Па ние и веќе сме дел од Западниот Балкан, нас не не сметаат за поединечен политички ентитет, туку за дел од една заедничка геополитичка област за чија што судбина надредените субјекти, во случајов ЕУ, одлучуваат како за колектив со врзани судбини. Така и сме третирани во нивниот дипломатски, па и медиумски наратив, како поширок регион, намерно изолиран проблем.
Во најдобар случај, максимум што би ни се понудило е членство во ЕЕЗ, што пак со оглед на околностите би било поволна разврска.
Нам возот за во ЕУ ни замина одамна, само не ни кажуваа оти требаше име да се „мења“. Како инаку ќе лажеа оти „беспари ќе се лечиме во Европа“.