Која википедија бе глупчо... Не тропи коа не знаеш...
Од исламски ценатар ми е ова... А и ова што ќе следува...
СЛАВНИОТ ИСЛАМСКИ ВЛАДЕТЕЛ САЛАХУДДИН ЕЈЈУБИ
Меѓу големиот број на истакнати исламски владетели и личности влегува и Салахуддин Ејјуби, освојувачот на Ерусалим од крстоносците.
Роден е 1138 година во градот Такрит на реката на Тигрис, северно од Багдад (Ирак). Родителите му биле Курди. Татко му Ејјуб бил наредник во градот Баалеббеку (антички Хелиополис со добро зачувани стари храмови, денеска во Либан, недалеку од Бејрут).
Во јавноста младиот Салахуддин по прв пат се спомнува во 1164 година, кога го прател својот стрико во неговиот поход на Египет. По смртта на неговиот стрико Есудуддин, Салахуддин станува намесник на Египет, а кога умира и после-дниот фатимиски халифа Ел-Адид (1171 год.) Салахуддин станува владар на Египет и ја основува ејјубиската династија, која владеела со Египет и други исламски краеви до 1250 година.
Иако никој не неможел да му попречи, Салахуддин не сакал да се прогласи за халифа, туку го признал халифата во Багдад. Покрај Египет Салахуддин набрзо завладеел со Сирија, со земјите на Магриб (Алжир, Тунис, Мароко и Либија), Нубија, западна Арабија, Палестина и Месопотамија.
Во времето на Салахуддин господареле крсташите. Салахуддин ставил обврска врз себе дека ќе го поврати Ерусалим и другите градови и во тоа успеал. Во битката на Хиттин 1187 година. Салахуддин ја заробил сета франачка армија од околу 20.000 луѓе. Да го следел крсташкиот пример, сите би ги поубил, меѓутоа Салахуддин сите ги ослободил, дури и ерусалимскиот крал Гија де Лизинјана, кој свечено пред Салахуддина се обврзал дека нема повеќе да војува против муслиманите, но тоа во првата дадена прилика го прекршил заветот 2.10.1187.
Не се помни дека некој негов војник за нешто се пожалил. Го обединил исламскиот свет од реката Фурат до реката Нил по прв пат со цел да и застане во лицето на Европа која сета свој располжив капацитет го подготвила во борба против муслиманите. Под негово водство се обединиле толку исламски народи што не било забележано порано такво чудо.
На англискиот крал Ричард (Лавовско срце) самиот Салахуддин му пружил лекарска помош, кога овој се разболел и самиот лично го посетил. Кога на Ричард му била кажано кој е, се преплашил, но Салахуддин му рекол: „Не плаши се Ричарде, можев да ти подметнам отров во лекот, но ние муслиманите тоа не го правиме. Ти повеќе не си мој непријател. Ти сега си болен, а додека си таков, должен сум да ти помогнам. Јас сега ја извршувам човечката обврска. Ние муслиманите не се служиме со измами, а убиваме само на воено поле."
Кога дознал Салахуддин за болеста на Ричард наредил војната да се прекине, а и продолжена по неговото оздравување. Најверојатно да би бил друг на местото на Салахуддин тоа би го искористил и би навалил со сета снага непријателот да го дотепа.
При една од бројните битки за Ерусалим муслиманските војници го заробиле атентаторот на Салахуддин. Сите очекувале, дека кога ќе го доведат пред Салахуддин дека тој ќе нареди да го убијат. Проткаен со неизмерен исламски хуманизам, Салахуддин тоа не го направил, напротив му подарува слобода со единствен услов да не се враќа кај крсташите, туку да остане во исламската држава.
Во една прилика кај Салахуддин бил доведен заробен крсташки витез кој признал дека убил голем број на муслимани. На прашањето на Салахуддин, која му е последната желба, крсташкиот витез одговорил дека желба би му била да ја најде скршената сабја со која се борел против муслимани и нејзините делови со него да ги погребат. Ваквиот одговор толку му се допаднал на Салахуддин што наредил да се ослободи и да му ги пронајдат деловите на сабјата. При разделба му ја подарил својата сабја.
Што мислите Ричард како се реванширал на муслиманите? Во опколената Ака, град во кој на муслиманите не можела да им стигне никаква помош, па на крај биле принудени да се предадат, Ричард наредува да се убијат 2.700 муслимани-заробеници.
Славниот Салахуддин Ејјуби умрел во почeтокот на март 1193. во Дамаск, каде е и закопан во близината на Емевијската џамија.
Овој исламски владетел како и многу други, ја потпомагал науката, ги штитил и наградувал учените, копал канали, основал школи и подигал џамии. Една од неговите проживеани градбени споменици е Каирската тврдина, чија градба започнала 1183 година.
Колку бил скромен сведочи и тоа што од воениот плен за себе ништо не земал. Според исламскиот историчар Ебул-Фида, кој и самиот бил Ејубија, Салахуддин зад себе оставил само четириесет и седум дирхеми и еден златник. Тоа било неговото цело наследство, иако можел да има огромно богатство. Меѓутоа, наместо материјалното богатство, Салахуддин располагал со едно неминливо богатство, а тоа е - неговото големо богатство на душата. Поради своето големо богатство на душата славниот Салахуддин Ејјуби е и денес една од најпопуларните историски личности и "пример на витешто" како во својата Историја на Арапите тврди Филип Хити.
Генералот Горо кога успеал да ја победи муслиманската војска надвор од Дамаск, се упатил кон гробот на Салахуддин ел-Ејјуби кај Емевиската џамија и почнал да гази над гробот велејќи:
"Еве сме се вративме, О,Салахуддин!"
Ова покажува дури и по пет века крсташите или Европа не го заборавила поразот од страна на Салахуддин. Салахуддин се преселил на Ахирет откако ја завршил успешно и со гордост својата мисија и задача, меѓутоа крсташите кои научија лекција не се откажаа и почнаа да изнаоѓаат стратегија и механизам за уништување на исламот и муслиманите во 19 век, додека муслиманите пак пловат низ брановите на поделби и спорови. Исламскиот свет по неговата смрт уште не добил таков искрен владетел, кој дава предност на интересот на муслиманите врз својот личен интерес и страст, полн со енергија за Џихад, кој успеа да ги соедини и сплоти исламските народи и да ја порази цела Европа, и на тој начин да му ја сочува слават и угледот на Исламот.
Кратка биографија на Салахудин Ел-Ејуби
Роден бил во 530. година по хиџра или 1137. година од новата ера, меѓу бедемите на тврдината Тикрит во Ирак. Неговиот татко бил управник на тврдината. Во младоста станал министер во Египет. Тој е еден од плодовите на движењето на исламскиот препород од која се излезени Нурудин и Имадудин Зенки.
Неговото верување било исправно и во склад со традиционалното исламско учење. Многу и постојано Го спомнувал својот Господар, Возвишениот Аллах. Редовно ги клањал дневните намази во џамија со останатите муслимани. Ревносно го практикувал доброволниот намаз. Ноќе редовно клањал. Многу сакал да слуша убаво читање на Куран и поради тоа самиот назначувал кој ќе биде предводник во намазот. Имал чувствително срце. Од преголема побожност лесно можел да заплаче. Се красел со одлики на сомилост и благост. Тоа јасно се гледало во неговите битки. Многу сакал да ги слуша изреките на Мухаммед, алејхис-селам. Многу ги почитувал Аллаховите закони и одредби. Секогаш имал длабоко уверување дека добрината и убавото се само од Возвишениот Аллах. Многу се потпирал на неговиот Господар и само од Него барал. Бил пријатен соговорник. Бил праведен и благ кон луѓето. Им помагал на слабите и немоќните. Неговата великодушност не може да се опише со зборови. Бил извонредно мирен и стрплив. Седењето во негово друштво било убаво и пријатно. Говорел само за убави и корисни работи. Не дозволувал некој во неговото друштво лошо да зборува за друг. Сакал од луѓето да слуша само убави работи. Не поднесувал клеветење и пренесување на зборови. Неговиот слух бил чист, неговиот јазик бил чист, неговата рака била чиста.
Скромниот султан
Во време на луксуз и раскош Салахудин живеел испоснички и скромно, далеку од аристократскиот начин на живеење на кралевите и благородниците. Бил многу толерантен и никогаш не повредил немуслиман поради тоа што не бил муслиман. Не им пречел на немуслиманите во она што тие го манифестирале од нивното верување. Никогаш над никого не вршел притисок. Не сакал убивање и пролевање крв, но тоа го наредувал кога во прашање биле предавници и измамници. Кога би победил, сомилосно ослободувал заробеници. Тоа е неговата вистинска природа и карактер. Но, лажливците во Европа го прикажуваат како немилосрден и секогаш жеден за крв.
Големата битка Хитин
583 година по хиџра
1187 година од новата ера
Пред почетокот на битката војската на Салахудин броела 12.000 борци. Од друга страна, крстоносците на располагање имале 63.000 војници. Но тоа не го поколебало да се повлече пред конечната битка. Борбата започнала веднаш во долината пред ридот на Таберија, во непосредна близина на Хитин.
На ден 24/ребиул-ахар/583 година или во месец јули 1187 година се судриле двете војски. Битката започнала рано наутро тој ден, а веќе навечер ниту една од двете завојувани страни не можела да се пофали дека победува. Но, христијанската војска претходно исцрпена од преголемата жед и неповолната позиција на ридот, била натерана да се повлече во долината на Хитин. Истата ноќ Салахудин ја придвижил војската и потполно ги опколил силите на крстоносците без да имаат можност да го пробијат обрачот. Утредента битката продолжила со сета своја жестина. Христијаните се обидувале да го пробијат обрачот за да дојдат до толку потребната вода, но Салахудин со својата војска се наоѓал токму пред нив како непробоен бедем.
Тогаш управникот на Трабулс, Рејнолд, собрал неколкумина најдобри борци-коњаници за да го пробие обрачот. Нападнал со сета сила. Салахудин наредил да му отворат пат. Кога овој „се пробил“ ја разбрал опасноста на својата постапка. Муслиманската војска повторно го стегнала обрачот, а Рејмонд остнал далеку од христијанската војска, оставен на милост и немилост на муслиманските борци. Сиот преплашен избегал кон Трабулс. Не застанал додека не ги здогледал гратските ѕидини на градот.
Одненадеж почнал да дува силен ветер во правец на крстоносната војска. Салахудин тоа го искористил и наредил да се запали исушената трева. Огнот пламнал, а чад и искри од расгорената трева се нафрлале по лицата на христијанската војска. Пеколната жега само се зголемила. Жедта и чадот станале неподносливи. Крстоносците биле принудени да се повлечат и одлучиле да кренат шатори на ридот за да се одморат. Но, војската на Салахудин тоа не го дозволувала. Единствено што им успеало, било поставањето на шаторот на нивниот крал.
Крстоносците во оваа битка го понеле крстот Салабот. Верувале дека Исус бил распнат токму на него. Ова била нивната најголема светост. Го донеле за да им го зголеми жарот и борбениот занес. Но, под големиот притисок на муслиманската војска тие го оставиле крстот и се упатиле кон ридот Таркин. Муслиманите го заплениле големиот крст Салабот. За христијаните тоа било голема загуба. Нивниот верски занес во битката почнал да стивнува, а моралот рапидно да им опаѓа.