- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.393
- Поени од реакции
- 7.041
Сигурни сме дека отидоа во Египет?
Очаен настап, делуваа комплетно неподготвени за некоја сериозна битка, очигледно е дека без никакви амбиции се на првенството.
За жал, да се цитирам себеси ја утнавме клучната работа за играње со Шведска...
Да не е се негативно еве и нешто позитивно. Како за чудо првпат на првенство уствари голманите ни се подобри од остатокот од екипата. Митревски и Томовски беа се на се коректни иако нема да имаат добри статистики. Исто и младите крила Костески и Кузманоски коректно одиграа. Тоа што требаше си го одработија.
Кузмановски иако сигурно овде ќе го пцуете мислам дека одигра доста солидно прво полувреме, скоро се што се креира за крило и пенали беа од него сработени. Не е само кој шутирал или кој дал гол, треба да се гледа комплетната слика. Но во второ и тој се изнаправи глупости и потона во тимското сивило. Пак ќе кажам, ова првенство е златна шанса да се проба Кузмановски-Танкоски како дуо. Танкоски не е којзнае каков играч но има и капацитет и доволно искуство за коректно да одигра.
За крај би додал и дека за жал од километар се гледаше дека Кире и Столе се комплетно надвор од форма. Корона сезона, карантини, не е ни чудно, а богами и во години се. Не знам ни колку од подготовките одработеа (Кире беше присутен ама не играше на пријателските, а Столе се приклучи на 2-3 дена пред полетување ако не грешам).
Што е тука е, треба да се продолжи понатаму и да се пробува да се победи на секој натпревар, па макар и губеле по 10 разлика (а со Египет сигурно не чека потоп, тие се поквалитетни од оваа Шведска).

Од 32 гола сигурно преку 20 гола ги дадоа од транзиција, главно продолжена транзиција не толку класични контри. Можеби и 25. На уништија на 2ка. Реалноста е дека Столе и Пешевски иако се одлични офанзивци не се профил на пикери што се соодветни за играње со Швеѓаните. Едноставно пребавно се враќаат или треба да се сменат. Плус се менува и Кире. Во школски перфектната продолжена транзиција што ја игра Шведска, ова практично е како да играат со 2 играчи повеќе, тие 3-4 играчи што се вратени на време се на стрелиште и многу тешко може да постигнат нешто. Плус и Талески е на добар пат да смени професија, веќе и во одбрана е за никаде, на страна што се плаши да шутира (неверојатно е како може на 20 години пикот на кариерата да го достигнеш и од тогаш наваму само да се уназадуваш). Истото важи и за Димитриоски. Овој реално и не треба да игра за репрезентација, откако отиде во Вардар не е ништо повеќе од просечно крило за суперлига.Со Шведска и без некоја драматична тактичка подготовка се знае што е клучното. Мора да се трча назад во одбрана. Ако се спречи транзицијата, пола работа е завршена. Во позицион напад, не е до толку опасна Шведска и кога е во полн состав а не вака.