Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.216
- Поени од реакции
- 34.484
Хеј, знам дека годината штотуку започна, ама според тоа што го гледам - „тивката кампања“ за претстојните локални веќе одамна е започната. Темава ја отворам за сите дискусии поврзани со претстојните локални избори, кои би требало да се одржат некаде во октомври 2021 - два месеца порано од планираното, затоа што градоначалниците и локалната самоуправа имаа продолжен мандат поради кризата во 2017 година.
Отворам и анкета, која ќе оди во 2 фази.
Прва фаза: Од почетокот на годинава до официјалниот старт на кампањата
- Во оваа фаза членовите ќе имаат можност да гласаат за 2 опции, но и да го променат гласот во секој момент, согласно актуелното мислење и репутација на потенцијалните кандидати/партии. Нели, затоа што можеби на почеток сте имале еден фаворит, но направил кикс, па сте одлучиле да го смените гласот и слично Или, се двоумите помеѓу две опции. Гласовите се тајни и не се видливи за останатите членови и модераторите.
Втора фаза: Од официјалниот старт на кампањата, до крај.
- Во оваа фаза членовите ќе може да гласаат само за 1 опција, без можност да го променат својот глас. Гласовите се тајни и не се видливи за останатите членови и модераторите.
На крај би било интересно да ги споредиме резултатите од двете фази со финалните резултати од изборите