Не баш. Не може 100% да ти каже која е причината за појавата на антитела. Појава на IgM и IgG се карактеристични за овој вид корона и се корисни за да се утврди од што си бил болен/заразен. Во комбинација со епидемиолошка анкета и клиничка слика може да се дојде до разумен заклучок. (Си бил во непосреден контакт со заболен, си развил симптоми, после 2-3 недели серолошки тест ти прават и ти вика дека ги имаш двете антитела).
Она што не можат овие серолошки тестови да утврдат е дали во моментов вирусот е присутен во организмот. Треба да е активен вирусот некое време, организмот активно да "се бори", да се појави адекватно ниво на антителава, па тек тогаш тестов ќе даде релевантен резултат. Дефинитивно е корисна алатка, ама не може да прикаже активна инфекција.
Молекуларните тестови утврдуваат дали уникатен сегмент од генетскиот код на вирусот постои. Доколку истиот е позитивен, многу мала е веројатноста тестот да е грешка(човечки грешки секогаш се можни).
Антиген тестовите се сензитивни на протеин(и) кои се специфични на вирусот. Предноста им е дека резултати се добиваат за ~30 минути и можат да прикажат активна инфекција, проблемот кај нив е дека знаат да дадат лажни позитивни и/или негативни резултати почесто од молекуларните тестови.
Двата последни, не се серолошки. Ти брцаат стапче во нос/грло.