@Генерал од недостиг на средства го изолирал само едниот зид за да на старо лице помогне е за секоја пофалба.
За останатото немал средства но ме натера на размислување дали може некако да му помогнеме за останатиот дел? Не само нему ...
Пример кога веќе тука се присатни и голем дел фирми дилери монтери и обични корисници, една иницијатива да на Xчлен кој колку може финансиски, да му донираме средства кој колку може нели да се помогне да ја доизолира фасадата,као некој фонд да се отвори и колку кој може да се помогне.
Убава идеја, јас исто би учествувал ако на некој се договориме да помагаме со работна рака или финансиски средства (колку ќе можам во тој момент). Ти благодарам Стрелец во секој случај што размислуваш на тој начин и ја даде идејата.
Во однос на собирање средства лично за мене т.е. мојата ситуација со изолирањето, нема да има воопшто потреба бидејќи поголем дел од материјалот (лепак, стиропор) го имам, единствено што ме спречи да работам беа временските услови (залади и веќе не сакав да ризикувам со правење на другиот ѕид).
Лесно ќе ги дособерам средствата до на пролет (веќе и нешто имам заштедено) за да го изолирам и др дел што остана кај мене, но стојам на располагање за помош ако треба некаде на друго место.
Не сум мајстор и не работам брзо, но еве досега добро ми одеше како за некој кој прв пат се среќава со ваква проблематика.
Другарче ми позајми скеле, го наместивме заедно и ми помогна на почеток да ми посочи како да одам натаму со работата. Да не беше тој немаше да направам ништо сам бидејќи немав скеле, ниту искуство, доста совети ми даде, ми покажа како да почнам + од на комшијата навесот (покриениот дел) ги пресечи гредите кои беа залепени до ѕидот за непречено да можам да работам кај немалтерениот дел од ѕидот.
Ништо во животот не биднува без луѓе и без пари. Јас сум благодарен на другарот кој ми помогна па во текот на оваа недела чекам плата и во план ми е да му купам алат што тој го немаше. Сакам да му изразам благодарност на тој начин. Иако скромно сепак ќе му користи бидејќи самиот тој фаќа доста работи и по дома и кај др луѓе.
Стојам на располагање ако правите некаква акција да му помогнеме некому со изолација и сл.