МојДДВ - проект за поврат на ДДВ кај граѓаните

Член од
28 март 2006
Мислења
17.778
Поени од реакции
12.243

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.412
Поени од реакции
16.675
имало помали дуќани кои законски давале фискални без ддв. Ако се решите за собирање поени, да си знаете
Оти ја не знаев, не ги студирам сметките

Дуќанчињата исплашени дека враќањето ДДВ ќе им ги избрка купувачите
Aко не е ДДВ обврзник, издава сметки без ДДВ.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.683
Поени од реакции
8.113
Почнав месецов да скенирам сметки. Ме интересира ако не го достигнам лимитот месецот дали сумата се пррфрла нареден месец?
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.523
Поени од реакции
2.663

Значи скенирањето е поделено на тримесечен период.

Пример сега скенираме за период од 1.10 до 31.12 и во тој период максимум може да скенираш сума од 1800ден поврат за 3 месеца.Се повеќе од тоа е џабе и не се префрла во другото тримесечие.

Сега пример си почнал да скенираш овој месец и се што ке искенираш за поврат за ддв ке важи до нова година и за тоа ке ти вратат колку си скенирал али не повеќе од 1800ден.Од 01.01 почнуваат нови 3 месеци и така.
 
Јас читав кога лимитот ќе се надмине делот плус од лимитот се префрлал наредниот месец

Што кога ќе се надмине лимитот?
Доколку се надмине лимитот од 600 денари месечно за едно лице, остатокот од сумата се пренесува во наредниот месец, во рамките на едно тромесечје.

До сега имам 254 денари. Фатив лош период за скенирање кога поради ситуацијава најмалку моментално трошам а и воопшто семејно трошиме пари за да се соберат фискални сметки.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.523
Поени од реакции
2.663
Јас читав кога лимитот ќе се надмине делот плус од лимитот се префрлал наредниот месец

Што кога ќе се надмине лимитот?
Доколку се надмине лимитот од 600 денари месечно за едно лице, остатокот од сумата се пренесува во наредниот месец, во рамките на едно тромесечје.

До сега имам 254 денари. Фатив лош период за скенирање кога поради ситуацијава најмалку моментално трошам а и воопшто семејно трошиме пари за да се соберат фискални сметки.
Се префрла само ако е во рамките на тоа триемесечие кое важи.

Иначе реално да се достигне 1800 ден сумата е мишн импосибл освен ако немаш некој во макпетрол или кам да ти ги даде.Премногу пари се тоа за нормално семејство.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.683
Поени од реакции
8.113
Се префрла само ако е во рамките на тоа триемесечие кое важи.

Иначе реално да се достигне 1800 ден сумата е мишн импосибл освен ако немаш некој во макпетрол или кам да ти ги даде.Премногу пари се тоа за нормално семејство.
Сам тешко е да собереш поголема сума пари освен ако не работиш на каса во некој од познативе помали маркети Кам, Стокомак, Кипер па тие што нема да ги земаат фискалните да си ги земаш за тебе. Друга опција е често да патуваш по градови па од полнење гориво да скенираш фискални.
И трета опција е други од фамилија да ти помагаат во собирање фискални на овие две погоре опции кој ги пишав.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.161
Поени од реакции
3.398
Зар проектов не траеше до нова година?

Ако го продолжиле дајте да прочитаме детали.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.683
Поени од реакции
8.113
Зошто денес кога скенирав сметка не ми го пишува повратот на ДДВ во извештаи за месечни и за тримесечни? Си стои се на нула.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.727
Поени од реакции
9.460

Ако сметката ти е издадена во месец Декември ќе ти стои во претходното тромесечие бидејќи сега започнува ново тромесечие, а сметката ти се однесува на претходното тромесечие.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.683
Поени од реакции
8.113
Ако сметката ти е издадена во месец Декември ќе ти стои во претходното тромесечие бидејќи сега започнува ново тромесечие, а сметката ти се однесува на претходното тромесечие.
Сметката мислиш на фискалната? Да тие ми се од 30 2020 и 31 2020. Значи ќе треба фискалната сметка да е од 2021 година јануати издадена?

Јас почнав да собирам некаде декември три недели пред крај 2020 и мислев нема да направам масимално денари но сепак направив со помош на други кој ми даваа фискални сметки.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.265
Поени од реакции
18.226
Се префрла само ако е во рамките на тоа триемесечие кое важи.

Иначе реално да се достигне 1800 ден сумата е мишн импосибл освен ако немаш некој во макпетрол или кам да ти ги даде.Премногу пари се тоа за нормално семејство.
Кој дебакл им е уствари проектов, ко секој останат во државата. Единствен начин да ти се исплати е да правиш превара.
Скенирам цела година за цело мое семејство и не сум стигнал до поише од 800.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.683
Поени од реакции
8.113
Кој дебакл им е уствари проектов, ко секој останат во државата. Единствен начин да ти се исплати е да правиш превара.
Скенирам цела година за цело мое семејство и не сум стигнал до поише од 800.
Јас почнав три недели пред крај година и стигнав до масимумо и дури надминав. Секако со превара помош пријатели и брат ми кој ми праќаа сметки или по телефон или фискала печатена. Гледај да наоѓаш со големи суми сметки. Најчесто јас наоѓав од бензински пумпи и од супермаркети.

После се знае редот ќе частиш пријателите или кој и да е што ти помагал :D
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.727
Поени од реакции
9.460
Сметката мислиш на фискалната? Да тие ми се од 30 2020 и 31 2020. Значи ќе треба фискалната сметка да е од 2021 година јануати издадена?

Јас почнав да собирам некаде декември три недели пред крај 2020 и мислев нема да направам масимално денари но сепак направив со помош на други кој ми даваа фискални сметки.
На фискалната мислам, да. Чим ти се од 30,31/12 2020г. тогаш спаѓаат од последното тромесечие од 2020 година и затоа не ти ги кажува во месечниот и тромесечниот извештај од 2021г.

Инаку тешко се достигнуваат тие 1800 за едно семејство. Затоа и кренав раце од скенирање...Тоа беше тешко кога беше 15% поврат на сите производи, не пак сега со промената 20% на домашни и 10% на странски производи. Вака од ракав, треба во маргини од 120к до 140к денари за 3 месеци треба да потроши едно семејство за да дојде до тој максимален поврат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom