"Заборавени" играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата The Dude
  • Време на започнување Време на започнување
Муса Дембеле - моментално има 33 години, пред 2 години играше за Тотенхем и Белгија. Имаше уште европски фудбал во него но замина во Кина и овие 2 години ни трага ни глас од него - брзо заборавен :D

A кој тоа од Кина не е брзо заборавен?
 
Да, имаат играно. Во тоа време алфа и омега во тимот на Работнички беше Ндерим Неџипи, доктор по фудбал, сега веројатно горд сопственик на нарко картел.
Неџипи беше машина со левата, дури за репрезентацијата го викнаа неколку пати, имаше уште еден јак во Работнички тие времиња на Ѓоре Јовановски...Ардијан Нухиу мислам се викаше,заедно со Дарко Тасевски пегланиот ебач на бугарки растураа на средина :D
 
Луис Холтби

На времето (како да имаме 70 години :icon_lol:, уште ЈНА фали да ја спомнам) талент во Шалке, се сеќавам даде едно десетина гола последната сезона во Бундес и Тотенхем се истрчаа да го потпишат на фри. Се очекуваше да биде новата „фаца“ во Тотенхем со оглед на тоа дека е Англичанец по мајка ама не се снајде баш најдобро како и повеќето играчи кои Тотенхем ги потпиша тој период. Почнаа да го шетаат по позајмици ама ништо, сега гледам дека игра во Чемпионшип, во Блекбурн.
 
Маркус Рохо - овој да ти бил уште член на Јунајтед, три години не сум го видел. Во последните години има повеќе настапи на интернационално ниво отколку на клубско, што ли виделе во него.
 
Во последните години има повеќе настапи на интернационално ниво отколку на клубско, што ли виделе во него.
Пер за Македонија навиваш :D Пола репрезентација ни е ваква :D

Од стaрт на новава сезона:

Несторовски:
0 стартови во Серија А, 1 старт во Купот
4 стартови за Македонија

Трајковски:
1 старт за Мајорка
2 стартови за Македонија

Стефан Ристовски не е ни дел од Спортинг, со Б екипата тренира (а ни за нив нe игра ептен), а ни е главен играч во репрезентација :D

Конечно и ние стигнавме да се споредуваме со Аргентина! :D
 
Себастијан Дајслер талентот над талентите да немаше проблеми со повредите ќе беше најдобар фудбалер изминативе години, а немаше да се пензионират на 25-26 години. Нешто слично како со Меџик Џонсон да не заболеше од ХИВ/СИДА, ќе имаше уште многу многу поени/титули со Лејкерси...
 
Давид Бабунски, македонско-каталонскиот супер талент, кој требаше да биде наследникот на Меси во Барса, гледам сеа потпишал и игра за Ботошани, Романија. Додуша не знаеме, игра или гушка дрва. Филе ќе каже.

Да се апдејтираме, еве читам денеска дека го напуштил Ботошани, пошто немал минутажа. Веројатно и дрвата не биле доволно добри за гушкање. Типувам следна дестинација Работнички или некаде во егзотична Азија каде што има баобаб, ќе му одговара.
 
Бабунски многу глуп потег направи со потпишувањето во Звезда, од Барса Б сигурно ќе најдеше некој стабилен второлигаш во Шпанија ама талентот настрана изгледа како да нема никаква амбиција за успех на фудбалски план.
 
Грегори Ван Дер Виел. Играчиштето на Ајакс и на финалистите од 2010.
Последна екипа во Европа му била Каљари. После тоа отишол во Торонто.
Од годинава, од летово тренира со РКЦ Валвајк но официјално се води дека ја има прекинато кариерата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom