Доста бе ти па, сериозно мислиш дека ќе застанам на полноќ да пријавувам кој што прави

Немам попаметна работа, кој шо сака нека си прај, негов проблем. Ако тој не се плаши за казна или дека можи да се зарази шо има јас да му ја мислам.
Малце и контрадикторни сте со ставовите, од една страна тука се плука по оние кои не почитуваа мерки летово, посторавте слики тука од дискотеки во Охрид, од ифтари и шо ти јас знам за сега да ви е нормално да се берите по 20 души за новата година.
Друго, како за нација шо кука една година дека сме погодени финансиски и дека сме пред колапс со економија ми е чудно како се крева толку галама дека кафаните нема да работат после 18 часот и нема кај да ја дочекате новата година, нешто тука мене не ми штима.