Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.362
Поени од реакции
21.799
Ке пријавувам, само да знам @Con Artist каде ке биде;)
Секој втор ден сум, заедно со уште 7-8 други. Нова Година ќе биде само уште еден обичен ден во низата, како претходните. Така да, ќе ми се фатиш, и ти, и Обиџуко мутавиот. :icon_lol:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.797
Поени од реакции
37.801
Во Германија се дава само на тешки случаеви иначе не.
Denn die meisten Menschen bekommen im Falle einer normalen Virus-Grippe kein Tamiflu verschrieben. Nur bei schweren Verläufen oder Risikopatienten wie Menschen mit chronischen Atemwegserkrankungen wird zu der Einnahme geraten.
... па нормално за тешки случаеви и во МКД се дава, инаку кога ние сме лежеле на инфективна од сезонски грип ако лесно го поминавме за 3,4 дена?
јас ти реплицирав на твојот коментар што пишуваш дека ,,кој денес го применува Тамифлу“ и добро рече Иреал, тие кои не сакаат да се вакцинираат против сезонски грип, се надеваат доколку имаат потешки симптоми ќе пијат лек антивиротик Тамифлу, тоа му беше и поентата дека има замена вакцина против сезонски грип, за потешки симптоми со Тамифлу (Oseltamivir),
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
690
Поени од реакции
671
Другар со кој што разговарав ми кажа дека само што се враќа од роденден е сега пошто ме фати параноја дека можда некој од луѓето таму бил заразен прашањето ми е дали ако он се заразил уште истиот ден може да ми го пренесе вирусот?
Не
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.349
Поени од реакции
19.813
... не знам што да ти речам на твојот коментар, ама ќе ти речам „чедо Божје, не знаеш што зборуваш“ ако си христијанка мора да знаеш дека Нова Година по стар Јулијански календар е на 14 јануари или по нов Грегоријански календар /1 Јануари прв ден на новата календарска година и има значење доколку си крстена мора да знаеш, а и да не си мора да знаеш од општа култура,
Не знам какво значење има ај кажи ми, сериозно не знам.
А и да има некакво значење не гледам која е поентата да се слави до 5 сабајле по кафани како смак света да е.
Автоматски споено мислење:

Секој втор ден сум, заедно со уште 7-8 други. Нова Година ќе биде само уште еден обичен ден во низата, како претходните. Така да, ќе ми се фатиш, и ти, и Обиџуко мутавиот. :icon_lol:
Абе нема грешка за тебе :D
 
Последно уредено:
B

Beginner

Гостин
А зошто би пријавиле некој? Они ќе се заразат нема вас. Бројката на новозаразени е намалена многу така да безбедно е за умерено групирање(5-10 луѓе).
Или криво ви е по малку што дома ќе седите и како пензионерите ќе броите колку луѓе влегле во некоја куќа?

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.349
Поени од реакции
19.813
А зошто би пријавиле некој? Они ќе се заразат нема вас. Бројката на новозаразени е намалена многу така да безбедно е за умерено групирање(5-10 луѓе).
Или криво ви е по малку што дома ќе седите и како пензионерите ќе броите колку луѓе влегле во некоја куќа?

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Доста бе ти па, сериозно мислиш дека ќе застанам на полноќ да пријавувам кој што прави :ROFLMAO:
Немам попаметна работа, кој шо сака нека си прај, негов проблем. Ако тој не се плаши за казна или дека можи да се зарази шо има јас да му ја мислам.

Малце и контрадикторни сте со ставовите, од една страна тука се плука по оние кои не почитуваа мерки летово, посторавте слики тука од дискотеки во Охрид, од ифтари и шо ти јас знам за сега да ви е нормално да се берите по 20 души за новата година.
Друго, како за нација шо кука една година дека сме погодени финансиски и дека сме пред колапс со економија ми е чудно како се крева толку галама дека кафаните нема да работат после 18 часот и нема кај да ја дочекате новата година, нешто тука мене не ми штима.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.555
Поени од реакции
2.922
За вакцини добивање друг начин освен предвремени избори да бараме па така ќе добиеме нешто надежно, наместо патишта и канализации пуштање, #1 приоритет ќе е кој прв ќе набави тој добива на Илинденска :D Е сеа секако ќе се чуваат у некој склад на ДУИ, ама барем ќе стигнат.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.797
Поени од реакции
37.801
... еднаш пробав да пријавам поради ноќно вознемирување пред некоја година и наместо да се интересираат за тој што го нарушува „редот и мирот“ тие се интересираат за тој кој се јавува и кој пријавува, целосно запишување на идентитет и сите податоци, ааааа не фала не пријавувам!
а зашто? па тие истите кога идат на лице место на пријавените особи ќе им рече „ејј ние не сме криви имаше пријава од тој и тој инаку не ќе дојдевме“ и утредента ќе дојде пријавениот на врата зврррр у бум песница „што си пријавувал бе ти“ ова искуство од комшијата ем малтретиран ем песница окркана!
 
B

Beginner

Гостин
Доста бе ти па, сериозно мислиш дека ќе застанам на полноќ да пријавувам кој што прави
Немам попаметна работа, кој шо сака нека си прај, негов проблем. Ако тој не се плаши за казна или дека можи да се зарази шо има јас да му ја мислам.

Малце и контрадикторни сте со ставовите, од една страна тука се плука по оние кои не почитуваа мерки летово, посторавте слики тука од дискотеки во Охрид, од ифтари и шо ти јас знам за сега да ви е нормално да се берите по 20 души за новата година.
Друго, како за нација шо кука една година дека сме погодени финансиски и дека сме пред колапс со економија ми е чудно како се крева толку галама дека кафаните нема да работат после 18 часот и нема кај да ја дочекате новата година, нешто тука мене не ми штима.
Ок ама во мојот пост е бројка од 5-10 луѓе а ти си напишала 20. А плус ние го поминавме "пикот"-најлошото сега веќе пола и повеќе од народот му е сеедно дали ќе се зарази или не. Си имаме колективен имунитет што би рекол @teneke :D

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.349
Поени од реакции
19.813
Остај ти тоа, сега како се здивени за казни, како војничиња ги имаа наредено пред некој ден пред еден Битолски кафич.

Така се тешиш ти ? :)
 
B

Beginner

Гостин
Остај ти тоа, сега како се здивени за казни, како војничиња ги имаа наредено пред некој ден пред еден Битолски кафич.
Автоматски споено мислење:

Така се тешиш ти ? :)
83 новозаразени од 700 теста го прогласувам короната за умрено. 11.86%
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.349
Поени од реакции
19.813
Замислувам кај нас ситуација навечер за Нова Година, тропа полиција на врата, -
кој е ??? -
Полиција, и гледаш се појавува некое бате заруменето во образите, ифрид дека го ставиле на смена за Новогодишната ноќ, му викаш ела бацје влези да ти опна една ж'та да се стоплиш, батали ти Филипче корони морони, балканска работа :)
Како и да е трагикомично ке е на 31 :)
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Друго, како за нација шо кука една година дека сме погодени финансиски и дека сме пред колапс со економија ми е чудно како се крева толку галама дека кафаните нема да работат после 18 часот и нема кај да ја дочекате новата година, нешто тука мене не ми штима.
Па реално гласот на тие што се најзасегнати не фигурира никаде, владее цензура за мизеријата. Оди застани со гревовине по банкине што чекаат сто евра помош, па не можат да ги земат оти не ја ажурирале сметката во банка, е нив прашајте ги каде за нова па ќе видите што ќе ви одговорат. Или со тутунарине пред некој откупен центар, речи му каде за нова...

Муабетот е дека оние што се маваат од цименто дека немало каде за нова, целите во грч, плач и лелек, се обично ликови кои што се ухлебени на државно, со стабилен приход, тинејџери и луѓе со вишак слободно време. Тие се галамџиите по интернети и социјални мрежи, затоа и таков впечаток, дека на сите се му е рамно. Луѓе со реални егизистенцијални проблеми не се замараат со такви тривијалности.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom