Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.792
Поени од реакции
3.865
Не ја гледав емисијата. . .
Стварно рекол дека најголемата грешка на Грујо била што не го уапсил Заев?
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.792
Поени од реакции
3.865
Епа добри аналитички способности. Откако апла се што можеше да се деси, се деси, он сеа свати - после 5 години :tvg:
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.608
Поени од реакции
22.341
Го гледав Апасиев кај инфофакс многу интересен и добар настап, во живо, не избегнуваше прашање и даде поред мене добри и логични одговори. Секако интересно за слушање.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
не избегнуваше прашање
Избегна прашање. Поточно, не сакаше да одговори на едно прашање. Занемарливо, небитно на прв поглед. Ама мене ми беше важно. Не смееше да одговори на тоа навидум небитно прашање ако сакаше да остане сериозен човек и умен политичар. Тоа само заради стартните позиции шо ги имаше со новинарот.

А стартните позиции беа: Eдниот за другиот викаше дека се намлатил пари од СЈО, работел за СДС и бил крт. Другиот викаше дека порталот на новинарот е вмровски куртонски портал. Апасиев беше прашан и за работата во СЈО и за тоа дали имало договарања со СДС, со Заев, со Димитров. Се за шо беше обвинуван од овој на фб - беше прашан. На се тоа одговори и немаше потпрашања, немаше дополнителен предизвик, дури и се смешкаше Митовски, се согласуваше, кимаше со тоа главиштето. Кога на крај го праша дали после интервјуто сеуште го смета порталот и него лично за вмровски куртончиња, овој не одговори, направи спин, си зборуваше за себе, за тоа како он бил фајтер, како нивото го адаптирал на соговорникот, знаел и да се смешка и да пцуе, зависно од соговорникот.
Тоа е еден прекрасен цинизам. Го извесла, го наврти на неговата воденица и не му отстапи ни педа, капка вода не му пушти, трошка не му фрли ако таа трошка не му беше наклонета на агендата.
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
Многу политички одговори даваше на прашањата. Најполитички препоследното му го одговори, кога го праша дали сеуште ги смета за вмровски куртони. :icon_lol:
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.947
Поени од реакции
41.130
Веројатно му е јасно и на него дека мора да застане рамо до рамо со тие "вмровски куртони" доколку сака да падне Заев, па затоа така одговори политички и не даде јасен одговор.

Го гледав и јас Апасиев во Инфомакс, иако не сум негов подржувач ни на Левица, секогаш ги гледам тие што не ги подржувам за да знам дали треба да продолжам со тоа или не. (Ова е исклучок за Заев, него нема потреба да го гледам по разни телевизии) Имав лошо мислење за него, и уште стојам на тоа дека не треба толку народот да се залетува на тој популизам што го збори, бидејќи сме изгорени во минатото, но како националист би се сложил со него за националните прашања. Дали ќе го прави тоа што го збори доколку има шанса е друга тема на разговор, но мислам дека сме доведени во ситуација да немаме веќе втора шанса во тие преговори за националниот идентитет, и дека следниот што ќе дојде да преговара, а доколку биде Апасиев, треба да преговара вака како што кажува сега, во спротивно тоа ќе ни биде крајот и можеме да се збогуваме со државава.

Не ја подржувам Левица од идеолошки причини, и никогаш не би гласал за лева партија, но исто така не гласам слепо и десни партии, и не сакам да бидам сфатен тука како да терам нечија агенда, но можам да кажам дека таа нивна левичарска иделогија, пред се за работнички права ми е далеку подрага него ли "иделогоијата"(ставено во наводници, затоа што немаат идеологија туку се водат според моментално популарните трендови) на моменталните социјал-демократи, квази прогресивци каде што разни лезбачи и педери ќе ни го оформуваат образовниот систем, и што децата ќе учат во иднина, дали ќе биле Мајка и Татко, или Родител 1 и Родител 2(ова само како пример). Поголема почит имам кон левичарите од Левица одколку од овие квази "левичари" од социјал демократскиот сојуз кои се борат со ветерници и проблеми за прво-класни држави, одколку со проблемите на треторазредни држави како нашата.

И моментот кога ќе почнеме ние да дебатираме, и да се "бориме" идеолошки ќе биде моментот кога сме ја спасиле државата. Не можеме ние да се објаснуваме какви даноци да се воведат и колкава треба да биде слободата на пазарот, кога нашето постоење како држава и народ се доведува во прашање. Нас ни е забрането да се нарекуваме Македонци, и засега би се фокусирал на оваа поголема борба која мораме да ја победиме заедно, одколку на таа другата.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.335
Поени од реакции
26.291
Избегна прашање. Поточно, не сакаше да одговори на едно прашање. Занемарливо, небитно на прв поглед. Ама мене ми беше важно. Не смееше да одговори на тоа навидум небитно прашање ако сакаше да остане сериозен човек и умен политичар. Тоа само заради стартните позиции шо ги имаше со новинарот.

