Анкета: Локални избори 2021 (кандидати, активности и кампањи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

II фаза: За кого ќе гласате на локални избори 2021?

  • СДСМ

    Гласови: 17 7,2%
  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 65 27,4%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 108 45,6%
  • ДУИ

    Гласови: 6 2,5%
  • АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 2 0,8%
  • БЕСА

    Гласови: 2 0,8%
  • ДПА

    Гласови: 1 0,4%
  • Друга партија (ќе пишам за која)

    Гласови: 13 5,5%
  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

    Гласови: 23 9,7%

  • Вкупно гласачи
    237
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Се двоумам меѓу СДС и ВМРО. Повеќе бев наклонет кон вториве, ама за две години експресниот пат Ранковце-Крива Паланка се гради со експресно темпо, па можеби за нив ќе гласам. Нека помине летото, да видам до кај ќе стасаат.

@Acid Како е замислена втората фаза на гласање? Сосема нова анкета или...?
 
Каков ти Митко, Љупчо од Пеем се враќа накај пролет, откако ќе се смири пандемијава малку од малку. Ќе го скичми уште во прв круг.
Ако пресвети Љупчо Великомаченик се врати, јас ќе купам стан во Кавадарци за да можам да го гласам!
 
Значи како што реков клучен момент е изборот на кандидатот, да сум од Кавадарци ќе му дадев повторна подршка на Митко
Овој момент не го памтам
И датата е чудна, 19.10.2018
Веќе повика да се гласа на референдумот, ова изгледа за да глуми реформатор во вмро му е поднесено од комуњарите
 
Ако има некој со план/програма дека ќе го сруши Скопје и ќе го изгради од ново без сељачишта, ќе гласам за него/неа.
Во спротивно ќе одам со неважечко односно цртање на полови органи на ливчето.
 
Треба у анкетава да ставите и *нема да гласам.
Ајде уште е рано, незнаеме ни локално кои ќе бидат кандидатите, ама ако останат исти кандидати од СДСМ сигурно нема да гласам.
А СДСМ може едино да ги спаси нов кандидат и зелени политики (само незнам кој ќе им верува повеќе на нивните ветувања, од независните граѓани), али ајде да претпоставиме дека има уште надеж кај некои луѓе. Тогаш им треба нов човек и политики како низ Европава, субвенционирање електрични автомобили, дислоцирање на сите фабрики надвор од Скопје 10 километри, субвенционирање за греење на струја во зимските месеци, затварање на улиците во строг центар за автомобили, големите булевари ограничување на брзината на 40 км на саат, ако има две ленти во една насока, едната да е за велосипеди и тротинети.
Ако би понудил некој вакво нешто можеби и би гласал, поготово ако е човек што има некаков дигнитет и проценам дека можам да му верувам. Политиканти и демагози како Петре, не.

Еве и да напишам дека Петре на претходните избори го гласав, најповеќе ради што требаше промена после два мандати на Коце, и за одблокирање на кејот на Вардар што го ветуваше, пред се дислоцирање на галиите, запирање на градбата на тркалото и мостот и отстранување на спомениците. Толку многу се силеше и ветуваше за ова, и што направи ? Ене ги спомениците стојат, галиите сеуште се у Вардар после 4 години мандат, мостот кај тркалото го продолжи со градба, и со тоа кејот не го одблокира, па дури и почна нов мост да гради, раскопа и го доблокираше кејот кај почетокот во Н.Лисиче.... дно дна.

Еве има време неколку месеци да се искупи од срамот и да ги стопи спомениците, па од бакарот што ќе го шитне да го спаси ФК Вардар од пропаст, да ги тргне галиите да не собираат ѓубре и да го одблокира кејот пред летово.
 
Никад не ми било јасно зошто со голема река низ самиот центар никад немаа иницијатива да со исчистат Вардар и да направат симпатични местенца за седење покрај кеј... Не мислам на варијанти три маси и миење чаши во леген... Не мора топла вода да измислуваш, види како е во градовите кај што немаш непосредно сообраќајница покрај реката.
 
Многу ми сте јаки со Левица и останатите трети партии :pos: ....најмногу шо можат да добијат се по некое советничко место.....додеа во глобала СДСМ ќе издоминира бидејќи имаат власт/полиција на нивна страна, па ќе прават притисоци и ќе поткупуваат на големо на деноот на изборите,додека Дпмне се очајни и раскарани.
 
Нема да гласам на локални освен ако има во пакет и предвремени парламентарни избори и во тој случај гласам за левица.
 
Мене ми е интересно што Албанците најчесто се сликаат покрај воинот на коњ. Зошто, како немам појма.

И мене нај парадоксален феномен ми е тоа :ROFLMAO: само албанци, нинџи и роми седат околу фонтаната на аце, ја гледаат, и се диват и се сликаат.

Многу ми сте јаки со Левица и останатите трети партии :pos: ....најмногу шо можат да добијат се по некое советничко место.....додеа во глобала СДСМ ќе издоминира бидејќи имаат власт/полиција на нивна страна, па ќе прават притисоци и ќе поткупуваат на големо на деноот на изборите,додека Дпмне се очајни и раскарани.

У главном е така, ама во поруралните места, кај што има роми, турци, торбеши, албанци и селско македонско население.
Во Карпош, Центар, К.Вода, Аеродром и Град Скопје поткуп, притисоци, и местенки шанса нема. Ќе си го сркнат прописно во овие места, mark my words. Ништо не направија а многу ветуваа, и прелажаа куп луѓе. Да не набројувам ама Марин у Аеродром зелени површини, паркови како кај мајчин дом и тобако им ги направи зградишта со 20 спрата и стотици стана, а ќе носеше мораториум на градбите, ги излажа, утепа. У Карпош тој имал просек една дозвола за градба на зграда на ден, а му се смееја и го хејтаа на Стефче за истото. Плус вети парк кај депонијата кај салата Борис Трајковски, а ене ја се поголема и поголема станува депонијата. И им опна зонски паркинг во некои делови :)
 
И мене нај парадоксален феномен ми е тоа :ROFLMAO: само албанци, нинџи и роми седат околу фонтаната на аце, ја гледаат, и се диват и се сликаат.
И јас би да се сликам, ама одма ќе испаднам глуп, неписмен и сељандура, така што подобро само да се дивам.
 
У главном е така, ама во поруралните места, кај што има роми, турци, торбеши, албанци и селско македонско население.
Во Карпош, Центар, К.Вода, Аеродром и Град Скопје поткуп, притисоци, и местенки шанса нема. Ќе си го сркнат прописно во овие места, mark my words. Ништо не направија а многу ветуваа, и прелажаа куп луѓе. Да не набројувам ама Марин у Аеродром зелени површини, паркови како кај мајчин дом и тобако им ги направи зградишта со 20 спрата и стотици стана, а ќе носеше мораториум на градбите, ги излажа, утепа. У Карпош тој имал просек една дозвола за градба на зграда на ден, а му се смееја и го хејтаа на Стефче за истото. Плус вети парк кај депонијата кај салата Борис Трајковски, а ене ја се поголема и поголема станува депонијата. И им опна зонски паркинг во некои делови :)

Од кој ќе го лапнат?..од кандитати на ДПмне шо не постојат моментално?...и во Центар и Карпош ќе го лапнеле? :pos: ...најсдсмовски општини во Македонија се овие..тука нема шанси...и Град Скопје генерално Шилегов ќе победи оти ќе се здружат со Дуи..за другите места не знам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom