Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.126
Поени од реакции
445
levica.mk
Новиот сајт на Левица.
Можете да пополните пристапница и да бидете дел од македонската револуција за смена на системот.
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.126
Поени од реакции
445
Скандал и апсење во Вевчани !!!
(ЕБР го растури карневалот)

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Еве читам и од Левица, спорадични коментари за скапите патарини за автопатот до Штип и убер-идиотската изјава на министерот за транспорт - сиромаштијата да си се вози преку Велес као до сега....мислам, пиар моронски, немање грам сенс за дипломатски одговор....глупак.

Е сега и овие што критикуваат....
Ок. Некој треба убаво да им објасни на револтираните дека одлуката да се гради автопат е донесена у кафана у време кога до коска е задолжена државата и нема ќор денар. Земени се господ-знае какви кредити, со астрономски камати и сега со овие патарини, средствата ќе се трошат за сервисирање на истите, а не за одржување на патот - што значи дека како што е веќе неквалитетно изграден, без одржување ќе се амортизира брзо. Е сега, да имаше некоја економска раздвиженост во Штип, па и циркулација на товарни возила, дневно патување на вработени до Штип - па и да разберам да имаш потреба да се фрлаат толкави пари - ова што? Сите од Штип што се испреселија во Скопје (и не само Штип, туку цел тој регион кон исток, Кочани, Делчево, Берово), сакаат да си се вратат за викенд на село и да фучат по автопат....секаде во светот важи правилото „колку пари, толку музика“. Што „работат“ во Скопје, што создаваат...државна администрацција...
Не го градевме патот со солидарност, домаќински или постепено, со понормално финансирање, туку како реклама за избори, со која се китат и двете банди што се шалтаат на власт.
Еве, памтете кога ќе го пуштат автопатот до Охрид (двеиљадистоинекоја година, ако сме живи да видиме), патарината до таму ќе чини повеќе од сместувањето, храната и скапите еспреса по кафичите и плажите - кога би го пуштиле денес - веројатно 1000ка во еден правец.

Ова го пишувам во темава, пошо треба да се знае што да се критикува. Што? Левица, нема да наплатува такви патарини? Жими тасета. Кинеската или која и да е банка, ќе те стрти на меѓународен суд, па има и пенали и казни и адвокати и судски трошоци да се доплаќаме колку уште еден автопат. Затоа требаше да се испоосудат поединци, кои ебаа мајката со провизии за овие тотално нон-сенс автопати, кои немаат никаква исплатливост.
 
M

Macedon1um

Гостин

Јас сум на став дека државава има пари ама се трошат на глупости, аналогно на тоа ако се скратат тие глупости ќе има поефтини патарини и сл работи. Ете идиотот Бочварски вика одете преку Велес ако не ви се плаќа патарини, а уствари стариот пат Велес - Скопје намерно не се поправа за да не одат по тој туку да си плаќаат скапи патарини. Друго дали има потреба од толку (партиски) вработени на патарините во време на ит ? Не, се надевам и тука ќе дочекаме да има промени
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Јас сум на став дека државава има пари ама се трошат на глупости, аналогно на тоа ако се скратат тие глупости ќе има поефтини патарини и сл работи. Ете идиотот Бочварски вика одете преку Велес ако не ви се плаќа патарини, а уствари стариот пат Велес - Скопје намерно не се поправа за да не одат по тој туку да си плаќаат скапи патарини. Друго дали има потреба од толку (партиски) вработени на патарините во време на ит ? Не, се надевам и тука ќе дочекаме да има промени
Не е дека не создава државава, ама не прави чуда, а тоа малку што го создава се троши дебилно. Ваков каков што е патов, нема ни економски да значи зажувување на Штип. Таму има некои текстилни фабрики, кои служат само за џиповите и луксузот на газдите - кој ќе патува? Шивачкине што се заразуваа најмногу, што имаат помалку права од робовите што ги граделе пирамидите у Египет? Нема да го видат тие автопатов.
И да не бидам погрешно разбран, Штип и сите тие градови заслужуваат да имаат добар пат, ама овој автопат е плод на политички маркетинг (ај еве да не зборам кој го почнал, пошо лошо ме етикетираат овде - и сдс и дпне се криви) и нема реална економска исплатливост. Во таа ситуација требаше да се бара решение за друг профил на пат или да се гради во две-три фази.
Кинеските банки се опасни гадови. Силно се поддржани од државата и финансираат проекти низ Европа, кои се тотално лудило, налик шеицине што си го пишуваат името да им се чита од вселената - исплатливост на проектот 0. Кина свесно го прави тоа за стварање на економска, а после тоа и политичка зависност. Не знам дали следиш во Србија - они имаат многу делници од овој тип. Градат автопат накај Црна Гора, кој служи само за одење на одмор летно време. Дури ни Црна Гора нема свој автопат за да се врзат.
Да не претерувам, ама овие форми на политичко купување се многу наивни и многу штетни. Не од калибарот на миљардата од Тајван, која па на нас ептен ни се тресна од глава политички, ама ова ќе го плаќаме со сиромаштија.
Делот со вработувањата си во право, ама тоа не е толку страшно како ова што го зборам.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.638
Поени од реакции
7.509

