Не сум сигурен дали е на правилно место темава, но слободно модератор може да ја премести во друг подфорум доколку не е на право место.
Се провлекува оваа тема од време на време дали религиозните објекти би требало да плаќаат данок како и сите други..
Особено поради тоа што гледаме дека религиозните објекти си имаат свои ценовници, значи не работат на принципот “кој колку може и сака“. Дополнително имаме случаи каде што црквата на пример влегува во бизниси како градежништво, плантажи со марихуани а најново и во изградба на хидроцентрали. Од друга страна ниту пак џамиите кај муслиманите не се ништо подобри, напротив ИВЗ си купува скапи недвижнини како станови на брегот на Охридското езеро и често се злоупотребуваат/уклучуваат во политичко агитирање на изборите итн. Наместо народни кујни и домови за сиромашни гледаме сосема други не баш типични активности за религиозни институции
Колку што знам единствено Левица во моментов во својата програма најавува национализација на религиозни објекти и воведување на данок
Па ме интересира какво е вашето мислење, дали сте за или против ваквата идеја ?
Cherish Red убаво си кажал. Се што не е основна дејност на религиозниот објект треба да си плаќа данок. Еве ќе го земам за пример Бигорскиот Манастир. За манастирот не треба да плаќаат данок, но за ресторанот во негова близина што го водат треба.(И колку што знам плаќаат)
Инаку идејата за неплаќање данок е за да нема мешање на црквата и државата е сега кај нас имаш свештени лица што знаат да бидат политички активни па не знам колку овој систем функционира.
П.С Воедно било каков луксуз треба да се даночи т.е скапи коли, јахти, станови итн.
П.С2 Исто така парите што ги добиваат треба да се користат за добротворни цели, а не за лично богатење што историски не е невообичаено.
Интересен факт: МПЦ и ИВЗ се водат како правни лица.
Претпоставувам дека технички би се квалификувале како услужни дејности.
Бидејќи имаат доход(а ДЕФИНИТИВНО наплаќаат некои услуги) треба да го пријават и да платат данок за тој доход што го остваруваат на држвата во која се врши (и која им овозмужа- религозно општење, имот, полициска ,пожарна , здравствена и друга заштита, инфраструктура, рекламирање на знаменитости/ туризам како и пружање тие услуги на верниците(клиентелата).
Секуларност треба да претставува одвеност на религијата од државата, но нигде (барем според било која дефиницја ја што сум запознат) не пишува дека физичкото (земјеното) делување на такви организации(кои и историски) се водени како бизниси би требало да се третираат со исклучок. Всушност, ПО секуларно би било да се третираат како било кое друго претпријатие, без разлика на дејноста што ја вршат
нека плаќаат за оние услуги што имаат тарифа
тешки пари се вртат по црквиве а контрола никаква
во Бардовци во црквата ставиле антени/предаватели, страшно за пари што не се прави значи, ужас колку грдо стојат
МПЦ е правно лице и како такво има огромен имот. На име на МПЦ има над 3000 имотни листови. Освен што имаат верска дејност како основа за приходи имаат и приход од различни намени на самиот имот. Издавање на конаците за посета на приватни лица нпр...
Тоа што е интересно е не само што не плаќаат данок за верската дејност, ослободени се и од плаќање на данок на имот.
Ова е една од работите која кај нас итно мора да се редефинира.
Придонесот на црквата кај нас е никаков. На страна парите, јас не знам некој што има поголема „донација“ од храна која не ја споделува со сиромашните.
Ја би ги оданочил на највисоку стапку. Само Господ знае колко паре имат, затој што све иде под руку. Треба да им уведев и фискалну касу. Најако ќе биде к'д ќе дават фискалне сметке, а на њума ќе пишуе: Погреб 3000 денара, Малу или голему молитву 1000 денара и тн. И не знам зашто су ги ослободиле од данак на имот? Нема ми логику. Не знам како е куде ИВЗ т'к? Или они немат имот, цел капитал им е у ,, брашно". За ,,донацију'' де.
Ова повеќе ко воведување економско-етички санкции кон верските заедници, за нивно дисциплинирање?
Припаѓам на Православната исповед од МПЦ-ОА, колку што сум информиран, на ниво институција во рамките на општеството, кое нели е секуларно, Црквата си ги подмирува даночните обврски, сметките итн, во зависност за која правно-економска релација станува збор, на соодветен начин и одговорно.
Исто така и Христијаните, т.е. и верниците со свештенството одговорно како граѓани го прават истото.
Дај линк за ова поконкретно, за што се работи, вака поставено делува проблематично во однос на нарушување на елементарните верски права и слобода, правото на сопственост...
Да, го украдоа, национализираа имотот и све што можеа, но неможат против Господ, пропаднаа, ко секоја безбожна, човечка идеја, еве имотот пак е вратен на Црквата...
Еве ќе го земам за пример Бигорскиот Манастир. За манастирот не треба да плаќаат данок, но за ресторанот во негова близина што го водат треба.(И колку што знам плаќаат)
И манастирот како сопственост на Црквата во одредени ситации не значи да не плаќа, ко што спомнав зависи од правно-економската, како и од специфичната релација на општеството, изразено преку државата.
Инаку идејата за неплаќање данок е за да нема мешање на црквата и државата е сега кај нас имаш свештени лица што знаат да бидат политички активни па не знам колку овој систем функционира.
П.С Воедно било каков луксуз треба да се даночи т.е скапи коли, јахти, станови итн.
П.С2 Исто така парите што ги добиваат треба да се користат за добротворни цели, а не за лично богатење што историски не е невообичаено.
Интересен факт: МПЦ и ИВЗ се водат како правни лица.
Претпоставувам дека технички би се квалификувале како услужни дејности.
Бидејќи имаат доход(а ДЕФИНИТИВНО наплаќаат некои услуги) треба да го пријават и да платат данок за тој доход што го остваруваат на држвата во која се врши (и која им овозмужа- религозно општење, имот, полициска ,пожарна , здравствена и друга заштита, инфраструктура, рекламирање на знаменитости/ туризам како и пружање тие услуги на верниците(клиентелата).
Секуларност треба да претставува одвеност на религијата од државата, но нигде (барем според било која дефиницја ја што сум запознат) не пишува дека физичкото (земјеното) делување на такви организации(кои и историски) се водени како бизниси би требало да се третираат со исклучок. Всушност, ПО секуларно би било да се третираат како било кое друго претпријатие, без разлика на дејноста што ја вршат
За жал, сеуште сме на такво цивилизациско ниво, со што се изразува човечката духовна зрелост т.е. незрелост, која не го следи технократскиот чекор..., оттаму сиве небулози, нејаснотии, неразбирање како да се поставиме и да го третираме духовното.
Но, фала на Бога има надеж и оптимизам, кој за некого е видлив, за друг невидлив...
нека плаќаат за оние услуги што имаат тарифа
тешки пари се вртат по црквиве а контрола никаква
во Бардовци во црквата ставиле антени/предаватели, страшно за пари што не се прави значи, ужас колку грдо стојат
МПЦ е правно лице и како такво има огромен имот. На име на МПЦ има над 3000 имотни листови. Освен што имаат верска дејност како основа за приходи имаат и приход од различни намени на самиот имот. Издавање на конаците за посета на приватни лица нпр...
Тоа што е интересно е не само што не плаќаат данок за верската дејност, ослободени се и од плаќање на данок на имот.
Ова е една од работите која кај нас итно мора да се редефинира.
Придонесот на црквата кај нас е никаков. На страна парите, јас не знам некој што има поголема „донација“ од храна која не ја споделува со сиромашните.
Додека гледаме “однадвор“, не само за Црквата( за која особено, не треба однадвор ко корпус алиенум), туку и за све во државава така ќе биде, „ Каравано ќе си врви, ние ќе си лаеме...“
Ја би ги оданочил на највисоку стапку. Само Господ знае колко паре имат, затој што све иде под руку. Треба да им уведев и фискалну касу. Најако ќе биде к'д ќе дават фискалне сметке, а на њума ќе пишуе: Погреб 3000 денара, Малу или голему молитву 1000 денара и тн. И не знам зашто су ги ослободиле од данак на имот? Нема ми логику. Не знам како е куде ИВЗ т'к? Или они немат имот, цел капитал им е у ,, брашно". За ,,донацију'' де.
Ова е основата ама погрешно формулирана... Нам ни фали да го „видиме“ духовното кон општеството.
Или ако веќе треба да бидеме прагматични неколку интересни факти врзани со МПЦ:
Само во Скопје, МПЦ има 260 парцели и 85 објекти. Тука има имот со станови во Кисела Вода, висококатница карши Зелено пазарче... Интересен е и имотот карши Холидеј Ин кај што со преговори со инвеститорот требаше да добие милионски деловен простор.. Да не заборавиме Калишта и слични случаеви...
Милионската сума која ја зема МПЦ од денационализација во обврзници требаше да биде искористена за изградба на нови храмови и посебно наменети за Св. Константин и Елена во самиот центар. За црквата се собрани пари од донации од фирми (ЕВН и ред други) а парите никад не се дозна каде биле пренасочени...
МПЦ веќе има сериозна проверка од УЈП. И? Каде во приказната видовте нешто духовно?
Зошто таа иста МПЦ не излезе во време на масовна пандемија да помогне со донации?
Моцарт донира болнички кревети а МПЦ цвета од приход во време на пандемија?
Каде е МПЦ да излезе барем со помош на „услугите на поповите“ во вакви времиња? Или на сета трагедија луѓево треба да се позајмат да платат попови и служби?
Духовноста им отиде заедно со скапите џипови што ги возат. Не ми е намера да ги оцрнам сите свети лица, секогаш има исклучоци... Во моментов се далеку од својот народ и од се што треба да претставуваат.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.