А стартните позиции беа: Eдниот за другиот викаше дека се намлатил пари од СЈО, работел за СДС и бил крт. Другиот викаше дека порталот на новинарот е вмровски куртонски портал. Апасиев беше прашан и за работата во СЈО и за тоа дали имало договарања со СДС, со Заев, со Димитров. Се за шо беше обвинуван од овој на фб - беше прашан. На се тоа одговори и немаше потпрашања, немаше дополнителен предизвик, дури и се смешкаше Митовски, се согласуваше, кимаше со тоа главиштето. Кога на крај го праша дали после интервјуто сеуште го смета порталот и него лично за вмровски куртончиња, овој не одговори, направи спин, си зборуваше за себе, за тоа како он бил фајтер, како нивото го адаптирал на соговорникот, знаел и да се смешка и да пцуе, зависно од соговорникот.
Тоа е еден прекрасен цинизам. Го извесла, го наврти на неговата воденица и не му отстапи ни педа, капка вода не му пушти, трошка не му фрли ако таа трошка не му беше наклонета на агендата.
Покажува капацитет за градење мостови со куртоните, што е битен предуслов за градење на врвна политичка кариера. Номинално добри односи со луѓе како Митовски, а војна со Боби Христовци, Борјани и слични Васко Попетревци. Па кога ќе собере доволно политичка моќ, ќе ги игнорира вториве комплетно. Тоа е единствената паметна медиумска стратегија кај нас.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.225
Поени од реакции
8.332
Не ја гледав емисијата. . .
Стварно рекол дека најголемата грешка на Грујо била што не го уапсил Заев?
Заев беше уапсен од Грујо, нели Бранко го амнестираше и сеа може се кае хехе
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
На ДПМНЕ кое е комплетно компромитирано во јавноста, а кој знае и за колку кривични и прекршочни пријави оставиле материјал после 12г патриотско владеење, насушно им треба наративот на неискомпромитираност и искреност кој го ужива Левица во јавноста, фактички ДПМНЕ преку предизборна коалиција со Левица сака да ја премости својата компромитираност и наративот да го канализира во рушење на Заев како некоја повисока цел т.е копија на фамозното не го ситни отпорот моментумот кога се создаваше фронтот против Груевски.

Во систем во кој никој друг не бил на власт во последните 30г сем ДПМНЕ и СДСМ, со апсолутна контрола врз државниот апарат преку нивните партиски инсталации, прилично е глупаво Левица да го продаде највредното а истовремено единственото нешто кое го има, а тоа е кредибилитетот и тоа за било какви кусогледи и скоро безначајни компромиси сега кога веќе се парламентарна партија со огромен пораст во поддршката.

Магичниот круг на сдсмовски вмровци vs вмровски сдсмовци е обезгологазен како никогаш досега, истиот тој кој и еба мајката на оваа држава и македонски народ и нанесе штета поголема од онаа на 5 века турско, па балкански и светски војни заедно...предизборна коалиција на Левица со оваа структура е погубна за нив, верувам дека се потполно свесни за тоа.

Можат да размислуваат во една друга насока, на пример во Битола да одат во коалиција со локалната платформа на Поинаку (ако има заеднички јазик исклучиво од локална гледна точка) и на тој начин да задржат кредибилитетот и покажат политичка прагма.

Не гледам апсолутно ништо позитивно во директното спрегнување на Левица во борбата на мафијашките структури како шо се ДПМНЕ и СДСМ во тоа кој да го има приматот во пљачкањето на Македонија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.335
Поени од реакции
26.291
Можат да размислуваат во една друга насока, на пример во Битола да одат во коалиција со локалната платформа на Поинаку (ако има заеднички јазик исклучиво од локална гледна точка) и на тој начин да задржат кредибилитетот и покажат политичка прагма.
Што е ова поинаку, имаат 15 гласа освоено?
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.792
Поени од реакции
3.865
Заев беше уапсен од Грујо, нели Бранко го амнестираше и сеа може се кае хехе
Остај, многу добро се знае на што мисли Апасиев, но тоа е само уште потврда на моите ставовите дека Апасиев има преслаби политички и аналитички способности, јер после 5 години откако државата остана да виси на конец он сега свати што се случувало.
Тоа покажува дека нема политички сенс и дека тоа што сега се случува он за 5 години од сега ќе го разбере
 
M

Macedon1um

Гостин

По што заклучи ти дека он имал преслаби политички и аналитички способности ? По тоа оти на прашање одговорил дека најголема грешка на Грујо е што не уапси одма Заев ? Како ги поврза овие две работи само ти си знаеш, ми изгледаш како еден од оние што немаат за што да му замерат па пишуваат за неговата коса
На Апасиев дамка му е само учеството во СЈО како советник, ама со оглед дека брзо се откажал (4-5 месеци) разбрал каква е работава простено му е
 
Последно уредено:
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.792
Поени од реакции
3.865
По што заклучи ти дека он имал преслаби политички и аналитички способности ? По тоа оти на прашање одговорил дека најголема грешка на Грујо е што не уапси одма Заев ? Како ги поврза овие две работи само ти си знаеш, ми изгледаш како еден од оние што немаат за што да му замерат па пишуваат за неговата коса
На Апасиев дамка му е само учеството во СЈО како советник, ама со оглед дека брзо се откажал (4-5 месеци) разбрал каква е работава простено му е
А по што ти заклучи дека има јаки политички и аналитички способности?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom