Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
7 септември 2016
Мислења
294
Поени од реакции
452
Освен на форумов и чат пат на некои други места виртуелно, не гледам дека некој многу многу се потресува од ситуацијава. Не велам дека не постои анксиозност и дека на некој ќе му биде сеедно ако го фати вирусот, но се оглед на околностите што повеќе може да се направи? Луѓето си ги вршат секојдневните обврски, автобусите си ротираат за на работа, се пазари по маркети како порано, младите си седат по кафиња и си кројат планови кој каде ќе бега кога ќе се кренат рестрикциите за патување, некој прави планови за нова година, кој во викендица, други со подлабок џеб во хотели и така.
Не знам зошто дечурланава не оди на училиште, а може да оди на кафе, по родендени и да акаат по улици ко пусти гојда до ниедно време.
Јас гледам win-win ситуација и за народот и за власта. Едниве прават кобајаги мерки а овие другиве кобајаги ги почитуваат, во реалноста секој си ја тера работата.
Така и треба, ако не се продолжи со животот сите ќе спобудалиме, ние дома се замаравме еден период али пак сите истовремено се заразивме од внукот, и фала богу релативно без проблем помина а дечиштава се слагам дека треба да идат у школо. У Велес пример навечер а затворат кафичите повише гужва има низ град него шо имаше летоска кога се работеше нормално, кај фонтаната сигурно по цели класови се собираат, си мине полиција не се замара никој.

Сеа само им го спопикуваат на угостителскиот сектор колку у јавност да се мачкаат очи дека превземаат мерки а тие шо им е доено до славење веке си се снабдени
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591

Имаше порано падавичарење заради мерките, психички опсервации, тези и научни трудови се споделуваа како луѓе ќе почнеле да се бесат, ќе се фрлале во депресии, имаше елегии што ќе се правело ако не се одело на одмор, па на некои поразгалени не им се одело на езеро, море сакале и така натаму, да не ја должам.
Сега, демократија, секој нека прави што му к*р сака и нека се гони у п.м.
Мислам оти е најдобро така. Тој што не му се секира многу, нека си тера како сака. Ако го фати вирусот, јебига, ќе ја има честа да направи една екскурзија и одблиску да се увери во можностите и способностите на нашиот здравствен систем.
Овие другите, хипохондрици, нека седат дома, мерките за заштита ваљда до сега на памет ги знаат, и нека чекаат вакцина во Март или кога и да е.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Наместо да слави 40 роденден, замина во вечниот дом: Почина медицинската сестра Ирена

Четириесетгодишната медицинска сестра Ирена Дојчиновска Милошевска ја изгуби битката со Ковид -19, информираа денеска од Унијата на ЗМСТАС. Таа е најмладата медицинска сестра која го изгуби животот како последица на новиот коронавирус. Ирена била вработена во Геронтолошкиот завод „13ти Ноември“ во Скопје.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.325
Поени од реакции
1.871
Михаил Хазин, емисија за геополитички Ковид. Ако го слушаш внимателно, многу интересни и логички ствари кажува, првите десет минути се за Ковид далаверава.

Сепак е директор на институт по нелиберална економија, некој свари и терминологија може да не ви се јасни, така или инче за некој месец, се ќе стане јасно.;)
Не е уреду да гледаш само либерални телевизии, весници, немаш реперна точка , знаење, немаш поима дека има алтернатива, така да и твојот поглед на светот, не е само твој, а продукт на тоа што го слушаш, гледаш, читаш. После тоа иде интуицијата и твојата слободна воља.
Така да, не е лошо да се чита, и за ваксери и антиваксери, ковидофили- ковидофоби, карантинофоли-карантинофоби. После тоа сам решаваш, на која страна да бидеш, во секој случај треба да ја чуеш и пропагандата на опонентот.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.495
Поени од реакции
18.518

Не знам што го фалиш овај и туку го постираш на секое, ништо посебно не кажува. Едноствено што прави само си се промовира себе си.

И најбитно, баткава го тврди истото што го зборуваме и ние тука во врска со пландемијава како што ја нарекуваш. Тој вика не знаеме и не можеме да докажиме дека е вештачки создаден вирусов и тоа не ни битно, но сите сега ја искористуваат ситуацијата во своја корист за да стекнат предност пред конкуренцијата.

Така да не знам зошто уште зборуваш за пландемија.
 
