Invader
I am not in danger, I am the danger!
- Член од
- 17 ноември 2008
- Мислења
- 18.021
- Поени од реакции
- 22.930
На Фобер мисли ваљдаИма играно овој во Реал?
На Фобер мисли ваљдаИма играно овој во Реал?
Да да, се здркав со Обертан кој ако не се лажам беше на Ферги пронајдок.На Фобер мисли ваљда
Мене ми е жал што видот не ти е како што треба, преземи нешто додека не си дотерал до бел стап :Ја отворил темава за да го напише она за Хаверц. Каков беден лик.
И ајде, барем нешто точно да е од аргументацијата. Ниту сума, ниту статистика, ниту знае на која позиција игра играчот.
Хаверц е најнов супер-флоп во фудбалот така да точно е дека тој ме инспирира за оваа тема.Сето тоа не беше пречка Челзи да искешира 80+20 милиони евра. На 15 меча во ПЛ има 1 гол и дури 2 асистенции!
Има универзално прифатен критериум за тоа што е флоп? Ако го знаеш, напиши го, јас не знам.Кога веќе отвараш ваква тема, барем наведи некакви критериуми за номинирање на играчи. (пр. да не биде трансферот направен пред помалце од 1-2 сезони, повреди на играчи и сл.)
Уште одма си ги потенцирал Хаверц и Вернер. По која основа се флопови, после 15 изиграни утакмици? Може им треба време да се привикнат на лигата, гарантираш дека нема да се разиграат и да газат за некој месец?
Калстром и Денис што си ги пишал, Ибра у Барса, Шева у Челзи, Кепа у Челзи..тоа се веќе супер примери, ама за овие двајцава што пред 2 месеци дојдоа во Англија (едниот едвај 20 годишно дете) прерано е да се спомнуваат како флопови.
Ибра не е за во листава според мене, 46 утакмици, не знам колку стартер, 22 гола, 12 асистенции. Се тоа при лоши односи со Пеп, затоа и замина.Според мене трансфер промашувањата треба да се одредат врз основа на очекувањата за самата аквизиција,самиот статус на фудбалерот и каков беше исходот во периодот додека играчот настапувал за клубот што го ангажирал.
Мојата листа од Топ 10.
1. Дембеле (Дортмунд-Барселона) ..тука Барселона ги ограбија..100 и кусуро милиони за 19-20 годишен сумлив ѓуптин со само една добра сезона во лига каде што се игра ултра офанзивен фудбал.
2.Кутињо (Ливерпул-Барселона)..огромна сума е вложена од преку 140 милиони евра со никаков исход...Кутињо беше страшен играч во Ливерпул ,додека во Барселона тотално непрепознатлив иако стилот на игра му одговара...очигледно неможи да се сноси со притисокот и му одговара споредна улога.
3. Кепа( Ат .Билбао-Челзи)...80 милионски грабеж....неможам да го разберам потегот на управата на Челзи да вложат ваква астрономска сума за ГОЛМАН...ваков потег Интер не правеше во најдобрите времиња на Морати....80 милиони...ги потонаа...господ бог да е за голман не се дава толку пари.
4. Погба (Јувентус-Ман Јунајтед)...тука Јувентус ги одраа Јунајтед...100 милиони за играч што му го дадоа за без пари неколку години претходно на истата екипа ..и после 4 сезони никаков исход на теренот...играч со споредна улога шо игра топло-ладно секој натпревар...прав циркузант.
5.Мората (Реал Мадрид-Челзи) ..тука не ми е јасно како успеаа Реал за толку многу пари(80 милиони мислам) да му го продадат резервистот Мората кој си беше солиден во сезоната 2016-2017 ама пак не блескаше за да направи ваков трансфер...Челзи вообичаено со нелогичните потези...си ги почастија Реал за после една година да го пуштат на позајмица.
6.Гризман (Атлетико-Барселона)...веќе докажан играч што го ангажираа за 100 милиони ама непотребен...од километар се познаваше дека Гризман тешко ќе се вклопи со оглед на неговиот стил(левоног офанзивен играч) и позицијата што ја игра на теренот(комплетно иста со Меси)...Гризман е специфичен играч и нему му одговара да игра во копачка екипа со free role во нападот..за среќа негова и Франција преферира сличен стил како Атлетико Мадрид и затоа делуваше добар сегде...Барса игра поинаков фудбал
7.Хазард(Челзи-Реал)...тука неможам многу да ги обвинувам Реал Мадрид за трансферот бидејќи Хазард играше одлично во Челзи 2018-2019( што значи уште беше во форма) и баш таков играч му требаше со заминувањето на Роналдо една година претходно...но Хазард рапидно се здебели,стави килажа и неговиот непрофесионализам доведе до чести повреди...што од оваа перспектива испаѓа дека Реал ги почасти Челзи каде му врати за Мората
8.Пепе (Лил-Арсенал)...Арсенал се многу смешен клуб...тие со години ништо не пазарат, ама кога ќе испазарат обавезно глупости купваат...не знаат кај тераат..ниту знаат шо играчи да купат,ниту знаат каков фудбал да форсираат и какви играчи да донесат за дали да му се вклопат во системот...го земаат Пепе (недокажан сумлив играч од Франција) за 80 милиони, а во одбраната му играше Колашинац и некои сумливи играчи од школата...очајна аквизиција..прави кловној испаднаа со трансферот...за сега деца како Мартинез и Сака да играат пред него.
9.Ибрахимович ( Интер-Барселона) ...тука неможам премногу да ја обвинувам Барселона бидјеќи тоа време Ибрата беше звер и Топ 5 играчи во светот...плус му го дадоа и Ето(што му беше главен напаѓач таа сезона) покрај тие 70 милиони евра(во 2009 година)..за само една сезона да го пуштат на позајмица и рапидно да се ослободат од него...пари фрлени во ветер.
10. Има многу трансфери што заслужуваат да се во топ 10 како што се Шевченко во Челзи(2006 година),Торес во Челзи(2011)..ама тука би го ставил Кака (Милан-Реал Мадрид) во 2009 година за 60+ милиони евра....тогаш Реал во исто лето направи револуција и изнакупија се и сешто(Бензема,Роналдо,Алонсо,Кака,Арбелоа...)..сите се покажаа добри/одлични аквизиции освен Кака кој беше страшен во Милан..иако претходната сезона играше топло ладно сепак како играч буквално немаше никаков придонес во четирите сезони во Мадрид освен како role player.
Инфаркт имаш, смири се.Најлош трансфер, Лукаку во Интер. Човекот се заеба, ништо нема да освои.
Ај што е дебел ама топка да незнае да смири.Најлош трансфер, Лукаку во Интер. Човекот се заеба, ништо нема да освои.