Прв пат гледам некој да пресметува пари потрошени на трансфери според желбата на тренерот. Aко играчот бил желба на тренерот само тогаш се рачуна како трансфер ?
Парите потрошени за трансфери се тие, не мора да измислуваш топла вода како во стил "пари потрошени на трансфер желби".
Далеку од тоа, знам дека многу тренери не добиваат први трансфер желби, еве Салах е еден од најпознатите такви примери. АМА, суштината на мојот муабет и еве примерот на Салах, е тоа што Салах пак бил профил на играч кој одговарал на стилот на Клоп така? Од друга страна ако гледаш на хартија има инвестиции во Јунајтед, ама какви се тие инвестиции? Кавани не беше профил на напаѓач кој беше баран, десно крило (кое го нема 8 години) исто воопшто нема, штопер нов нема, Дони (го почитувам како играч) ама ни тој не бил профил кој е баран. Само Телес е единствен играч кој одговарал на профилот кој е баран, а не е прв избор трансфер целите.Вакво нешто ќе беше прифатливо и за другите дефицитни позиции.
И за претходната сезона имаше профил на играчи кои се бараа а не се донесоа.
Практичен пример: Матич не го држат веќе нозе, наредна сезона место средишен играч со дефанзивни карактеристики, на тренерот (кој и да е) ќе му донесат 10ка и шпиц(а не му требаат таков профил на играчи).У теорија има инвестирање, у пракса инвестициите се утка, зошто ни шпицот ни 10ката не можат да играат заден везни.Капиш?