Темата е COVID19, сите аспекти, мислења, дискусии, опонирање.
Ако земеш 1206 страници на форумов, скоро се едно исто. Хазин дава главно економски модели и решенија, не сум седнал секое да го ставам тука, но кога има нешто интересно зашто да не? Ако проблемот не е медицински, тогаш и решението не е!
Јас и ти 99% се согласуваме со стварите и пак не се разбираме?
Има ковид буби - има.
Поопасен ли е - малку.
Претераа ли со мерките -Да.
Стварите со кој не се согласуваме се:

Има ли центар што го движи Ковид теророт-Да
Каква е целта на сето тоа - амнестија и преминување во пост капитализам/од финансиски кон идеолошки/
Како што може да даваме пресконференции на Филипче, може да даваме и на други вирусолози... Ако проблемот не е само медицински дебатираме за тие аспекти. Тука сум го дал и др. Стив Печеник, Александар Дугин, Андреј Фурсов.

Колку за Хазин, тој е на Роршилд групата и се осеќа дека го бута некаква сила, не само во Русија, а и во Европа, му преведуваат книги има семинари за топ Либерални менаџери. Така да стварите за Ковид теророт, рушење на капитализмот се точни, а решенијата и прогнозите што ги нуди, не им верувам многу. Сепак тоа е проекција на Ротшилд, Хазин е неговиот пророк.

Член од
14 август 2006
Мислења
45.485
Поени од реакции
84.944

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.017
27,99% позитивни од тестирани
Ако е навистина така, добро е. Бројот на починати сеуште е висок.....31
Има една работа што одамна прави да не верувам баш на објавените статистики од МЗ......

Службено поради одржување, имам пристап до сервери на една приватна клиника каде што конкретно за вчера тестирани, денес објавени.......прикажаниот број на тестови е скратен за речиси дупло.
Не само за денешната статистика, 70% од деновите наназад приметувам кратење на прикажани тестови од таа клиника, додека останатите 30% ги додаваат баш кога реално има малку извршени тестирања.
Со еден збор крајната сума на тестирани е таа......но разделено на парчиња....ваљда како им одговара на МЗ.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.570
Поени од реакции
2.789

Од првиот ден кога почнаа да објавуваат информации за ова ги имавме овие сомневања.Ништо ново.Си ги
штелуваат бројките како сакаат.Минатата среда испаднав позитивен они вчера решение ми праќаат и тоа со ургенции.Што да очекуваш повеќе.Сега слушам дека и после завршување на изолацијата треба потврда од ЕПИДЕМИОЛОГ да те ослободи ако не може да го јадеш казна.И сега што да правиме.Две недели седев изолација ради сопругата сега еве сум 9 дена во изолација од мојот резултат и гарант ке треба да седам до 20 дена и да молам кај матичната да ми даде потврда од Епидемиолог дека сум здрав а оди најди го тој да ти извади потврда.А бе каша попара е работата.

А за бројката е далеку поголема само што не се тестираат само поради овие ситуации кој ги набројав погоре.Со сите што сум зборел на телефон ми викаат да бе ке се тестирам и да заглавам дома месец дена.Нема шанси.Што очекуваш повеќе.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.496
Поени од реакции
10.399

Јас и маж ми сеуште не добивме решение од институт на јавно здравје, ама полиција ни дојде на врата да проверат дали сме дома.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.570
Поени од реакции
2.789
Јас и маж ми сеуште не добивме решение од институт на јавно здравје, ама полиција ни дојде на врата да проверат дали сме дома.
Тоа ми е поентата.Мене вчера ми праќаат решение преку вибер а решението гледам дека е направено на 12.12 значи 4 дена пред да ми го пратат.Оди разбери.А не дај боже да не те најдат дома.Пријател на пријател му отишла полиција не го нашле дома и го репнале 2400 евра.Ок убаво му направиле со оглед дека имал решение за изолација а не бил дома.Ама еве во твојата ситуација пример да не сте совесни како вие или јас со сопругата ке си излезеш мислејќи дека немаш сеуште решение а полицијата веќе те има на список.И еве ти беља.
 
А што треба во понеделник да одиме на контрола, да не треба да им се јавувам,?
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.570
Поени од реакции
2.789
А што треба во понеделник да одиме на контрола, да не треба да им се јавувам,?
И во решението пишува и чим почнале од полиција да ве проверуваат ке се јавите на 192 (Полиција) и ке им кажете дека сте позитивни и дека треба да одите до таа и таа здраствена установа на контрола и тоа е тоа.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Brojkive pocnaa da pagjaat ili jas imam los vpecatok?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom