Влада на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Darling
  • Време на започнување Време на започнување
Не дека не знаевме, али еве веста доаѓа од провладин медиум, така да можеме слободно да си честитаме :)

FB-IMG-1607359908204.jpg
 
Ова ЕЕЗ што е всушност ?
ЕУ минус било каков политички фактор туку чисто економски ? ЕУ ќе ги одредува одредените закони што мора сите членови на ЕЕЗ да ги исполнат ?
Нешто како Исланд/Норвешка ?
 
Ова ЕЕЗ што е всушност ?
ЕУ минус било каков политички фактор туку чисто економски ? ЕУ ќе ги одредува одредените закони што мора сите членови на ЕЕЗ да ги исполнат ?
Нешто како Исланд/Норвешка ?
Planot na Makron vo praksa, za postoenje na Evropa so 4 brzini( ili 6 po Merkel)
Vo poslednata grupa vo koja ke bidime nie i drugi državi kako Turcija ke imaat samo bliski ekonomski vrski, no ne i polnopravno členstvo

Pobaraj za ova vo temata za ,,slučuvanjata vo RM,, go imam ova poopsirno elaborirano so linkovi od Izjavi na Makron i Merkel
 
Не е подобро во овој меѓупериод да не сме само кандидат туку и членка на ЕЕА?
Ако има гаранција дека е меѓупериод, да. Ама тоа што нашиов државен врв се плаши е дека ова ќе им го дадат како утешна награда за послушноста досега, и ќе им речат сега не не замарајте некое време, имаме други проблеми.
 
Прво беше зоки датумо, сега е зоки ветото или зоки рецесијата.
 
ама пендрековски им се закани со план Б
...Пендаровски исто така предупреди дека други глобални сили се подготвени да ја пополнат празнината што ЕУ би ја оставила доколку не се заангажира за перспективата на регионот ...
незнам само што побргу ќе биде, дали брзиот пампур Пешта -Белград - Атина или каналот Дунав - Морава - Бело море..
Автоматски споено мислење:

Прво беше зоки датумо, сега е зоки ветото или зоки рецесијата.
најново ќе биде Датум за Вето :cool:
 
Одма можат да влезат кај алкаеда/исис/учк, коа на Заев грасот ќе се дрзнат да го крадат.
Али затоа кога регулар Џо ќе пријави у полиција дека некој од Арачиново му бара 1000 евра за да му ја врати колата, што вечерта му ја украл, од пред зграда, е тогаш викаат - Види, го знаеме ние него, али сеа не можеме ништо, плати му илјадарче најбоље.
 
Таман си мислиш човеколико суштство со толку слаба когнитивна способност освен нашиот премиер не постои, ето ти го нашиот претседател.

-Единствените зборови што сакам да ги слушнам до крајот на оваа година се дека конечно ќе се организира првата меѓувладина конференција, ние сменивме име, направиме промени што ниедна земја не ги направила, тоа беше огромна жртва од страна на оние на власт, и главен влог на мојата кампања, потсети Пендаровски.

На конференцијата учествуваше и министерката за ЕУ на Австрија, Каролин Етстадлер која порача дека ЕУ е моментално преоптоварена и со други теми како буџетот и Брегзит, и дека доколку нема преговори оваа година, треба да се биде трпелив до следната, иако, како што рече, ја разбира фрустрацијата.


Ало квислинзи, свесни сте што направивте?! Искоцкавте се што имавме а апсолутно ништо не добивме!
 
Јасно им е на нив колку е саат со ЕУ уште лани кога Франција ја тропна онаа неизводлива методологија од која не се излегува , ама па што е поентата на постоењето на државава , ако не е тоа бивање кандидат за членство во ЕУ.
Едноставно мантрата на ЕУ тука е премоќна, а јагмата што ја пружа на властите е прејака и затоа единствено што ни останува е ние да глумиме дека се интегрираме, а они да глумат дека примаат, како што во една прилика нагласи големиот Брајан Хој Ји, херојот на македонското граѓанство.
 

Не верувам дека воопшто им понудиле вакво нешто, да било така одма со две раце би прифатиле, членство во ЕЕЗ е како 70% членство во ЕУ. Поверојатно дека „понудата“ дошла од некој анонимен бриселски бирократ во стилот „не запнувајте со членство во ЕУ, може да средиме нешто евентуално, некогаш, не оваа среда-другиот петок потенцијално членство во ЕЕЗ“. Е тоа била понудата, исто како добиениот датум кој пет пати го добивавме во последните две години.
 
Не верувам дека воопшто им понудиле вакво нешто, да било така одма со две раце би прифатиле, членство во ЕЕЗ е како 70% членство во ЕУ. Поверојатно дека „понудата“ дошла од некој анонимен бриселски бирократ во стилот „не запнувајте со членство во ЕУ, може да средиме нешто евентуално, некогаш, не оваа среда-другиот петок потенцијално членство во ЕЕЗ“. Е тоа била понудата, исто како добиениот датум кој пет пати го добивавме во последните две години.
Дали под ЕЕЗ влегува слободно движење на труд? Ако влегува практично тоа е тоа и треба да сме будали ако го одбиеме.
 
Став на претседателот Пендаровски во врска со Европската економска зона

Во октомври 2019 година кога отварањето преговори со ЕУ за нашата земја беше одложено заради усвојување на новата методологија, во Брисел, неофицијално циркулираше идејата за алтернативно членство за државите од Западниот Балкан во Европската економска зона, се разбира, откако ќе ги исполнат потребните услови за тоа.
Ставот на претседателот Пендаровски и тогаш и сега беше дека никаква алтернатива на членство не треба да се прифаќа затоа што полноправното членство во ЕУ подразбира да сте дел и од заедничкиот европски пазар.
Меѓутоа, со цел да се оформи заеднички државен став во однос на изнесените идеи во Брисел, председателот Пендаровски, на 20 октомври 2019 година свика средба на претседателите на политичките партии од власта и од опозицијата кои имаат пратеници во Парламентот.
На средбата беше постигнат апсолутен консензус и од страна на сите лидери, вклучително и од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше поддржан ставот дека на Република Македонија и ѐ потребно членство во Европската Унија, а не учество во алтернативни облици на соработка со ЕУ, затоа што на земјата покрај економска интеграција и е потребна и политичка интеграција и усвојување на демократските стандарди и вредности– владеење на правото, независно судство и медиуми, човекови слободи и права.
Во таа насока, сите присутни заклучија дека не треба воопшто да се размислува за алтернативи, туку земјата треба да продолжи со засилено темпо за реализирање на стратешката цел – полноправно членство во Европската Унија, соопштија од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.
 
Дали под ЕЕЗ влегува слободно движење на труд? Ако влегува практично тоа е тоа и треба да сме будали ако го одбиеме.

Колку што мене ми е познато влегува и тоа, четирите слободи важат и за ЕЕЗ- капитал, луѓе, услуги и добра.
Автоматски споено мислење:

во Брисел, неофицијално циркулираше

Ете, тоа е тоа, ебати предлогот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom