Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Нека ги пратат Зеленортски Острови дома. Добра е таа група за нас (мада мислам секоја група во овој момент би ја поминале 100% сигурно) со Уругвај.
 
Без нас не може. Па и таман, веќе имавме две контролки со Чиле. Домаќинот бегаше од нас, сега налета пак на нас. Одлична група е таа, со оглед дека Шведска е доста ослабена.
 
Absolute scenes when ќе отпадне некоја екипа, ќе ја викнат Македонија и 90% од нашиве ќе бидат позитивни :ROFLMAO:
Сите се негативни, секојдневно им прават PCR последниве денови.
 
Колку време веќе тренираат нашите? Некој нешто повеќе инфо да даде околу тоа како и за поклучните играчи дали се фит?
 
Гледам реприза Данска - Македонија, како во последна секунда Линдберг дава гол за победа на Данска, (ако добро се сеќавам со реми игравме сигурно во полуфинале), добро си викам бе како можит олку баксуз репрезентација да сме, сеќавајки се исто на пеналот на Манасков против Чесите..во меѓувреме потајно се надевам дека ај можда ова година ќе ни се усреќи и сепак ќе играме на светско, влегвам на форумов читам Чеси одустали, Pure JOY !!!:oeoeoe::jeeee:
 
Гледам реприза Данска - Македонија, како во последна секунда Линдберг дава гол за победа на Данска, (ако добро се сеќавам со реми игравме сигурно во полуфинале),
Најболна спортска меморија.
 
Колку време веќе тренираат нашите? Некој нешто повеќе инфо да даде околу тоа како и за поклучните играчи дали се фит?
Нашите се спремаа и играа две пријателски со Чиле (со кого би играле во трето коло во понеделник). Мислам како да знаеја дека ќе играат сигурно (а веројатно претпоставуваа и во која група со оглед на раните случаи во Шведска и Чешка).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom