Не сум сигурен дали беше само за еднократна употреба. Кога Грујо би се вратил на власт ќе ги видиш шарените куртони повторно со боја по улиците. Ќе воскреснат.
 
Нема врска темава со насловот. Темата е за плачење по Грујо на форумските штабски пацови. Колку беше добар, зашто го тргнаа и тн.
Тоа Грујо што го направи со Албанците, никој, никад не го има направено во свет. Тоа по автоматизам се заборава во штабовите. Веројатно и во СДСМ-штабовите не се збори за достигнувањата на Заев.
 
Оригиналниот наслов на темата е Шарена куртонијада и се однесува на џанкерски политички перформанс за којшто се карактеристични употребата на разни бои и КУРТОНИ.

Промената во револуција е смешна, затоа замолувам доколку остане така вториот збор да биде ставен во наводници.
Ако сепак на некој од админите му се накривил премногу, може слободно да ја избришете.
Се извинувам, како некој што не учествувал во ова, не знаев дека се користеле куртони. Стариот наслов е вратен.
 
Шарената револуција како идеа е пожелна за секое опшество. И таа не е за еднократна употреба, таа треба цело време да тлее и по потреба да фрла искри.
Што треба е една работа, како е, е нешто сосема друго.
Времето покажа дека шарените беа управувани и искористени точно како куртоните коишто ги употребуваа. Тоа беше еден вид на државен удар зад којшто стоеше Западот. Тие си ја завршија работата, не набутаа со ќотек во НАТО а Македонија како држава ништо не доби туку загуби.
Тука се разбира своја вина имаше и Груевски односно неговата багра којашто функционираше како Комунистичка партија на Македонија. Преголема концентрација на моќ, а премала одговорност.

Фокусот треба да биде како да не ни се повтори таков тип на "револуција"?
 
Нема ништо погрешно во протести ако биле иницирани поради некакво незадоволство. Еден куп луѓе одеа на протести и немаа книшка од СДС... Мене ми смета што нема протести и после шарените. Или да преформулирам: Не ми сметаат шарените, ми смета што ниту сега ниту пред година-две немаше протести.
Тие шарените будали се увезени од србија и косово и плус малкумина и во МК и ете пак има шарени будали ,а после шарените немаат никаде затоа што е во зимски сон или уморени се што преку глава им е, но важно шарените будали учествуваат и придонесе за МК да ојде во јабана како ничија земја

Sent from my SM-T720 using Tapatalk
 
Шарената револуција како идеа е пожелна за секое опшество. И таа не е за еднократна употреба, таа треба цело време да тлее и по потреба да фрла искри.

Oсобено ако имаш ваков водач:

Заев: Слична казна за фрлање боја веќе платив

Сега замисли ФНРЈ после ВСВ да барала од партизаните обесштетување за минирани мостови, пруги и запалени објекти. Или и затвор поради убиени фашисти и колаборационисти.

Каде обоените револуции се добри како идеја?

Видовме што донесоа шарените во Македонија. Дали знаеш што им донесоа кадифените во Ерменија, кафе-револуцијата во Јемен, лотусот во Египет, јасминот во Тунис? Портокаловите во Украина, шарените во Либија?
 
Тие шарените будали се увезени од србија и косово и плус малкумина и во МК и ете пак има шарени будали ,а после шарените немаат никаде затоа што е во зимски сон или уморени се што преку глава им е, но важно шарените будали учествуваат и придонесе за МК да ојде во јабана како ничија земја

Sent from my SM-T720 using Tapatalk
Да....главните организатори на куртоните се тренирани во Белград...и тогаш се пишуваше за тоа, но...
 
Ок, таа финта ја знаеме, ќе се казнам сам себе за да ве казнам сите вас..... ама ајде Зоки, зошто НЕМА за тебе или Бране или Жерновски ( кој беше тогаш иницијатор) на СУД казна 2 години затвор за кршење на стаклата на општина центар ( демонстрации на СДСМ), кога беше Аларова а има за Груки за тнр шамари во општина Центар ????
 
Џабе вртиш на друга страна. Фактите се факти. Грујо изјави дека народот на референдум ќе одлучи за промена на името (ако се постигне договор со Грција). Договор не се постигна, референдум немаше. Дека преговарал не е тајна. Ова им одговара само на оние што сакаат да спинуваат за да ја завлечат дискусијата во погрешна насока.

За разлика од Зајко, Грујо не лажеше (или барем не до толку многу и толку очигледно). Ако имаше договор за промена, ќе имаше и референдум и резултатот ќе се почитува.
Една работа испушти, Зајко начека раасположна страна од Грција за решавање на спорот, истото да го имаше и Грујо исто ке договореше плус на референдум целото членство и администрацијата за уши ке ги влечеше да гласаат, плус Латас и остали куртон медиуми ке беа пуштени на најако за историскиот подвиг на Грујо...

Зајко го искористи моментумот и потпиша договор, само што проблемот е кај него што е далеку понеспособен од Грујо да го истера референдумот и истиот пропадна...
 
Во ред. Држи ова што го пишуваш. Можеби ќе беше така. Можеби Грујо ќе успееше да го намести референдумот. Ама сè останува на МОЖЕБИ. Факт е дека Грујо јавно кажа дека ќе го промени името ако народот така одлучи. За разлика од него Зајко во деца се колнеше дека нема промена на името.

И сега овде некои шарени куртони (бидејќи немаат аргументи) постојано повторуваат дека референдумот успеал, дека и Грујо ќе го променел името... Сè со цел да си го исперат газот и срамот од еднократната употреба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom