Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Дефинитнивно, на крај волшебник не е никој, мора да влезат од некаде пари ако сакаш да покажеш сериозни проекти.
Чек доправа ќе биде весело кога ќе почнат да рипаат даноците на недвижности и овие очекувам да се спуштат на локално ниво.

Овој с'с даноци на имот почнато е још пред избори у дел од општине. Качија ги даноци посебно у Источну Македонију, а у дел од општине немав ни улично осветлење и њега га плаќав.
 
Проблем е у тој и да победи некој од Левицу и стане градоначалник овие од власт ќе га саботирав. Нема да издвоив средства за његову општину к'д ќе треба, а без паре не може да испуни тој што е обеќал. Виде се у комисију што се дешава к'д треба да се одобрив средства за некоју општину.
како така да го саботираат? Со децентрализацијата секоја општина си има алоцирано средства од буџетот за локални потреби. Се знае што е задолжение на градоначалник, комунална хигиена, паркинг, јавен превоз, локални улици и слично. Неможе да се ветуваат или да се очекуваат фабрики, електрани и болници од градоначалници.

Она што треба Левица да направи е само правилно да ги алоцира тие пари и да прави строга контрола на квалитет откако ќе дадат проект на изведувач. Ако алоцираат 100000е за чистење на 100км канали за наводнување, тогаш да не ги префрлаат парите се додека не се исчистат сите 100км. Ако пример директорот на водовод што е со власта пробува да саботира, пратиму дисциплинска. Ако некој изведувач проба да крати на материјали или проба да поткупи инспекција прати му прекршочна. Тоа е тоа што го очекувам од Левица и општо од локалната власт.

Дефинитнивно, на крај волшебник не е никој, мора да влезат од некаде пари ако сакаш да покажеш сериозни проекти.
Чек доправа ќе биде весело кога ќе почнат да рипаат даноците на недвижности и овие очекувам да се спуштат на локално ниво.
Каков сериозен проект очекуваше од градоначалникот наш? Па мостон на рекана кај сточниот пазар го прават 2 години и потрошија околу 500 000 евра. За 10 метри мост :pos: .
Мислам дека го наместија комуњариве дека е стар и веројатно му имаат најдено некоја дамка низ кариерата па го управувааат како сакаат, си крадат на невидено.
 
како така да го саботираат? Со децентрализацијата секоја општина си има алоцирано средства од буџетот за локални потреби. Се знае што е задолжение на градоначалник, комунална хигиена, паркинг, јавен превоз, локални улици и слично. Неможе да се ветуваат или да се очекуваат фабрики, електрани и болници од градоначалници.

Разбирам те ја што сакаш да кажеш.Не збору ја за основни средства, него за реалоцирани. Ама си наодив начини да ги саботирав. Еве на пример преко комисију за финансирање и буџет. К'д имат потребу од дополнителни финансиски средства, увек к'д е градоначалник од опозициону партију одбиват га барање. Ако не добиет амин од власт, може само с'с прст у г'з да си бркнет. Затој ти збору. Имаше ситуацију одобрија за водовод у Липково, а за кумановску населбу која с'с године нема водовод не одобрија. И тој од СДС нели е градоначалник, ама замери се с'с његови и за инат не му дадоа. Демек немало проектан план овој оној и поеја вук магарца. Наоди се начин, ако се сака да се саботира.
 
како така да го саботираат? Со децентрализацијата секоја општина си има алоцирано средства од буџетот за локални потреби. Се знае што е задолжение на градоначалник, комунална хигиена, паркинг, јавен превоз, локални улици и слично. Неможе да се ветуваат или да се очекуваат фабрики, електрани и болници од градоначалници.

Покрај криминалот и процентот што го земаа сите претходни, ова е една од причините зошто даваа да се градат згради на секој чекор. Милиони денари од комуналии во државната каса се влеваат од секоја зграда (најчест проблем за Скопје).
Така да ако нема екстра пари од власта ќе мора да најдат начин да ги соберат од народот и инвеститорите.

Она што треба Левица да направи е само правилно да ги алоцира тие пари и да прави строга контрола на квалитет откако ќе дадат проект на изведувач. Ако алоцираат 100000е за чистење на 100км канали за наводнување, тогаш да не ги префрлаат парите се додека не се исчистат сите 100км. Ако пример директорот на водовод што е со власта пробува да саботира, пратиму дисциплинска. Ако некој изведувач проба да крати на материјали или проба да поткупи инспекција прати му прекршочна. Тоа е тоа што го очекувам од Левица и општо од локалната власт.

Ова мислам дека е најтешко да се изрегулира, кога станува збор за пари нема врска од која партија идат - сите се заедно. Така да ела најди дека требало навистина да ја казни фирмата или колку требало да биде казната.
Единствено нешто што може да функционира тука е да се дигне левелот на шпиунирање (тоа било и во СФРЈ или сегашниве со бомбите), па на тој начин да може да ги фаќаат корумпираните и да ги уценуваат да се повлечат од позиција, второ да ги избркаат сите и донесат нови деца и тоа на не подолг период од 1 мандат (па да ги сменат и нив), или евентуално да ги ротираат по региони (што на локално ниво тешко да даде ефект, на крај се знаат сите меѓусебно).

Каков сериозен проект очекуваше од градоначалникот наш? Па мостон на рекана кај сточниот пазар го прават 2 години и потрошија околу 500 000 евра. За 10 метри мост :pos: .
Мислам дека го наместија комуњариве дека е стар и веројатно му имаат најдено некоја дамка низ кариерата па го управувааат како сакаат, си крадат на невидено.

Од овој не очекував ништо, човекот требаше да си остане во медицина. Да бидам искрен од таа партија не ни очекувам да направи нешто арно, во ниту еден мандат градоначалник од таа партија нема со прст мрднато за доброто на градот (реално ни за доброто на државата).
Јас да се прашувам не би ни дозволил на ниеден доктор да се префрли во политика особено ако тоа е дефицит во државата.
 
Проблем е у тој и да победи некој од Левицу и стане градоначалник овие од власт ќе га саботирав. Нема да издвоив средства за његову општину к'д ќе треба, а без паре не може да испуни тој што е обеќал. Виде се у комисију што се дешава к'д треба да се одобрив средства за некоју општину.
Има решение и за тој проблем. Нека му дрпнат на Зајко 2 тона марихуана, еве 500 000 евра во градската каса.:ROFLMAO:
 
Има решение и за тој проблем. Нека му дрпнат на Зајко 2 тона марихуана, еве 500 000 евра во градската каса.:ROFLMAO:

Ја разбра ептен поштени биле они и патни трошкови не ги сакале. Штом се поштени , не треба да крадев ама како вика народ дај му на човек власт и ќе му видиш памет. :unsure:
 
Некој да ми кажуваше дека и после сите срања направени, сдс сеуште ќе биде главен фаворит, немаше да му верувам. Многу биле глупи Бранко, Љупчо, Грујо, што не знаеле за давање ваучери, очигледно за 100е овде се купува се.

И тогаш се поткупуваше на големо како и сега. Само разликата помеѓу тогаш и сега е што тие што би се продале за 100 евра денеска имаат далеку поголема гласачка моќ. Само помеѓу претходните и овие избори, намалена беше излезноста за некаде 150 000 + гласачи. Огромен број е тоа. Одеднаш 20-30к гласовите кои можеле да се купат за пари прават огромна разлика.

Другиот проблем е што ДПНЕ комплетно изгуби какво било присуство на терен зошто гледаат со презир на своите гласачи.Далеку повеќе преферираа да се умилкуваат на невладините одколку на своите луѓе кои се тепаа за нив. И сега се немоќни што било да спречат да се случува.

Третиот проблем е што модерното СДС ги вдоми кај себе и најситните шибицари по примерот на системот кој функционира во Струмица. Сепак иако СДС во времето на Бранко беше криминално дувло на шверц и останати работи, видете само какви луѓе прибра СДС во своите редови. Сите ситни криминалци од цела држава се кај нив во моментов, дури и албански.

Последниот проблем е што СДС игра според други правила од нивните противници ДПНЕ и Левица во моментов. Они не гледаат на изборите како на политичка игра туку на математичка и калкулантски влагаат за секоја позиција што може да се освои. 10 000 гласа во ИЕ6 се повредни одколку 20 000 во ИЕ1. На Левица политичкиот популизам за сега функционира и не гледам зошто би го смениле али сепак мислам дека околу изборите мора да се трудат да бидат што по прагматични. На ДПНЕ од друга страна популизмот е комплетна катастрофа и нив ги спасува само подобра организација и прагматичност али на истите не се спремни заради нивното его и прљав веш.

Во секој случај не мислам дека СДС е фаворит, ниту пак ќе ги заврши изборите со имиџ на победник. Зависно е се од Левица и ДПНЕ дали ќе ги поразат или не.
 
Другиот проблем е што ДПНЕ комплетно изгуби какво било присуство на терен зошто гледаат со презир на своите гласачи.Далеку повеќе преферираа да се умилкуваат на невладините одколку на своите луѓе кои се тепаа за нив. И сега се немоќни што било да спречат да се случува.
ВМРО ги подгази своите стари активисти. Во општинските и месните комитети постави нови кадри, голем дел од нив тешки комуњари. Сега комуњарата се врати во матичното јато, старите членови не се активни. Затоа им се случува ова.
Во секој случај не мислам дека СДС е фаворит, ниту пак ќе ги заврши изборите со имиџ на победник. Зависно е се од Левица и ДПНЕ дали ќе ги поразат или не.
Мислам дека СДС е фаворит. Не затоа што се толку јаки, немаат сериозен противник.
 
ВМРО ги подгази своите стари активисти. Во општинските и месните комитети постави нови кадри, голем дел од нив тешки комуњари. Сега комуњарата се врати во матичното јато, старите членови не се активни. Затоа им се случува ова.
Мислам дека СДС е фаворит. Не затоа што се толку јаки, немаат сериозен противник.

Плус е на Сдсм што не праи некој голем притисок на администрацијата, на оние од спротивниот табор. Јас на пример убеден сум дека на добар дел од оние што ги вработи Дпмне во администрација им е скурчено од таа партија (и гласаат контра) поради што ги тераа да трчаат секаде за сешто, сега барем раат се :D
 
Ќе дојде денот вмро и сдс заедно да се борат против Левица. Така да они исти си се за кој и да гласате од нив.
Они се демократи и го штитат капитализмот.
Додека Левица е свртена кон социјализмот и човековата еднаквост.
 
Nope, дојде време левица да се бори против двете големи партии без да смета на тивка подршка...
 
Nope, дојде време левица да се бори против двете големи партии без да смета на тивка подршка...
Левица нуди комплетна смена на системот којшто го знаеме последните 30 години.
 
Ќе дојде денот вмро и сдс заедно да се борат против Левица. Така да они исти си се за кој и да гласате од нив.
Они се демократи и го штитат капитализмот.
Додека Левица е свртена кон социјализмот и човековата еднаквост.
:kuracc:
 
Левица нуди комплетна смена на системот којшто го знаеме последните 30 години.
Левица во моментов може да понуди идеја за делумни системски промени... Во моментов колку и да сакаме сите да видиме промени сеуште немаат капацитет. И види, нема тука ништо лошо ниту погрешно, не се станува голема сила преку ноќ. Фали екипирање и регрутација на нови членови.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom