на времето, 1982 купив фрижидер со комора горе, во дуќан во чаршија... последен беше а и немаше опаковка. Бевме договорени со вереницата таа да дојде со кола да го товариме, ама продавачот ни да праша туку викнал еден ром со моторче со 3 тркала.( веројатно имаше некој процент или пријател)... е сега ромот кажува ке го носам со моторчето фрижидерот и ќе го качам на 1 спрат за 250динари. Ај одиме со моторчето, јас седев позади ромот и дојдовме до зелен пазар, кај што живеев... го качи и сега да му платам, му давам 300 динари ама ромот не дава кусур 50 динари, вика квалитетно сум ти го носелПовремено ги ангажираш затоа е таква цената.
Еве јави се да купиш бела техника и прашај колку ќе ти земат за да ги го донесат до станот, ако живееш во зграда.
Теоретски двајца ќе го качат нештото за 10-20 минути, ама наплаќаат отприлика по 200 денари од кат (пример ако си на 7ми, 1400 денари ќе ти наплатат за доставата од влез до стан).


бу тхе веј, по 3 месеци готов беше станот во Аеродром па го селев сам фрижидерот со кола, а таму го качивме со лифт, беше пуштен. Туку по месец дена изгоре моторот,
( изгубил фреон, може имал некое мало оштетување бидејќи без амбалажа ми го продадоа..)..ми го поправија, а 2004 го однесов во Охрид во станот и до лани, 2020 беше таму, лани почна да не лади доле, само комора, ама сега нема ни мајстор ниту се исплати праење па го фрливме и купивме нов... ај да видиме колку ќе трае новиот