Како е можно апсолутно секогаш државата да е презадолжена, да нема пари кога СДС е на власт. Абе камен врз камен немаат ставено во државава 4 години ( а немаат воопшто ниту еднаш во нивните 16 години власт направено ниту еден капитален проект). Апсолутно ништо немаат направено, толку се деструктивни што буквално секој пат кога ќе дојдат на власт езерата ги снемува во државата. Сите проекти кои не беа 90% завршени како тој автопатот до Штип ги прекинаа. Во исто време земаа за 4 години кредити колку овие за 8 и пак нема пари за ништо во државава.

Навистина е зачудувачки. Значи има 200 милиони евра пари за нов мебел по министерства, али ако патарината до Штип не е 160 денари тогаш немало да се има пари за да се отплателе Кинеските кредити.

? ? ?

Не е дека не создава државава, ама не прави чуда, а тоа малку што го создава се троши дебилно. Ваков каков што е патов, нема ни економски да значи зажувување на Штип. Таму има некои текстилни фабрики, кои служат само за џиповите и луксузот на газдите - кој ќе патува? Шивачкине што се заразуваа најмногу, што имаат помалку права од робовите што ги граделе пирамидите у Египет? Нема да го видат тие автопатов.
И да не бидам погрешно разбран, Штип и сите тие градови заслужуваат да имаат добар пат, ама овој автопат е плод на политички маркетинг (ај еве да не зборам кој го почнал, пошо лошо ме етикетираат овде - и сдс и дпне се криви) и нема реална економска исплатливост. Во таа ситуација требаше да се бара решение за друг профил на пат или да се гради во две-три фази.
Кинеските банки се опасни гадови. Силно се поддржани од државата и финансираат проекти низ Европа, кои се тотално лудило, налик шеицине што си го пишуваат името да им се чита од вселената - исплатливост на проектот 0. Кина свесно го прави тоа за стварање на економска, а после тоа и политичка зависност. Не знам дали следиш во Србија - они имаат многу делници од овој тип. Градат автопат накај Црна Гора, кој служи само за одење на одмор летно време. Дури ни Црна Гора нема свој автопат за да се врзат.
Да не претерувам, ама овие форми на политичко купување се многу наивни и многу штетни. Не од калибарот на миљардата од Тајван, која па на нас ептен ни се тресна од глава политички, ама ова ќе го плаќаме со сиромаштија.
Делот со вработувањата си во право, ама тоа не е толку страшно како ова што го зборам.

Од ова може лесно да се заклучи дека тебе тоа што ти смета е дека кредитите се Кинески и ништо повеќе. Како прво и Европа и Светската банка на нашиве им даваат неколку кратно кредити за "тековни трошоци", тоа се пари што они добро знаат дека 80-90% ќе бидат украдени. Второ и Светска Банка и ММФ се познати по тоа дека се најголемите мешачи во домашни политики. Чим влезеш со нив во игра они буквално се мешаат во се само да си ги задржат своите бизнис интереси.

Ќе те натераат и да продадеш монопол на водоснабдување, и енергетика, и патишта за кои си зимал од нив 1 милијарда кредит после ќе ги купат нивни луѓе за 100-200 милиони зошто ете не биле исплатливи. И сега на таквите мршојадци ЕУ, ММФ, итн ти да даваш тврдења дека ете Кина со своите кредити пробувала да се здобие со политичка моќ е во најмала рака СМЕШНО, КОМЕДИЈА.

Кина во најлош случај го прави истото што го прават ЕУ,Америка, ММФ. А и тоа е дискутабилно освен ако некој не стави тука статистика да ги видиме каматите и условите на сите кредити што се земени од нив и да ги споредиме со тие од Кина.
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.130
Поени од реакции
4.957
Не е дека не создава државава, ама не прави чуда, а тоа малку што го создава се троши дебилно. Ваков каков што е патов, нема ни економски да значи зажувување на Штип. Таму има некои текстилни фабрики, кои служат само за џиповите и луксузот на газдите - кој ќе патува? Шивачкине што се заразуваа најмногу, што имаат помалку права од робовите што ги граделе пирамидите у Египет? Нема да го видат тие автопатов.
И да не бидам погрешно разбран, Штип и сите тие градови заслужуваат да имаат добар пат, ама овој автопат е плод на политички маркетинг (ај еве да не зборам кој го почнал, пошо лошо ме етикетираат овде - и сдс и дпне се криви) и нема реална економска исплатливост. Во таа ситуација требаше да се бара решение за друг профил на пат или да се гради во две-три фази.
Кинеските банки се опасни гадови. Силно се поддржани од државата и финансираат проекти низ Европа, кои се тотално лудило, налик шеицине што си го пишуваат името да им се чита од вселената - исплатливост на проектот 0. Кина свесно го прави тоа за стварање на економска, а после тоа и политичка зависност. Не знам дали следиш во Србија - они имаат многу делници од овој тип. Градат автопат накај Црна Гора, кој служи само за одење на одмор летно време. Дури ни Црна Гора нема свој автопат за да се врзат.
Да не претерувам, ама овие форми на политичко купување се многу наивни и многу штетни. Не од калибарот на миљардата од Тајван, која па на нас ептен ни се тресна од глава политички, ама ова ќе го плаќаме со сиромаштија.
Делот со вработувањата си во право, ама тоа не е толку страшно како ова што го зборам.
Браво глуп си. Ме мрзи да пишувам километарски пост да ти објаснам зашто.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Неверојатно е каква неписмена багра има пристап до форумот.

Пишуваш дека кредитот е добиен без да се оправда економска исплатливост и има висока камата - „ти си анти-кинез, про-еу“.....каде бе само прочита дека величам и воспевам некои други банки? каде?....не ми се дискутира даље.
Не најде ништо спорно за тоа што зборам дека недомаќински се трошат даночни пари....него Кина ти боде очи....значи Трамп ич да не го спомнувам?

Ист случај ако напишеш нешто против вмороните - одма си сдс....пола од копучааната што ги прогласуваше #протестирам за предавници сега се преселени во темава и го воспеваат денес Апасиев (кој беше во први редови)....истите што на паторот му го пушеа за добро утро на форумов.

@Down ич к*р не ме заболе
 
Не се согласувам со тебе, поврзувањето и добри патишта мора да биде главен приоритет ако сакаме да има шанси за некакво заживување на овие места. Не гледај само на автопатот од Скопје кон Штип туку гледај ја пошироката слика, се поврзува целиот Исток поточно во моментов се гради и патот Штип кон Кочани со тоа и ене кај е Делчево и Бугарија. Од друга страна имаш и поврзување на Штип со нов експресен пат кон Радовиш и Струмица т.е нашата јужна граница

Ете сега Свети Николчани и Штипјани комотно можат да работат во Скопје без да мораат да се селат таму, пола саат возење не е ништо
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.024
Поени од реакции
19.499
Како е можно апсолутно секогаш државата да е презадолжена, да нема пари кога СДС е на власт. Абе камен врз камен немаат ставено во државава 4 години ( а немаат воопшто ниту еднаш во нивните 16 години власт направено ниту еден капитален проект). Апсолутно ништо немаат направено, толку се деструктивни што буквално секој пат кога ќе дојдат на власт езерата ги снемува во државата. Сите проекти кои не беа 90% завршени како тој автопатот до Штип ги прекинаа. Во исто време земаа за 4 години кредити колку овие за 8 и пак нема пари за ништо во државава.
Тоа со прекинувањето на проектите им е ПР, провиден гол селски популизам наменет за проста и наивна маса народ.

Прекинуваат проекти кои се завршени или речиси завршени, дополнително се задолжуваат за истите, крадат и лапаат тендери (да не останат покуси од нивните претходници), на крај ќе фрлат уште десетина метри асфалт и сето тоа ти го продаваат како успешно реализиран проект на партијата. Со чочек, со сѐ.

Пред секои избори пуштаат видеа низ медиумиве како тоа СДСМ за две години изградилe илјадници километри автопати, пруги, железници, а всушност се фалат со туѓи проекти. Човек да си помисли јапонци имаме на власт, а не популистички кловнови кои пуштаа во употреба автобуска постојка со музика и DJ.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.638
Поени од реакции
7.509
Неверојатно е каква неписмена багра има пристап до форумот.

Пишуваш дека кредитот е добиен без да се оправда економска исплатливост и има висока камата - „ти си анти-кинез, про-еу“.....каде бе само прочита дека величам и воспевам некои други банки? каде?....не ми се дискутира даље.
Не најде ништо спорно за тоа што зборам дека недомаќински се трошат даночни пари....него Кина ти боде очи....значи Трамп ич да не го спомнувам?

Ист случај ако напишеш нешто против вмороните - одма си сдс....пола од копучааната што ги прогласуваше #протестирам за предавници сега се преселени во темава и го воспеваат денес Апасиев (кој беше во први редови)....истите што на паторот му го пушеа за добро утро на форумов.

@Down ич к*р не ме заболе
Неписмена багра по дома во огледало ќе си викаш.

  1. Твоето тврдење дека државата е презадолжена и нема ќор денар за автопат.
    Ок. Некој треба убаво да им објасни на револтираните дека одлуката да се гради автопат е донесена у кафана у време кога до коска е задолжена државата и нема ќор денар.
  2. Твоето давање мислења за какви се кредитите без да приложиш ниту една цифра за нивниот износ, камати не па некаква споредба со кредитите што веќе се земени од други места.
    Земени се господ-знае какви кредити, со астрономски камати и сега со овие патарини, средствата ќе се трошат за сервисирање на истите, а не за одржување на патот - што значи дека како што е веќе неквалитетно изграден, без одржување ќе се амортизира брзо.
Јас на ова ти одговорам со фактот дека ако има 200 милиони евра за мебел по министерствата, да не ни почнам за советници, министри без ресор, министерства за рекетирање на ДУИ. Се земени кредити за 4 години колку за 8 без да биде ставено камен врз камен во државата, притоа се прекинати и сите тековни проекти кои ги наследиле и со тоа мојот аргумент е дека неможе да нема ќор денар до таа сметка да мора од патарини само да го враќаат кредитот за автопатот. Е ништо од тоа што јас сум го кажал не било одговор на твојот коментар за недомаќинско работење.

ШТО?

Па нека ги префрлат тие 200 милиони евра од мебел во исплата на ратите од кредитот и ете не мора да има толку високи патарини. Ќе преживеат некако во следните 3 години без нов мебел. Еден мочан автопат им се изгради во Источна Македонија во овие 30 години и сега на нос уште им го вадат. Недомаќински бил изграден. Да беше овој автопат врвот на недомаќинско работење во Македонија, досега ќе бевме Норвешка. Браќата во влада трпаат по 60 к евра годишно по пратеник за патни трошоци, и се трошат по десетици илјади евра месечно на ручеци и вечери. Али Штип што доби автопат е тоа е крајот, тоа така не може. Мислам дајте домаќински мора да се работи.

Пишуваш дека кредитот е добиен без да се оправда економска исплатливост и има висока камата - „ти си анти-кинез, про-еу“.....каде бе само прочита дека величам и воспевам некои други банки? каде?....не ми се дискутира даље.
Не е дека не создава државава, ама не прави чуда, а тоа малку што го создава се троши дебилно. Ваков каков што е патов, нема ни економски да значи зажувување на Штип. Таму има некои текстилни фабрики, кои служат само за џиповите и луксузот на газдите - кој ќе патува? Шивачкине што се заразуваа најмногу, што имаат помалку права од робовите што ги граделе пирамидите у Египет? Нема да го видат тие автопатов.
И да не бидам погрешно разбран, Штип и сите тие градови заслужуваат да имаат добар пат, ама овој автопат е плод на политички маркетинг (ај еве да не зборам кој го почнал, пошо лошо ме етикетираат овде - и сдс и дпне се криви) и нема реална економска исплатливост. Во таа ситуација требаше да се бара решение за друг профил на пат или да се гради во две-три фази.
Кинеските банки се опасни гадови. Силно се поддржани од државата и финансираат проекти низ Европа, кои се тотално лудило, налик шеицине што си го пишуваат името да им се чита од вселената - исплатливост на проектот 0. Кина свесно го прави тоа за стварање на економска, а после тоа и политичка зависност. Не знам дали следиш во Србија - они имаат многу делници од овој тип. Градат автопат накај Црна Гора, кој служи само за одење на одмор летно време. Дури ни Црна Гора нема свој автопат за да се врзат.
Да не претерувам, ама овие форми на политичко купување се многу наивни и многу штетни. Не од калибарот на миљардата од Тајван, која па на нас ептен ни се тресна од глава политички, ама ова ќе го плаќаме со сиромаштија.

Делот со вработувањата си во право, ама тоа не е толку страшно како ова што го зборам.
Пишува пола пост каде што искажува негативно мислење за кина и кинеските кредити без да приложи ниту една цифра за да се направи споредба. Се чуди кога ќе му потенцираат дека е доста сомнително кога конкуренцијата им е ММФ.

И за крај да гајле ми е ако автопатот не е економски исплатлив, технички ниту еден автопат во Македонија не е исплатлив зошто нема доволно проток на производи или луѓе за да се вратат парите. Што значи тоа дека не треба да имаме автопати и патишта? Ај ако не асфалитирана улица ќе имаме само во Скопје ( а и тука ќе биде тенко за некој општини).
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Ете ти и од ане еден лајк за потврда на вредноста на постот што го напиша.
 
Член од
23 август 2015
Мислења
240
Поени од реакции
434
Ако сакаме економски напредок мора да се инвестира во инфраструктура, патишта, железници, авиосообраќај и сл. Не знам зошто толку сте се фатиле за економската исплатливост на автопатот. Точно дека сега не е исплатлив, но како да очекуваме да живне истокот ако не поврзан квалитетно со остатокот од државата и регионот. Што требаше на секое одење од Скопје до Берово, Делчево, Виница да мењаме амортизери или евентуално да останеш без раткапна ( и тоа ми се има случено ). Тоа што кај нас партиите секој настан и проект го штелуваат така да политички да профитираат сте сосема во право, но во 21 век уште да воземе по калдрма и коцки е срамота.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom