Емкаа
the worst thing about prison was the dementors.
- Член од
- 14 мај 2008
- Мислења
- 5.026
- Поени од реакции
- 12.700
Како некој што ја искуси од прва рака тврдам дека не е најдобра. Факт е дека и нив ги фаќа паника и вчера на пресот објавија дека ќе издадат препорака да се носат маски во јавен превоз. Минатата недела дадоа препорака да не се патува со кола и да не се оди на скијање за да се намалат шансите за било какви несреќи и медицински интервенции бидејќи веќе немаат ресурси. Иако сеуште стои официјалната препорака на Тегнел против маски, во последниве две недели се повеќе и повеќе гледам луѓе кои носат маска. Секако од друга страна имаш луѓе кои сеуште одат на аеробик рецимо во група со уште 30 души.Ја викам дека беше најдобра од сите, без никакви мерки, а резултатите се како и сите останати (дури и многу подобри од Северџистан).
Баш ги гледам новите мерки, се препорачува носење маски (значи не е задолжитено), во кафаните да се седело до максимум 4 души, да не се продавало аклохол по 20 часот и каде можело работата да се одвива онлине, спотрски сали, базени и сл. да затворат еден месец.
Мило ми е што една земја издржа скоро цела година и што имаме примерок за анализа, што би било кога не би имало мерки, и овие мерки не се којзнае што ама ќе се вели дека има нешто.
Оваа е со 3-ти декември, умрени по денови, има нешто резултати повеќе ама ми изгледаат нецелосни па ќе дадат лажни бројки.
Би рекле дека е 4000 над просекот, иако таа 2019г ептен го руши истиот, има и 2400 во 2020г од непознати денови, ама и 2600 во 2019г, 2500 во 2018г, 2200 во 2017г... нека се заврши годината па ќе ги додадеме и тие (во месечните се вкалкулирани).![]()
Во овој график се прикажани по возрасна група во 2019 и 2020г, за жал како што кажав 2019 е доста потпросечна па има огромна разлика, ама отприлика можете да видете дека смртноста е зголемена кај возрасната популација.
На овој график е по месеци (со оние што незнаеле кој денови се умрени, ама го знаат месецот), 2020г е првото, а просекот е второто (ме мрзеше да ги менувам местата)
Од овде како што гледате по априлскиот бран состојбата беше супер, па дури и имаше изјави како се било ОК, а сега за само 700 души повеќе од просекот и одма ќе воведуваат смешни мерки,![]()
оваа со мерките е изгледа поради простата раја која ја плашат медиумите и поради тој притисок морале да изгледа како да прават нешто.
И уште една многу интересна работа која се докажа, дека барем пола од тие што се регистрирани дека умреле од корона , короната не е причина, и кај нас и во Шведска и веројатно било каде, бројот на умрени е за околу пола поголем од просекот умрени претходните години, другата половина можеме да ја поделиме оти постојат над просечни години, па останува дека околу четвртина со сигурност можеме да ги препишеме на короната, а дали таа бројка е голема за да цел свет пага во транс проценете вие (според мене не).
Зошто мислам дека шведскиот модел не е успешен? Бидејќи медиционскиот систем им е толку преоптоварен ( не дека и пред коронава не беше ) али тие упорно го туркаат до максимум. Од она што читав по форумов алгоритамот во Мк излеа некако вака:
Си фатил корона, одма трк до матичниот да те прегледа.
На 3ти ден од позитивен тест оди на ренген, на 5ти крвна слика.
Секој ден комуницирај со матичен, шо терапија да земаш.
После завршување на карантинот уште една крвна слика и уште еден ренген.
Тука ти стига позитивен тест и другарче снајди се сам. Терапија сам си одредуваш, состојба си пратиш сам. Не велам дека за секое кивање треба консултација со доктор, но ова што се случува тука моментално е хаос. Тука не само шо немаш испитувања, до доктор може да стигнеш само со тешки симптоми. Шо секако психички многу мава, со оглед на тоа на колку луѓе нагло им се влошува состојбата.
Економски, мислам дека Шведска ги имаше истите последици како и соседите кои тотално се затворија.
Да не зборам дека мерките им се константно збунувачки. Се е на база на препорака, која не е легално обврзувачка но сепак има последици? Еве и мерката за носење маски во јавен превоз нема да биде обврзувачка туку опционална.
Наративот тука од старт им беше скроз погрешен. Кога останатите земји се затвораа и воведуваа полициски час, Шведска се понашаше ко короната да е вирусче, нешо шо ќе помине до август. Кога сите седеа дома за викенди тука уште се журкаа по клубови. И нормално кога наративот е таков, и граѓаните се понашаа така, зошо не би се понашале кога Владата константно дава препораки а не забрани? Одиш во трговски полно, одиш во ресторан полно, пабови полни, си викаш јас глуп сум шо седам дома? Па реално од сите луѓе што ги знам, Швеѓаните беа тие кои најмалку ги следеа препораките и сеуште се тие кои одбиваат да носат маски. Најголем дел од колегите кои сеуште одат во канцеларија се Швеѓани. На Стуреплан во Стокхолм, центарот на елитата до пред 1 месец сеуште се организираа масовни журки. Е сеа дојде јајцето на газот, немаме ресурси, се зголемува бројката, граѓаните биле криви што не почитувале препораки. Граѓаните закони не почитуваат ти бараш препорака некој да ти следи.