Еве што сум рекол во Септември (значи сепак не ми е муабетов "mala kriza i odma jadam gomna" туку уште тогаш сум мислел дека нешто е труло)
Постов ми беше сериозно прашање, што еве, прееска со Донев пак го правевме и сфаќам дека цело време истите муабети ги вртиме во круг
Во септември сум поставил хипотетичка ситуација "Што ако сме седми после 15 кола дали е тоа знак дека планот не се одвива добро"
Денеска Челзи ќе го одигра 14 натпревар во Премиер Лигата што значи после викендов ќе дојдеме до таа бројка што сум ја дал во септември - 15 кола
Дали може да се каже дека сепак не изгледа ситуацијата така добро АКО (пак, по милионити пат, не викам дека би се десило, само хипотетички прашувам) после следното коло Челзи е на седмото или недај боже место полошо од седмото?
Иначе for reference, и јас и Донев сме доказ дека фан клубов има стабилни луѓе (
) пошто од Септември до сега ништо се нема сменето, јас и тогаш и сега сум поставувал хипотетички прашања за лоша сезона на Челзи, а Донев и тогаш стоел на ставот дека треба да се даде време да видиме што би испаднало.
Мислам дека не е лошо клубовите да имаат "checkpoints" за да се види до каде е сезоната, а секако Божиќ е одличен чекпоинт.
Пред сезоната многумина би биле ептен незадоволни ако некој им кажал "ej челзи е седми на божиќ"
Ама нели, ПЛ, корона, хаос, може лесно да се случи и топ 4 да сме после следното коло
Па после тоа ќе бидеме задоволни...се до Февруари кога пак ќе сврземе вакви резултати...и пак криза.......па пак ќе сврземе..и така со до последно или претпоследно коло кога ќе се бориме за топ 4 со Тотенхем, Лестер и Јунајтед