Фан Клуб: Челзи

Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260

Како мрсули ги фрла. Ќе почнам и јас како фановите на Арсенал со Вилшер, пред многу, многу години овде.

И во Виган имаше одлична позајмица на 18 години, лани сите видовме на 19 колку може и покрај очигледните и нормални слабости со оглед на возраста, ама сезонава во двете фази од играта прогресира и на 20 години изгледа како скоро па готов производ. Не ебе жива сила. Еден од, ако не и најконстантниот наш фудбалер.
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
1.201
Поени од реакции
759
Жиру е клас пред сите во напад , и со Тотенхам да играше сигурно тоа што го промаши Абрахам едно сигурно би погодил Жиру .
Супер игра од Челзи се кледа дека има капацитет , сега најбитни со Евертон и Волвс , ако таму земат 6 бода , значи тимот созреал и може до прво место
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.889
Поени од реакции
67.520
Натпреваров на Тотенхем можеби ќе направи повеќе да го цените фактот дека Кејн и Сон не мрднаа против Челзи.
Арсенал не знаат кај тераат. Челси има напредок, ама Арсенал не се мерило за споредба.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Арсенал не знаат кај тераат. Челси има напредок, ама Арсенал не се мерило за споредба.
Овој дека во моментов. И во секој друг натпревар сезонава се надреални двајцата. Против Челзи не се видоа 90 минути, поради "погрешниот" пристап на Лампард.
 
Член од
14 мај 2019
Мислења
1.486
Поени од реакции
-759
Овој дека во моментов. И во секој друг натпревар сезонава се надреални двајцата. Против Челзи не се видоа 90 минути, поради "погрешниот" пристап на Лампард.
Istoto moze da se kaze i za Ziesh, Werner i Havertz na OT.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Овој дека во моментов. И во секој друг натпревар сезонава се надреални двајцата. Против Челзи не се видоа 90 минути, поради "погрешниот" пристап на Лампард.
Или поради тоа што Џејмс е карпа и не му даде да дише на Сон. Или поради тоа што Тотенхем на Стемфорд беше дојден исклучиво да се брани, па ако дојде прилика супер. Со Арсенал не играат офанзивно, ама поприлично работат на тоа да дојдат до ситуации како за првиот и вториот гол (контра и полуконтра).

Или пак, оценка за пристапот може да се огледа најдобро низ резултат и игра, а не низ неутрализирање на двајца квалитетни фудбалери.
Има варијации, сакам да речам.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Овој дека во моментов. И во секој друг натпревар сезонава се надреални двајцата. Против Челзи не се видоа 90 минути, поради "погрешниот" пристап на Лампард.
Па да.
Истото ќе се случеше и Челзи да напаѓаше.

Тотенхем дојдоа барајќи реми, а кога бараш реми...нема да се видат Кејн и Сон.

Затоа беше погрешен пристапот, бидејќи Кејн и Сон немаше да се видат и ако напаѓавме бидејќи Тотенхем имаа една единствена цел - одбрана.

Исто е ова како да кажеш "Еј Мурињо како ги затвори Челзи еј! Напаѓачите не им се видоа на натпреварот, а еве даваат 3+ голови редовно!"
...не, Мурињо не ги затвори Челзи, туку Челзи не сакаше да напаѓа.
Исто како то Тотенхем не сакаше да напаѓа.
Автоматски споено мислење:

Ете, ја се сложувам со Рик, ист пример ти е и тоа што го кажал.

Мислиш Оле мастерклас направи и ги затвори Зијех и компанија?
Или...........Челзи не сакаше да напаѓа?

Иста утакмица беше, само што малце пробавме со Тотенхем у второ, ама иначе..две екипи задоволни со реми,фала богу никој нема да се види.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Па да.
Истото ќе се случеше и Челзи да напаѓаше.

Тотенхем дојдоа барајќи реми, а кога бараш реми...нема да се видат Кејн и Сон.

Затоа беше погрешен пристапот, бидејќи Кејн и Сон немаше да се видат и ако напаѓавме бидејќи Тотенхем имаа една единствена цел - одбрана.

Исто е ова како да кажеш "Еј Мурињо како ги затвори Челзи еј! Напаѓачите не им се видоа на натпреварот, а еве даваат 3+ голови редовно!"
...не, Мурињо не ги затвори Челзи, туку Челзи не сакаше да напаѓа.
Исто како то Тотенхем не сакаше да напаѓа.
Значи ако напаѓаше Челзи и имаше простор за Кејн и Сон, немаше они да пробуваат и да успеат да дадат гол затоа што дошле за реми :D
 
B

Beginner

Гостин
Тери полни 40 денес, тие се легендите со Дрогба и Лампард заради нив најмногу почнав да навивам.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Зијех денес ќе го скенираат за да се види колку е сериозна повредата. Одои се повредил вчера на тренинг...

Ќе мора Вернер и Пулишич на крила.

Лампард потврди и дека Кепа ќе стартува.

И Били стартер.
 
Последно уредено:
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Имаме тројца напаѓачи со историја на повреди и склони на истите.
Ова е загрижувачки.

Во иднина мора да се обрне внимание на оваа ставка. Бидејќи постојано од некои играчи стравуваме дека ќе се повредат доколку некој ги погледне или се лизнат во туш кабина.
 
На Одои очигледно лошата повреда му направи проблеми. Од тогаш па наваму цело време е хамстринг...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom