Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Наташа релативно засега се покажа како подобар градоначалник од Двојче....сега неблагодарно е да споредам некој со Двојче со оглед дека немаше поголемо дно од него ама пак барем оваа напрај некоја улица и нема никаков скандал(Двојче имаше 1000)..плус трибината со офицерски ги среди.....ама пак недоволно е ова за Битола и очекувањата што ги имаат луѓето па затоа се плачи толку.

Сигурно ќе добие Наташа од оваа перспектива...Дпмне се тешко дно моментално и не знаат која планета се...Сдсм ќе напрај притисок невиден и плус Дуи веројатно ќе ги подржи со 1500 гласачи...на нас неутралните ни остана Габриела единствена надеж...Левица тука мора да ја подржи Габриела и да не се глупираат сами да одат.
Јас не гледам промена од Двојче до Наташа.
Битола ептен е во слободен пад, не дека другиве места не се, ама сепак важеше за некој регионален центар.

- За болницата ништо не излобирала, гледавме по видеата какви се условите и сам имав таква чест да се прошетам низ неа па да видам.

- Битола остана со еден воз дневно до Скопје ако се сеќавам.Воз за Лерин уште не е поминат

- Градскиот превоз возилата необновени, за разлика ете од Прилеп

- Ебаната Партизанска барем делумно да ја средеа, да заличеше транзитот на нешто.

- Горе накај Нова Битола дали е нешто асфалтирано или остана така живи темници и кал?

- Свлечиштето на Баиро колку време го средуваа.

- Излезот кон Прилеп заврши на гробиштата кај Света Недела

- Асален паркинг кај Епинал, ќе имаше некоја подземна/катна гаража

- Копанки и Пелистер ужас, на зима две коли не можат да се разнимат од шо е чист патот

- РЕК Битола, филтри, екологија, воздух

И тука не гледам промена на подобро ама баш никаква од Двојче.
Доволно напишав?
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846

Болницата,РЕК и Железниците не се надлежност на градоначалникот. За другото во право си.
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.225
Поени од реакции
661
Жителите се против платеното паркирање во Карпош - Богоев и СДСМ насилно го воведуваат зонското паркирање❗

FB_IMG_1610345697399.jpg

➡ Членови на локалниот огранок на Левица во Карпош спроведоа теренска анкета на територијата на Карпош 1 и Карпош 2, населби во кои се планира воведување на платено паркирање.

67% од испитаниците одговорија дека се против воведување на зонско паркирање на територијата на Општина Карпош, а 23% од испитаниците се изјаснија за воведување на зонско паркирање. При тоа 65% од испитаниците се изјаснија дека се за организирање на референдум на кој ќе може жителите да се изјаснат по ова прашање.

“Требаат паркинзи, а не воведување на зонско паркирање” и “Зонското паркирање нема да го реши проблемот со паркирање” беа најчестите одговори кои ги даваа жителите.

Недостатокот на паркинг простор е директна последица на неконтролираното издавање градeжни маркици и узурпација на слободниот простор со станбени згради. За тоа се свесни жителите исто како што се свесни дека Богоев ги излажа дека ќе изгради еколошки паркинзи на повеќе нивоа. Свесни се и дека крајната цел на воведувањето зонско паркирање е прибирање на финансии од граѓаните и вработување на партиски послушници во пресрет на локалните избори, а не решавање на проблемите со паркирањето.

Резултатите од оваа анкета се целосно спротивни на оние на кои се повика Богоев и општината. Тоа е доказ дека и оваа одлука општинската администрација сака да ја спроведе насилно, спротивно на барањата и потребите на жителите.

➡ ЛО Левица Карпош јавно го повикува градоначалникот Богоев да ја стопира постапката за воведување на зонско паркирање, во спротивно Левица ќе иницира спроведување на локален референдум.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.127
Поени од реакции
3.909
Една работа што треба да се смени е локалните избори да не бидат партиски. Напротив, нека си номинираат граѓаните на општините соодветни и вредни луѓе кои се имаат докажано и покажано. Познавам луѓе кои ете си се главни на куќен совет и се вредни, одржуваат дворови, ако лифт се расипе да се викне служба одма, менување сијалици, фарбање... има и такви кои парите наместо за нови сијалици, за хигиеничарка, си одат право во нивен џеб. :facepalm:
Од сите политички функции, мислам дека градоначалник е една од покреативните и без замарање со многу политики. На некој треба да му е ќеф да се средат паркчиња, улици изметени чисти, средено и спастрено околу, средени дворови, да ужива дека има нешо креирано.
 
Тоа во демократско општество како шо е нашево е невозможно. Секое крадоначалниче ќе сака да си лапа јали тендерче јали виличка јали станче...
Тоа кај нас функционираше како што велиш ти само за време на социјализмот.
Раководителите на општини од страна на Левица ќе воведат ред во урбаниот хаос.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
Битола до сега трамвај требаше да има, не па катна. Поголем ужас од град нема.
Битола е еден од градовите кој навистина нема среќа со градоначалници. Со години немаат асална власт независно од политичката припадност. Они први би требало да ги казнат двете политички партии. Левица треба да направи паметен избор бидејќи е факт дека немаат доволно луѓе, да се фокусира на општини како Битола.
Според мене Левица може да игра во: Битола, Аеродром, Ѓорче Петров и Кисела Вода.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.770
Поени од реакции
2.329
Проблем е у тој и да победи некој од Левицу и стане градоначалник овие од власт ќе га саботирав. Нема да издвоив средства за његову општину к'д ќе треба, а без паре не може да испуни тој што е обеќал. Виде се у комисију што се дешава к'д треба да се одобрив средства за некоју општину.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.216
Поени од реакции
34.484
Една работа што треба да се смени е локалните избори да не бидат партиски. Напротив, нека си номинираат граѓаните на општините соодветни и вредни луѓе кои се имаат докажано и покажано. Познавам луѓе кои ете си се главни на куќен совет и се вредни, одржуваат дворови, ако лифт се расипе да се викне служба одма, менување сијалици, фарбање... има и такви кои парите наместо за нови сијалици, за хигиеничарка, си одат право во нивен џеб. :facepalm:
Од сите политички функции, мислам дека градоначалник е една од покреативните и без замарање со многу политики. На некој треба да му е ќеф да се средат паркчиња, улици изметени чисти, средено и спастрено околу, средени дворови, да ужива дека има нешо креирано.
Една година терам како претседател на Куќен совет со бројни реализирани проекти и без украден денар. Заинтересираните партии може да ме контактираат за кандидат во Inbox :pos:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Проблем е у тој и да победи некој од Левицу и стане градоначалник овие од власт ќе га саботирав. Нема да издвоив средства за његову општину к'д ќе треба, а без паре не може да испуни тој што е обеќал. Виде се у комисију што се дешава к'д треба да се одобрив средства за некоју општину.
Прилеп ја имаше оваа лоша комбинација неколку мандати со ред и градот изгледаше бетер од село.
Макар што е повеќе до човекот отколку до тоа кој е на власт, според мене е битно човекот да има сенс за менаџмент.
Марјан во Прилеп и украде многу, ама и го смени градот во голема мера на подобро, oвој сега демек доктур ама теле невидено од аспект на градоначалник, се што фати како со задното дебело месо да го фатил. Да не правиме муабет дека имаме најскапа вода и ѓубретарина во државава.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.982
Поени од реакции
37.252
Една година терам како претседател на Куќен совет со бројни реализирани проекти и без украден денар. Заинтересираните партии може да ме контактираат за кандидат во Inbox :pos:
Ако ти понудат од Интегра? :icon_lol:
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.399
Поени од реакции
38.885
Сдс имаат минимум 220к гласови гарантирани од членството, пред да дојдат на власт имаа едвај 150к. Се живо и мртво и во вегетативна состојба е напикано во администрација, плус имаат уште 10-15к кои ги држат на ветување.

Ќе изгубат гласови можда кај тие што гласаа за промени во 2016, али членството никојпат не било толку јако во последните 15тина години. Ќе изгубат некои општини, али сепак целокупните избори ќе ги победат лаганица. Единствено позитивно шо ќе испадне од работата се надевам ќе биде пензијата на Мицковски, толку мртов лик до сеа немало дпмне.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.770
Поени од реакции
2.329
Прилеп ја имаше оваа лоша комбинација неколку мандати со ред и градот изгледаше бетер од село.
Макар што е повеќе до човекот отколку до тоа кој е на власт, според мене е битно човекот да има сенс за менаџмент.

Да не правиме муабет дека имаме најскапа вода и ѓубретарина во државава.
Да е само у Прилеп овој проблем у целу Македонију е исто. А за градоначалник треба и моќ за лобирање и треба поддршку од власт. И да имаш чувство за менаџмент, ако немаш поддршку од власт џабе е све.

За по градови и општо за Прилеп не знам каква е ситуација. Ама ти спомна кључан фактор и тој често се дешава у свите општине. А тој е скапа вода и комуналне услуге. Свите градоначалници кои имав минус на конто на општину пробуев на овакв начин да га покриев. Најл'сно е да му земет на народ и затој ги качуев воду и комуналне услуге. Тој им е погрешан начин да га израмнив конто. И што е најинтересно што спомна за Прилеп дек има најскупе комуналне услуге, а по реку овија днови им плутав шишиња.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Да е само у Прилеп овој проблем у целу Македонију е исто. А за градоначалник треба и моќ за лобирање и треба поддршку од власт. И да имаш чувство за менаџмент, ако немаш поддршку од власт џабе е све.

За по градови и општо за Прилеп не знам каква е ситуација. Ама ти спомна кључан фактор и тој често се дешава у свите општине. А тој е скапа вода и комуналне услуге. Свите градоначалници кои имав минус на конто на општину пробуев на овакв начин да га покриев. Најл'сно е да му земет на народ и затој ги качуев воду и комуналне услуге. Тој им е погрешан начин да га израмнив конто. И што е најинтересно што спомна за Прилеп дек има најскупе комуналне услуге, а по реку овија днови им плутав шишиња.
Дефинитнивно, на крај волшебник не е никој, мора да влезат од некаде пари ако сакаш да покажеш сериозни проекти.
Чек доправа ќе биде весело кога ќе почнат да рипаат даноците на недвижности и овие очекувам да се спуштат на локално ниво.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.791
Поени од реакции
8.500
Има одреден број на општини во Македнија кои се доволно урбани или имаат доволно бизниси/индустрија на своја територија за да можат да преживеат на своја рака. Битола и Прилеп дефинитивно не се дел од таа група зошто едноставно премногу време таму не е сработено ништо и тоа што постоело е запуштено, ова посебно важи за Битола. Дури и по некое чудо ако некој чесен победи, очекувањата би биле далеку поголеми од реалноста. Дури и од позиција на власт, парите што би требало да бидат вложени во Битола, Прилеп, Куманово, Кичево, Штип се огромни. Тетово не го ни спомнувам, тоа е дупка без дно. Цел државен буџет да се инвестира во тој град, нема да заличи на нешто.

А во секоја општина во Македониај ако се сака нешто повеќе од одржување на постоечкото да се направи тогаш мора да се добијат пари или од буџет или да се направи зделка со урбаната мафија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom