Здраво,
shop.kajgana.com е онлајн продавница, соработката е со увозниците и официјалните дистрибутери на производите, Кајгана е нивен официјален партнер. Како и за секој производ на пазарот, исто така и за нив, можете да ги најдете во повеќе продавници во нивната продажна мрежа, од која е дел и нашата продавница. Пример, како што еден лаптоп или телевизор од било кој бренд можете да го најдете во различни продавници како Нептун, Техномаркет, Сетек и слично, а одлуката за купување ја донесувате врз база на најповолна цена, најдобра услуга/комуникација, поддршка, доверба и слично
Или, како што едно исто чоколадо oд ист увозник може да го најдете и во продажната мрежа на Тинекс, Веро, Рамстор и други маркети
На нас останува да ви го обезбедиме сето ова и нема никогаш да ве зезнеме за ништо
Соработуваме исклучиво со проверени и сериозни добавувачи и нудиме прооизводи со проверено потекло и квалитет за кои е обезбедена гаранција директно од увозникот.